Забава
Музичката ѕвезда Аделина Тахири стана заштитно лице на ОНЕ

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ и музичката ѕвезда Аделина Тахири потпишаа договор за соработка.
Во наредните година дена, ОНЕ и сė попопуларната Аделина, заеднички ќе работат на взаемна промоција на бредот ОНЕ и албанската поп музика во Македонија.
„Ние во ОНЕ секогаш сме знаеле да ги препознаеме вистинските ѕвезди, и оние со долгогодишна кариера, но и оние со голем потенцијал. Аделина е ѕвезда во подем чија кариера секојдневно расте. Нејзината музика и појава се синоним за модерна и урбана музичка ѕвезда, а сето тоа одлично се вклопува со нашиот бренд”, изјави Цирил Кафол, Генерален извршен директор на ОНЕ.
„За секој пејач е особено важно зад себе да има силен бренд кој го поддржува. Мене ми претставува огромна чест и задоволство што токму ОНЕ ќе биде мојот бренд партнер во наредната година. Се надевам на успешна и плодна соработка”, рече Аделина.
Во текот на 2013-2014 година, ОНЕ и Аделина ќе работат посветено, на сите љубители на албанската поп музика да им понудат атрактивни музички содржини и настани, а Аделина ќе се појави и во неколку рекламни кампањи на ОНЕ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ана Ивановиќ и Швајнштајгер ставија крај на бракот по девет години

Ана Ивановиќ и поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се разведоа по девет години брак, потврди адвокатот на познатата тенисерка во официјално соопштение.
Ивановиќ и Швајнштајгер беа еден од најпрепознатливите спортски парови благодарение на нивниот успех во тенисот и фудбалот, а се венчаа со големо медиумско внимание во Венеција во 2016 година.
Парот се запозна во 2014 година, додека поранешниот германски репрезентативец сè уште играше за Баерн Минхен.
Една година подоцна, Швајнштајгер се пресели во Манчестер Јунајтед, додека Ана полека ја завршуваше својата брилијантна тениска кариера.
Свадбата се одржа во јули 2016 година, а Ана, која беше запаметена по освојувањето на Ролан Гарос во 2008 година, се повлече од професионалниот тенис во декември истата година.
Ивановиќ и Швајнштајгер имаат три деца, а најмладиот син е роден пред помалку од две години. Нивните први два сина се викаат Лука и Леон, додека името на третото дете никогаш јавно не е откриено.
По неколку месеци шпекулации за состојбата на нивната врска, претставникот на Ана, Кристијан Шерц, објави дека двојката се разведува поради „непомирливи разлики“.
Како што објави БИЛД, адвокатот нагласи дека нема да има повеќе официјални изјави и побара од јавноста да ја почитува приватноста на двојката и нивните деца.
„Мејл Спорт“ објави во април дека двојката е во „длабока криза“ поради разлики во животниот стил, што врши притисок врз нивниот брак. Поради честите патувања поврзани со ангажманите на Швајнштајгер како фудбалски коментатор, Ана наводно поминувала повеќе време во Србија, каде што нејзиното семејство во Белград ѝ помагало да се грижи за децата.
Нивниот последен заеднички јавен настап беше на Лејвер Купот во септември минатата година во Берлин. Подоцна, тие објавија и заедничка фотографија од божиќниот панаѓур, но објавите на семејството на социјалните мрежи станаа ретки после тоа.
Во јуни, германските медиуми објавија дека Швајнштајгер е виден како се бакнува со наводна нова девојка, која, според таблоидите, ја запознал преку децата кои одат во исто училиште.
Жената, која германските медиуми ја именуваа само како „Силва“, е по потекло од Бугарија, а таа патуваше на Мајорка со Швајнштајгер, откако претходно престојуваа заедно во Мароко. Тие беа снимени и на плажа.
Во меѓувреме, Ана Ивановиќ беше во Лондон на Вимблдон.
Забава
Листа на најповолни европски дестинации за одмор

Објавена е листата на најповолни европски дестинации за одмор.
Турскиот Мармарис е на врвот на листата
Мармарис, популарно турско одморалиште на медитеранскиот брег, го победи бугарскиот Сончев Брег и ја освои титулата за најприфатлива дестинација за одмор во овогодинешниот извештај за семејни одмори на Post Office Family Holiday Report.
Градот со години е омилен меѓу британските туристи кои бараат поволни цени и е познат по своите песочни плажи, шармантниот стар град и живиот ноќен живот.
За да се утврдат најприфатливите европски дестинации, беа споредени цените на десет туристички артикли – вклучувајќи храна, крема за сончање и разни пијалоци.
За Мармарис, кој го освои првото место, вкупната цена на овие артикли беше 151,38 евра. Во ова одморалиште, можете да уживате во семеен оброк од три јадења, со вино, за само 79,40 евра. Цените на кафето се, исто така, прифатливи (2,36 евра).
Погледнете ја целосната листа на најприфатливите европски дестинации:
Мармарис (Турција)
Сани Бич (Бугарија)
Алгарве (Португалија)
Пафос (Кипар)
Ланзароте (Шпанија)
Коста дел Сол (Шпанија)
Крит (Грција)
Кос (Грција)
Родос (Грција)
Апулија (Италија)
Слиема (Малта)
Крф (Грција)
Фуншал (Португалија)
Пореч (Хрватска)
Мајорка (Шпанија)
Ибица (Шпанија)
Забава
(Фото) Светот сè повеќе зборува за неа: оваа спортска новинарка станува сè попопуларна

Младата и сè попопуларна спортска новинарка и коментаторка Грејс Хејден сè повеќе го привлекува вниманието на медиумскиот свет, и тоа не само поради нејзиното познато презиме.
Ќерката на австралиската легенда на крикетот, Метју Хејден, неодамна зборуваше за предизвиците со кои се соочува – етикетата „nepo baby“ (дете на јавна личност која станала позната благодарение на своите родители) и нагласи дека нејзиниот успех не е резултат на семејни врски, туку на посветеност и автентична љубов кон спортот.
„Во повеќето случаи мора да работите понапорно за да си докажете дека вредите“, изјави 23-годишната Грејс Хејден за „Сандеј Телеграф“.
„Благодарна сум и свесна за привилегијата во која се родив, но зад сето тоа стои вистинска страст и љубов кон крикетот – не можам да замислам ништо друго освен тој спорт.“
Иако не ја искористи славата на нејзиниот татко како појдовна точка, Грејс Хајден отворено признава дека тој е нејзин најголем поддржувач.
„Тој секогаш е воодушевен од моите успеси и заедно се смееме на моите грешки.“
Откако неодамна известуваше од турнир во Индија, кој ѝ донесе меѓународно признание, Грејс Хејден се подготвува да ја освои Америка.
Како водителка на новиот неделен подкаст „Game On With Grace“, таа ќе се обиде да го донесе крикетот до пошироката американска публика преку интересни приказни, интервјуа и гости.
Иако крикетот во Соединетите Американски Држави не успеа да најде поширока публика, Грејс Хејден одлучи да донесе свеж, медиумски привлечен пристап што би можел да ги промени правилата на играта.
„Game On е емисија што ги открива нераскажаните спортски приказни“, рече таа.
Освен што гради успешна кариера, Грејс Хајден е и во среќна врска. Таа се гледа со Вилсон Стетам веќе неколку месеци.
Не се знае многу за младиот човек, но извори блиски до двојката откриваат дека тој е модел кој се движи во истите кругови како и Грејс. Двојката наводно ужива во секој заеднички момент, а својата интимност успешно ја чуваат подалеку од очите на јавноста.