Контакт

Забава

Министерка истепала претставник на локалната власт

Објавено пред

Непалската министерка за земјоделие и соработка го исплескала шефот на локалната самоуправа бидејќи се “осмелил“ по неа да испрати стар автомобил иако таа знаела дека имаат нови возила.Управата на локалната самоуправа во округот Тераи, на југот на Непал, затворена е..

dobivaj vesti na viber

Непалската министерка за земјоделие и соработка го исплескала шефот на локалната самоуправа бидејќи се “осмелил“ по неа да испрати стар автомобил иако таа знаела дека имаат нови возила. Управата на локалната самоуправа во округот Тераи, на југот на Непал, затворена е во знак на протест бидејќи министерката Карима Бегум го исплескала највисокиот локален претставник. Таа четири пати го удрила Дурга Прасада Бандари, бидејќи на аеродром по неа не испратил нов автомобил. Кога Бандари се побунил поради нејзиното однесување, таа го удрила уште еднаш и му ги скршила очилата. Освен скршените очила и “модрото око“, на Бандари тешко му настрадала и гордоста. Бандари изјавил дека бил шокиран од ударите што ги примил додека стоел во ред за да и посака добредојде на министерката. Бегум, пак, вели дека шефот на локалната самоуправа, со испраќањето на старото возило не и укажал достојно почитување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Шарлиз Терон призна: „Имав секс со 26-годишник, беше неверојатно“

Објавено пред

Актерката Шарлиз Терон отворено проговори за својот сексуален живот и за врската од една вечер, што ја имала со помлад маж.

dobivaj vesti na viber

Терон се појави во подкастот „Call Her Daddy“ каде што и кажа на водителката дека таа ноќ ќе ја памети долго време.

„Имав можеби три авантури за една ноќ во целиот мој живот, но неодамна имав секс со 26-годишник. Беше неверојатно. Никогаш порано не сум го направила тоа. Си реков: О, ова е одлично“, рече таа.

Шарлиз исто така рече дека стекнала новооткриена самодоверба кога станува збор за секс во последната деценија, но дека сè уште верува дека е „последната личност“ на која може да се обрати за совет за сексуални врски.

Прикажи повеќе...

Забава

Пејачката Данијела Мартиновиќ среќно вљубена во новиот партнер

Објавено пред

Од

Данијела Мартиновиќ објави фотографии со својот партнер Јосип Плавиќ на Инстаграм.

dobivaj vesti na viber

Таа стави емотикон во облик на срце во описот на објавата. Многумина напишаа во коментарите дека Данијела и Јосип се прекрасен пар и дека им посакуваат многу среќа.

Врската на Данијела и Јосип стана позната на почетокот на 2023 година. Данијела тогаш изјави дека го запознала Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел пријава за кражба на идентитет преку интернет во 2022 година. Полицијата брзо го решила случајот, а Данијела и Јосип продолжиле да се дружат. Сега градат куќа заедно.

Ова е првата јавна врска на Данијела Мартиновиќ откако ја заврши 24-годишната врска со Петар Грашo во 2021 година.

Јосип, патем, се врати на музиката на почетокот на минатата година. Тој ја напушти полицијата и повторно го обедини својот стар бенд Izvan zakona.

Прикажи повеќе...

Забава

Шест клучни совети што да преземете ако изгорите на сонце

Објавено пред

Колку и да сме внимателни, можно е да изгориме на сонце за време на престој на отворено, бидејќи многумина често забораваат да нанесат крема за сончање или прескокнуваат одредени делови од телото.

dobivaj vesti na viber

Затоа, доколку добиете изгореници од сонце, важно е да знаете како правилно да постапите во таа ситуација.

Основачот и директор на „Dr Medispa“, Мунир Сомџи, наведува дека, доколку дојдете до ваква состојба, најверојатно не сте ги следеле советите на дерматолозите. Во таа насока, тој споделува шест совети што мора да ги почитувате:

1. Користете ладна памучна крпа

Ставајте ладни памучни ткаенини или крпи врз изгорените делови од кожата за да ја смирите. Треба да биде чиста памучна крпа со пријатна, ладна температура, за да се намали површинската температура на кожата. Доктор Сомџи истакнува дека оваа метода помага кожата да се смири.

2. Избегнувајте активни состојки

Сомџи објаснува зошто не треба да се нанесуваат активни состојки на кожата по сериозни изгореници од сонце.

„Многу луѓе сакаат да користат производи со алое вера, дури и свежа алое вера, но тоа може да ја зголеми веројатноста за инфекција“, вели тој. Наместо тоа, препорачува производи базирани на церамиди кои содржат емолиенси, бидејќи помагаат кожата да омекне и да се смири.

Изберете состојки како глицерин, кои помагаат во хидратација и зајакнување на кожната бариера. Креми и лосиони со церамиди се одлични бидејќи создаваат заштитен слој што го спречува губењето на влага и видливи оштетувања.

3. Земете антихистаминици

Изгорениците од сонце често предизвикуваат оток, па земањето антихистаминици може да помогне да се смири воспалението и отокот на кожата.

4. Избегнувајте пилинг и лупење

Ако се обидувате да ги отстраните изгорениците со пилинг, тоа нема да помогне – напротив, може да ја иритира веќе оштетената кожа и да доведе до лузни или инфекции. Не ја допирајте ниту лупете кожата, бидејќи тоа само ќе ја влоши состојбата.

5. Држете се подалеку од сонце

Откако ќе добиете изгореници, важно е да му дадете време на телото да се опорави. Доктор Сомџи нагласува дека треба да го избегнувате сонцето во тој период.

„Дозволете ѝ на кожата да се опорави. Ѝ треба време за повторно да се врати во нормална состојба“, вели тој.

6. Користете крема со SPF

Во иднина, обидете се да се заштитите подобро. Националната здравствена служба (NHS) препорачува употреба на крема за сончање со заштитен фактор од најмалку SPF 30.

За најдобри резултати, кремата се нанесува на секои два часа, особено поради сушењето што го предизвикува сонцето. Изберете формула што е отпорна на вода ако се потите или влегувате во вода.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за превенирање на...

Топ33 минути

Уапсен полицаец од Гостивар: го украл накитот и парите запленети при претреси, кои требало да ги чува, приведен е и златар

Вчера во 17.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода полицискиот службеник, 51-годишниот Д.С. од Гостивар, поради...

Топ44 минути

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ1 час

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Топ2 часа

Се преврте возило со македонски регистарски таблички, загина сопатникот: тешка сообраќајна незгода во Србија

Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово. Како што објави српски „Блиц“,...

Македонија2 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување за 2,3 проценти во однос на претходната година. Според...

Регион2 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа4 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион5 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија5 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија5 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ16 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија17 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија18 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија19 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија21 час

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија23 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ24 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ1 ден

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...