Забава
Мона Лиза е автопортрет?
Најславното ренесансно дело од Леонардо Да Винчи би можело да биде автопортрет, претпоставуваат италијанските научници
Најславното ренесансно дело од Леонардо Да Винчи би можело да биде автопортрет, претпоставуваат италијанските научници.
Токму затоа планираат да ги ексхумираат посмртните останки на Да Винчи. Екипа од италијански историчари на уметност планира да понесе барање за откопување на телото на уметникот.
Ексхумирањето би требало да се случи на лето оваа година, и со реконструкцијата на неговиот череп би можеле да го споредат со тој на Мона Лиза.
Покрај реконструкцијата на черепот ќе се направи и споредба на ДНК анализата од неговите коски, за да се докаже дали луѓето кои тврдат дека се потомци на Да Винчи се навистина потомци на славниот сликар./крај/инд/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ана Ивановиќ поднела барање за развод од Бастијан Швајнштајгер
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ поднела барање за развод од поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер по девет години брак.
Германските медиуми објавија дека таа поднела тужба до Општинскиот суд во Минхен во ноември. Во јавноста, тие се сметаа за хармоничен пар, но нивната љубов заврши откако тој наводно ја изневери.
Списанието „Билд“ објави фотографии од него како прегрнува друга жена. Тие сè уште не го објавиле разводот. По распадот на нејзиниот брак, Ана Ивановиќ се фокусираше на работата.
Таа и Бастијан Швајнштајгер почнаа да се забавуваат во 2014 година. Една година подоцна потврдија дека се во врска, а во 2016 година се венчаа во Венеција. Имаат три сина: Лука, Леон и Тео.
Претходно, зборувајќи за својот брак, таа рече дека клучот е во комуникацијата и дека покрај љубовта, потребни се и почит, разбирање и подготвеност да се поддржувате еден со друг.
Забава
Пет намирници што треба да ги избегнувате во зима
Стручњаците наведуваат дека некои намирници не се добар избор во зимскиот период бидејќи не се во сезона, имаат послаб вкус и помалку хранливи материи.
Праски – летните се слатки и сочни, а зимските увезени и со слаб вкус. Наместо нив препорачливо е цитрусно овошје (портокали).
Грашок – пролетниот е сладок, а зимскиот брашнаст и без вкус. Најдобар избор е смрзнат грашок, берен во сезона.
Јагоди – зимските губат мирис, вкус и хранливи материи. Подобри се смрзнати шумски јагоди.
Домати – летниот е најквалитетен; зимскиот од ладилници има помалку свежина.
Боровинки – зимските се скапи, брзо се расипуваат и имаат помалку витамин Ц. Препорака е смрзнати боровинки, кои ги задржуваат антиоксидансите.
Забава
Четири хороскопски знаци ги очекува финансиско изненадување во декември, конечно ќе бидат наградени за трудот
Неколку хороскопски знаци во декември 2025 година можат да очекуваат професионално признание и подобра финансиска состојба – преку покачување, бонус или понуда за подобра работа.
Јарец
Годината ја поминале со дисциплина и одговорност, па во декември добиваат покачување или унапредување. Трудот конечно им се наградува.
Девица
Нивниот перфекционизам и внимателната работа добиваат признание. Во декември ги очекува пофалба од претпоставените и веројатно финансиска награда.
Шкорпија
Крајот на годината носи неочекувани можности – дополнителни проекти или премин на подобро платена позиција. Нивната тивка упорност доаѓа до израз.
Овен
Биле пострпливи од вообичаено и тоа им се исплаќа. Во декември следува изненадно покачување, бонус или нова одговорна улога. Одлучноста им е забележана и ценета.

