Забава
Черчил и Сталин добрите односи ги развивале ‘под гас'
Неодамна објавените архивски документи покажуваат дека челниците на Велика Британија и на поранешниот Советски сојуз, Винстон Черчил и Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин, напредокот во односите меѓу двете сили го оствариле една московска ноќ во којашто добро се запиле, пишува BBC.
Односите меѓу британскиот премиер и советскиот диктатор во првите години од Втората Светска војна многу варираа, а вистинскиот однос меѓу двајцата се развил откако Черчил ја посетил Москва во август 1942 година.
Ниту таа средба не почнала со приближување, меѓутоа една вечер Черчил побарал состанок со Сталин во четири очи за конечно да остварат некаков напредок во меѓусебните односи. Бил повикан во просториите на Сталин околу 19 часот вечерта. Тогашниот функционер во британското министерство за надворешни работи Александар Кардоган им се придружил по полноќ и за средбата запишал: „Меѓу нив имаше маса преполна со храна од сите видови… и безбројни шишиња. Атмосферата беше весела како на венчавка“, иако Черчил се жалел на лесна главоболка.
Сталин пиел некој жесток пијалак, а Черчил кавкаско црно вино, пишува Кардоган. „Овие двајца големи луѓе навистина се ‘најдоа’ и почнаа да и почнаа добро да се согласува“, додава Кардоган.
Сталин инаку бил познат по големото гостопримство кое вклучувало големи количества алкохол и сакал да преговара со луѓе коишто можеле многу да испијат. “Винстон сигурно бил импресиониран, а се чини дека чувството било возвратено“, додава во белешката Кардоган и наведува дека двајцата големи лидери се раздвоиле во три часот следното утро./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.
Забава
Џорџ Клуни: Никогаш не сум се скарал со Амал
Џорџ Клуни откри дека никогаш не се скарале со неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал Клуни. Во интервју за „Си-би-ес њуз“ актерот рече дека тајната на нивниот хармоничен брак е во зрелоста и меѓусебната поддршка.
„Сите се сомневаат кога ќе кажам, но навистина никогаш не сме се скарале“, изјави Клуни, објаснувајќи дека со текот на годините престанал да се расправа за ситници. „Кога си млад, сакаш секогаш да бидеш во право. Денес, ако Амал сака да го обоиме ѕидот во црвено — едноставно не ми е важно,“ рече со насмевка.
Актерот додаде дека нивниот однос се темели на почит и разбирање, а не на натпревар. Клуни и Амал се запознале во 2013 година, се свршиле следната година и се венчале во Венеција во 2014 година. Денес се родители на близнаците Александар и Ела.
Забава
Кира Најтли призна: Славата по „Пиратите од Карибите“ беше толку тешка што доживеав нервен слом
Британската актерка Кира Најтли откри дека по улогата во филмската франшиза Пиратите од Карибите добила посттрауматско стресно нарушување (ПТСП). Огромната слава што ја стекнала на само 17 години, по првиот филм во 2003 година, ѝ предизвикала психички притисок и тешко се справувала со вниманието на јавноста.
На 22 години доживеала нервен слом, по што побарала стручна помош и направила едногодишна пауза од глумата. Денес, на 40 години, Најтли вели дека ужива во кариерата и во „многу помирно ниво на слава“.
Интересно, таа признала дека никогаш не го погледнала третиот дел од Пиратите од Карибите. Некои од своите други филмови, како „Всушност, љубов“ (Love Actually), ги гледала само еднаш – на премиерата пред повеќе од две децении.

