Контакт

Забава

Огладнел при бегството

Објавено пред

Полицијата во градот Форд Вејн, во американската сојузна држава Индијана соопшти дека на паркингот на ресторанот Тако Бел, го уапсила осомничениот

Полицијата во градот Форд Вејн, во американската сојузна држава Индијана соопшти дека на паркингот на ресторанот Тако Бел, го уапсила осомничениот дилер кој во текот на полициската потера по него, огладнел и запрел “да касне нешто“.

Портпаролот на полицијата Марк Валтер изјавил дека Џермен Аскиа Купер (36) скоро успеал да побегне на полициската потера, возејќи низ целиот град, додека не го фатила гладта и запрел во ресторанот каде што бил и уапсен.

Купер на полицијата и објаснил “дека знаел дека ќе заглави на подолго време во затвор“, поради што сакал да изеде уште еден бурито пред тоа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Елен Деџенерис со рекордно низок рејтинг

Објавено пред

Дневното ток-шоу на Елен Деџенерис има најнизок рејтинг на гледаност од своето постоење среде скандал кој открива недоличен однос кон вработените, расизам и сексуално вознемирување.

Шоуто на Елен стана предмет на официјална истрага по бројните тврдења на персоналот за навреди на работното место од страна на извршните продуценти.

Скандалот ја потона популарноста на емисијата на најниско ниво, објави The Wrap во вторникот, додавајќи дека гледаноста на дневното ток-шоу била намалена за 29 проценти во однос на истиот период минатата година, и девет проценти пониска од претходната недела.

Прикажи повеќе...

Забава

Kортни Кокс повторно ќе глуми во римејкот на „Врисок“

Објавено пред

Старото злато вреди, како што вели изреката, а хорор класикот „Врисок“ (Scream), кој помогна во оживувањето на хорор жанрот  и понатаму добро старее.

Оставината на „Гоустфејс“ сè уште е моќна. Затоа, не е ни чудо што „Спајглас медија груп“ сака  да му даде нов живот на серијалот со планови за римејк во најскоро можно време.

И додека филмот е подготвен да добие нов слој боја, се чини дека продуцентите ја фаворизираат оригиналната  актерската екипа која останува речиси иста. Два месеци откако објави дека ветеранот од серијалот Дејвид Аркет ќе глуми во римејкот, „Парамаунт пикчрс“ потврди дека Кортни Кокс ќе ја повтори нејзината улога како новинарка.

„Врисок 5“, ќе биде во режија на Мет Бетинели Олпин и Тајлер Џилет. Не се знае многу за деталите на сторијата, но филмот, наводно, ќе следи жена која се враќа во родниот град во обид да открие кој стои зад серија свирепи убиства.

Прикажи повеќе...

Забава

Шарлиз Терон: Стара сум за да живеам со маж

Објавено пред

Холивудската актерка Шарлиз Терон (44) неодамна јавно во интервју за странски медиуми призна дека можеби никогаш повеќе нема да живее со ниеден маж во време кога нејзиниот поранешен партнер Шон Пен (59) тајно се венча со 32 години помлада девојка.

Пред десет години Шарлиз ја прекина последната сериозна врска што ја имаше со ирскиот актер Стјуарт Таунсенд и откри дека живеењето со маж повеќе не е привлечно за неа, па рече:

„Не знам дали некогаш ќе можам да живеам со некого повторно. Искрено, тој некој ќе мора да купи куќа до мојата. Не знам дали ќе бидам способна за такво нешто и јас сум премногу стара за тоа“, изјави таа.

„Не ми недостигаат мажи, никогаш не сум се чувствувала осамена и не сум нервозна поради состаноците. Едноставно, нема простор за такво нешто во мојот живот во моментот, ќе беше тешко и да не бев самохрана мајка“, рече актерката и додаде:

„Уживам да одам на состаноци. Јас го правам она што веројатно го прават повеќето луѓе. Отворена сум и се забавувам. Јас можам да се допишувам со некого од забава, но не знам дали ќе завршиме во кревет. Не знам што ќе се случи“, објасни таа.

Од 2013 до 2015 година таа беше во врска со оскаровецот Шон Пен, кој наводно се венча со Лајла Џорџ (32) на тајна церемонија деновиве.

Иако се зборуваше дека Шарлиз е свршена со Шон и дека е љубовта на нејзиниот живот, актерката ја негира свршувачката:

„Тоа не е вистина, не. Излегувавме и тоа беше тоа. Никогаш не живеевме заедно и јас никогаш не би се согласила да се омажам за него“, заклучи Шарлиз.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците се преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии кои што разнесоа магацин и бројни објекти на пристаништето. Спасувачите...

Македонија18 минути

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и Влада која движи брзо напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет37 минути

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите коишто ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, додека над...

Македонија38 минути

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет1 час

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генерали на американската армија му пренеле дека експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет1 час

(Видео) Над 2.000 тони амониум нитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониум нитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика страотна...

Македонија12 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет13 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија17 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ18 часа

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија18 часа

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија19 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија19 часа

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија19 часа

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија20 часа

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија20 часа

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија20 часа

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет22 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион23 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ23 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Досие