Забава
Зависниците од компјутери имаат потреба од психолози
Германските тинејџери се повеќе време поминуваат пред компјутерите, така што таквата страст може да се карактеризира како психолошка зависност
Германските тинејџери се повеќе време поминуваат пред компјутерите, така што таквата страст може да се карактеризира како психолошка зависност.
Истражувачкиот институт за криминологија во Хановер соопшти дека над 23 илјади тинејџери не можат да се ослободат од страста кон компјутерските игри без помош од психолозите.
Во истражувањето учество земале 44.610 ученици на возраст под 15 години. Експертите констатирале дека во последните четири години, значително се продолжило времето кое што германските тинејџери го поминуваат пред компјутерите.
Ако во 2005 година им биле доволни час и половина, денес тие, без да се тргнат од компјутерите поминуваат 130 минути дневно. За време на викендот, времето поминато пред компјутерите се зголемува, достигнувајќи од 140 до 170 минути.
Девојчињата посветуваат многу помалку време на компјутерските игри, за разлика од момчињата, но и тие во изминатите четири години започнале да поминуваат три пати повеќе време за разлика од порано.
Според експертите, особена опасност за децата претставуваат он лајн игрите. На прво место од списокот е „World of Warcraft“, која што ја играат над 11,5 милиони луѓе од целиот свет.
Директорот на Институтот за криминологија, Кристијан Пфајфер побара да се зголеми возрасната граница за пристап на децата со таквите игри од 12 на 18 години./крај/бгнес/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најсекси фотографиите од нејзината кариера: Хејли Бибер се соблече за „Вог“ и ги помести границите
Хејли Бибер ја краси насловната страница на новиот мартовски број на австралиското списание „Вог“, а за оваа пригода позираше во неколку луксузни креации од светски познати дизајнери, идеални за претстојната пролет.
Постојат три различни насловни страници, па Хејли е во едната фустан од Ив Сен Лоран, на другата акцентот е на впечатливи очила за сонце од Баленсијага, а на третата насловна страница носи розов капут од брендот Муглер.
Со оглед на тоа што Хејли Бибер е и моден инфлуенсер и трендсетер, а поседува и сопствен бренд за козметика Rhode, беше очекувано дека нејзините модни комбинации за едиторијалот ќе послужат како инспирација за многу дами за претстојниот период.
Познатата манекенка донесе различни стилови и впечатливи модни комбинации, меѓу кои некои се издвоија на прв поглед, оставајќи впечаток за нејзините најпредизвикувачки и најсмели изданија во нејзината кариера.
По палтото од вештачко крзно кое е апсолутен моден хит оваа сезона, таа носи само црни хеланки и има интересен детаљ на градите, додека на втората фотографија позира во смело елегантно сако и необичен транспарентен фустан кој речиси ништо не покрива.
Позираше и во кожна јакна и гаќички, но и во црвен градник од чипка. На едната од фотографиите беше уште похрабра – додека позираше во црн долг фустан, нејзиниот гол задник е во преден план, додека на другата е покриен само со голема црна сатенска машна.
Забава
Дејвид Гета (58) го доби четвртото дете
Дејвид Гета го пречека своето четврто дете. Познатиот 58-годишен француски диџеј и неговата 34-годишна девојка Џесика Ледон го пречекаа своето второ заедничко дете, синот Скајлер, а веста ја објавија на Инстаграм.
Двојката веќе има син, Сијан, а Гета е и татко на 22-годишниот Тим Елвис и 18-годишната Анџи од бракот со поранешната сопруга Кети.
Во заедничка објава, која беше споделена и на профилот на Џесика Ледон, тие напишаа: „Добредојде на овој свет, Скајлер ❤️ Најубавата тајна што некогаш сме ја чувале“.
На една фотографија се гледа нивниот син Сијан, кој наскоро ќе наполни две години, како ѕирка во креветчето каде што спие Скајлер. Гета објави и кратко видео во кое новороденчето спие на гради. „Ова мало спие на моите гради“, рече тој, додавајќи: „Шшш“.
Голем број познати личности брзо одговорија во коментарите. „Честитки“, напиша Џенифер Лопез, а Иванка Трамп рече: „Толку сум среќна за вас! Честитки Дејвид и Џесика!“
И колегите диџеи исто така им честитаа – Тиесто напиша: „Честитки, брате“, а Армин Ван Бурен: „Честитки, човече“. Пејачот на Каскада додаде: „О, честитки и целата среќа на светот“.
Дејвид Гета и Џесика Ледон првпат се запознаа во 2015 година. Се вели дека се разделиле во 2022 година, но повторно се зближиле следната година. Во март 2024 година, тие го добија својот прв син.
Забава
(Фото) Трикот за подолги нозе што го обожава Марго Роби: Се враќаме на трендот од 70-тите
Марго Роби често е инспирација за многу жени и секоја облека навистина ѝ стои совршено, па затоа едвај чекаме да видиме со какви нови работи ќе нè изненади и што ќе можеме да „употребиме“ за нашите комбинации.
Сведоци сме на големо враќање на 90-тите, особено кога станува збор за модата, но ова враќање не е ограничено само на модата, туку влијае и на нашите животи.
Марго Роби и Џенифер Лопез го вратија фокусот на широките фармерки што некогаш се носеа; модел што ја нагласува фигурата и ги издолжува нозете. И токму ова е трендот што ги одбележа 70-тите, а многу дами со задоволство се враќаат на него.
Во едно од своите изданија, Марго Роби носеше фармерки со висок струк, тесни на половината и широки ногавици под колената, и покажа дека овој ретро детаљ е сè уште меѓу најголемите трендови, и јасно е зошто.
Фармерките ги комбинираше со кратка јакна што подоцна ја соблече, со потпетици и трендовски елек, а одлично одат и со патики или други рамни чевли, како и со полежерни и елегантни парчиња.

