Забава
Најстарата Перуанка првпат во 116 години побара социјална помош
Најстарата Перуанка која живее на Андите првпат во своите 116 години побарала финансиска помош од државата.
Филомена Таипе Мендоза родена на 20-ти декември 1897 година првпат сега се обратила до властите за да го оствари правото на социјална помош за повозрасните сиромашни жители на Перу.
Перуанското министерство за развој и социјална нега соопштило дека нејзините лични исправи покажуваат дека е родена пред 116 години. Таа сега ќе оствари право на помош во износ од 89 американски долари, како и право на бесплатна здравствена заштита.
Доколку нејзината возраст боде потврдена, ќе произлезе дека Мендоза е постара три месеца од Јапонката Мисако Окаве кој според Гинисовата книга на рекордите е во моментов најстариот човек на планетата.
„Мојата тајна на долговечноста е природната исхрана, отсекогаш јадам компир, козје месо, овчо млеко и сирење, и грав. Сѐ што готвам е од мојата градина и никогаш не сум се напила газиран пијалак од конзерва”, им изјавила на претставниците на министерството Филомена Таипе Мендоза која досега никогаш не го напуштила сиромашното село во Хуанкавелка.
„Имав многу тежок живот, станав вдовица со девет деца многу рано и тешко работев да ги прехранам. Само уште три се живи, изјавила Медоза додавајќи дека би сакала сѐ уште да ги имала забите.
Најстарата личност на планетата, Јапонката Мисао Окава на 5-ти март годинава го прослави својот 116 роденден, откако во јуни 2013 година беше официјално прогласена со соодветен сертификат од Групата за геронтолошки истражувања којашто ги следи лицата постари од 110 години и ја потврдува нивната возраст за Гинисовата книга на рекордите.
Мисао Окава е родена на 5-ти март во 1898 година, во семејството на сопственик на работилница за традиционално јапонско кимоно. Мајка е на три деца, од кои две се во добра здравствена состојба и самите се примери на долговечност навлегувајќи во деветтата деценија од животот.
Најстарата Европејка во моментов е Италијанката Ема Морано кој во ноември 2013 година наполни 114 години.
Најстарата личност, инаку, која кога и да е живеела на Земјата, официјално потврдено, е Французинката Жан Луиз Калман, која почина во 1997 година на возраст од 122 години.
Кон крајот на јули 2013 година, Јужноафриканската Република откри дека таму живее најстарата жена на светот, Н’кукутане Џохана Мазибуко којашто има 119 години, според фотокопијата од нејзината лична карта којашто на AFP му ја испратил новинар кој ја посетил во местото Клерксдорп, издадена 1986 година на која пишува дека е родена на 11-ти мај 1894 година.
Меѓутоа, кон средината на јануари 2013 година портпаролот на гувернерот на авганистанската покраина Вардак, и самиот внук, објави дека починала најстарата личност на планетата – Хасана којашто имала навршено 136 години од животот. Според другите роднини на починатата долговечна Авганистанка, претходно претставници на УНЕСКО ги земале личните информации за Хасана, но тоа не е резултирало со конкретни дејства или чекори за нејзино официјално прогласување за највозрасен жител на планетата.
Шефот на администрацијата на округот Пачирагам каде што била погребана Хасана, Малик Мохамад Аслам за агенцијата Pazhvak потврди дека починатата имала навршено 136 години од животот.
Најголем број лица со надминати 100 години се регистрирани во Јапонија (околу 51 илјади) и во САД (околу 53 илјади)./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

