Забава
Нова метода на лондонската полиција против крадците
Лондонската полиција од ова лето почна да ги лови крадците со користење невидлива боја којашто го донесе и првиот „плен“ – 28-годишен провалник кој е осуден на доброволна работа и парична казна поради кражба од паркирано возило.
Станува збор за тоа што полицијата низ Лондон поставила возила коишто го бојадисуваат лицето на провалникот со зелена боја којашто станува видлив само под ултравиолетово светло.
Судот, така, утврдил дека Јафет Аскале е виновен за провалување во возило и кражба на предмети од него откако полицијата како доказ презентирала фотографии на коишто се гледа дека неговото лице е прекриено со боја и го казнил со 49 часа општествено полезна работа и 400 фунти глоба.
Лондонската полиција предупреди дека на целата територија на британската престолнина се разместени многу вакви стапици/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.
Забава
(Видео) Ники Минаж ја гаѓаа со шише, а нејзината реакција стана хит: раперката врати со иста мера
Ники Минаж во свој стил одговори на недоличното однесување на публиката.
На настапите се почесто се случува разни предмети да завршат на сцената, па многу музичари доживеале непријатност на концертот кога некој од публиката ќе ги фрли кон нив.
One of the Detroit Barbz almost got cussed tf out by Nicki for throwing a bracelet on stage.😩 #GagCityDetroit pic.twitter.com/Kv4q6ewEvX
— Chun-Li🪭 (@BadGirlChunLi) April 21, 2024
Во иста ситуација се најде и популарната Ники Минаж, кога еден од обожавателите фрли пластично шише кон раперката на нејзиниот настап.
Меѓутоа, пејачката навреме го забележа и се потргна, па шишето не ја удри, а потоа го зеде и го фрли кон него. Овој нејзин потег изненади многумина, а видеото од концертот стана вирално на социјалните мрежи.
Забава
Дуа Липа привлече внимание на забава во Њујорк: фустан со длабоко деколте и необичен изрез
Дуа Липа присуствуваше на синоќешната гала „Тајм 100“ во Њујорк, а ги привлече погледите во фустан на Шанел со необично деколте.
28-годишната британска кантавторка заслепуваше во скроен фустан на Шанел на галата „Тајм 100“ во Њујорк.
Белиот фустан од тантела беше извезен со кристали и цветни детали. Изгледот на Липа беше инспириран од колекцијата Métiers d’art 2023/24 на модната куќа.
Фустанот имаше и длабоко V-деколте и црна машна под која го истакна папокот со мал необичен исечок.
Носеше и неколку фенси дијамантски прстени, како и ѓердан што стигнуваше меѓу нејзиното деколте.
Нејзината црвена коса беше обликувана во „лесни бранови“, а изгледот го комплетираше со едноставна шминка.