Забава
Сините патки „изумираат“ – останале двајца геј-мажјаци
Вработените во засолништето за птици во Вест Сасекс се надеваа дека последната женка од сините патки во Велика Британија, Чери, ќе се пари со еден
Вработените во засолништето за птици во Вест Сасекс се надеваа дека последната женка од сините патки во Велика Британија, Чери, ќе се пари со еден од двајцата преостанати мажјаци, Бен или Џери.
Но, на огромно разочарување на еколозите, ниту еден од нив не „загризал“ на Чери. Меѓусебно го минуваат времето, игнорирајќи ја женката. Директорот на засолништето Пол Стивенс на почетокот беше многу разочаран од нивната полова ориентација, но на крајот сепак ги засакал такви, какви што се.
Посетителите на паркот мислат дека се сладок пар. Луѓе од целата земја доаѓаат за да ги видат. Немаат поим дека тоа е всушност геј пар.
Сините патки потекнуваат од Нов Зеланд, а споменатата тројка се единствените примероци во Велика Британија и затоа во паркот толку се надевале во подмладок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Златан Ибрахимовиќ на плажа во Дубаи покажа што сè умее со топката
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ објави видео од плажа во Дубаи на кое изведува фристајл трикови со топка.
Иако ја заврши кариерата, Ибрахимовиќ уште еднаш покажа дека е во врвна форма.
View this post on Instagram
Забава
Не е алкохол, ниту дрога: Пејачката Лили Ален призна зависност што малкумина ја очекуваа
Лили Ален откри дека се бори со зависност од компулсивно купување, поради што побарала стручна помош. За проблемот зборувала во подкастот Miss Me?, кој го води со пријателката од детството Миквита Оливер.
Пејачката изјави дека редовно оди на терапија и смета дека коренот на зависноста е поврзан со ниското самопочитување.
„Мислам дека се обидувам да се ослободам од парите затоа што мислам дека не ги заслужувам“, искрено признала.
Ален користи терапија наречена EMDR, за која вели дека ѝ го променила животот, но нагласува дека не е лекар и дека зборува само од лично искуство.
Според Кливленд клиник, EMDR терапијата помага мозокот повторно да ги обработи вознемирувачките искуства и да го продолжи природниот процес на заздравување.
depositphotos
Забава
„ГРИН-Џ – Winter Street Festival Caravan“ ја носи празничната магија во градовите во Македонија
Со весела атмосфера, зимскиот уличен фестивал „ГРИН-Џ – Winter Street Festival Caravan“ годинава започна со своето отворање во Битола и Делчево, означувајќи го почетокот на празничниот фестивалски караван која ќе патува низ повеќе градови низ државата од 20 до 30 декември.
Фестивалот е осмислен како подвижен, отворен и целосно бесплатен културно-забавен настан, кој ги активира јавните простори и ги претвора плоштадите, парковите и градските јадра во сцени за улична уметност, интеракција и семејна забава. „ГРИН-Џ“ носи празнична топлина и урбана енергија, создавајќи ново зимско искуство достапно за сите генерации.
По почетните настани, фестивалскиот караван продолжува од четврток, 25 декември, со својата програма низ повеќе општини и градови низ Македонија, сè до 30 декември. Во секоја локација, публиката ја очекува динамична програма, и вклучува улични уметници, акробати, жонглери, циркуски точки, пантомимичари, живи статуи, комичари, штулари, тематски костимирани ликови, улични музичари и интерактивни содржини за деца.
Распоред на „ГРИН-Џ – Winter Street Festival Caravan“
25 декември (четврток) • Општина Ѓорче Петров – 17:00–20:00 часот (Реонски парк)
26 декември (петок) • Ресен – 10:00–13:00 часот (Градски плоштад „Цар Самоил“) • Општина Ѓорче Петров – 17:00–20:00 часот (Реонски парк) • Струга – 17:00–20:00 часот (Плоштад)
27 декември (сабота) • Општина Ѓорче Петров – 10:00–13:00 часот (Реонски парк) • Веро Центар Скопје – 12:00–14:00 часот • Виница – 14:00–17:00 часот (Плоштад Ангел Винички) • Берово – 18:00–22:00 часот (Плоштад Димитар Беровски)
28 декември (недела) • Веро Центар Скопје – 12:00–14:00 часот • Прилеп – 13:00–17:00 часот (Плоштад) • Охрид – 18:00–22:00 часот (Плоштад)
29 декември (понеделник) • Крива Паланка – 12:00–14:00 часот (Плоштад) • Општина Центар – Дебар Маало (Боемска 1) – 13:00–16:00 часот
30 декември (вторник) • Крива Паланка – 11:00–13:00 часот (Плоштад) • Струмица – 14:30–18:00 часот (Плоштад)

