Забава
Патриша Кронвел убедена дека го знае идентитетот на Џек Мевосек
Американската писателка на крими романи Патриша Корнвел тврди дека открила нови докази според коишто славниот лондонски сериски убиец Џек Мевосек бил познатиот британски сликар Волтер Ричард Сикерт, пишува британскиот весник The Telegraph.
Авторката Патриша Кронвел позната по серијалот во кој главен лик е форензичкиот патолог Кеј Скарпета наскоро планира да ги објави резултатите од своите 11-годишни истражувања кои укажуваа на Сикерт како еден од главните осомничени за бруталните убиства на проститутките во областа Вајтчепел во источен Лондон во втората половина од 1888 година.
Англискиот сликар Волтер Ричард Сикерт, живеел од 1860 до 1942 година, бил член на лондонското уметничко движење Камден Таун Груп и еден од највлијателните личности на британската уметничка авангарда во XX век. Покажувал голем интерес за Џек Мевосек и некои од неговите убиства му послужиле како инспирација. Теориите коишто го поврзуваат со злосторствата на Мевосек постојат одамна, а за тоа и самата Корнвел во 2002 година ја напиша книгата под наслов „Портрет на убиецот: Џек Мевосек – случајот затворен“.
Корнвел сега наведува дека утврдила дека водениот печат на писмата коишто наводно мистериозниот убиец ги испраќал на лондонската полиција е идентичен на оној од хартијата којашто ја користел познатиот сликар и печатар Сикерт.. Таа внимателно ги прочитала сите писма, коишто денес се чуваат во Националната архива во Кев, недалеку од Лондон. Верува, исто така, дека открила докази коишто Сикерт го поврзуваат со британското кралско семејство, што додава тежина на многуте шпекулации и теории за „кралскиот заговор“, чии поборници се многу теоретичари на заговорите.
Писателката соработувала со поранешниот офицер на Скотланд јард, Џон Гилберт Грив и потрошила милиони долари свои пари за откуп на 32 дела на Сикерт во обидот да пронајде решение на историската криминална мистерија во којашто брутално се распарчени пет лондонски проститутки.
„Чувствувам дека сум ја решила мистеријата. Верувам дека тоа бил Сикерт и убедена сум во тоа повеќе од кога и да е“, изјави 57-годишната писателка во разговорот за лондонскиот весник The London Evening Standard.
Меѓутоа, на прашањето дали некогаш ќе успее тоа и да го докаже, децидно одговара негативно. „Како и можеме? Доказите се само посредни,а единствено на што поп сиве овие години можеме да сметаме во научна смисла е форензичката анализа. Многу е тешко да се поверува дека појавата на идентичните водени печати на хартијата којашто ја користел Џек Мевосек и онаа што ја користел Сикерт е само случајна“, смета Корнвел, која има продадено повеќе од 100 милиони книги на различни светски јазици.
„Тоа покажува дека Сикерт ги напишал некои од писмата на Мевосек, но не докажува и дека тој е убиецот, што би можело да се покаже проблематично на суд“, додава Корнвел, и оценува дека идентитетот на Џек Мевосек, без оглед на сите докази, засекогаш ќе остане непознат./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

