Контакт

Бизарно

Овчар во Херцеговина задави мечка

Објавено пред

Овчар од херцеговското село Врба кај Гацко во Босна и Херцеговина во петокот попладне задавил мечка која го нападнала додека чувал стадо овци, пишуваат во неделата локалните медиуми, наведувајќи дека 48-годишникот бил повреден но надвор од животна опасност.

Oвој несекојдневен настан се одиграл кога мечката влетала меѓу овците, по што овчарот со повици сакал да ја набрка но таа се свртела кон него.

Овчарот имал во појасот мала секира, но таа му испаднала. Во борбата мечката го гризнала на повеќе меса и го повредила со канџите. Овчарот Блажо Грковиќ успеал во еден момент да ја фати мечката за гркланот и покрај тоа што, како што рекол добивал силни удари со канџите успеал да ја задави.

„Во еден момент едната рака ми беше во канџите на мечката, а со другата го држев за гркланот додека не падна“, вели Грковиќ за весникот Глас Српске.

Според пишувањето на весникот, на телото од овчарот се видливи многу повреди од гризнувањата и од канџите на мечката, а како што рекле болничарите неговата облека била целата крвава со остатоци од кожа и човечко месо.

По борбата со мечката овчарот повикал свој роднина, а набрзо дошло и возило на брзата помош со кое бил префрлен во болницата во градот Фоча./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Четиригодишно дете за 2.618 долари нарачало лижавчиња со ликот на Сунѓерот Боб

Објавено пред

Четиригодишно дете од Њујорк направило голема сметка за семејството кога од „Амазон“ тајно нарачал лижавчиња во форма на цртаниот лик – Сунѓерот Боб, во вредност од 2.618 долари.

Ноа Брајант од Бруклин нарачал 51 пакет во кој имало 918 лижавчиња да бидат доставени до куќата на неговата тетка, објави „Гардијан“.

„Амазон“ најпрво соопшти дека нема да се откаже од нарачката, па затоа мајката на момчето, инаку студентка по социјални служби, Џенифер Брајант, треба да плати голема сума. Но, приказната добила среќен крај – од „Амазон“ рекле дека тие се во контакт со семејството Брајант и дека ќе донираат лижавчиња за локалната хуманитарна заедница.

Во меѓувреме, страницата „GoFundMe“ собра повеќе од 11.000 долари за да им помогне на момчето и на неговото семејство.

Мајката рекла дека сите дополнителни пари што ќе бидат собрани ќе се наменат за образованието на Ноа, кој има нарушување на аутистичниот спектар (АСД).

„ Како родител на дете кое има АСД, донацијата ќе биде наменета за неговото образование и дополнителна поддршка. Немаме зборови за да опишеме колку сме благодарни на вас, искрено”, напиша Џенифер Брајант на страницата „GoFundMe“.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Универзитетска библиотека затворена поради отровни пајаци

Објавено пред

Библиотека во студентска населба на Универзитетот во Мичиген е затворена, но не поради пандемијата на Ковид-19, туку поради закана од отровни пајаци.

Универзитетските власти неодамна, за време на рутинска проверка, откриле пајаци во подрумот и во оддалечените згради на студентската населба во Ен Арбор, кои ги нарекуваат медитерански пустиник, објави „Си-би-ес њуз“.

„Почна чистењето на деловите од кампусот, каде што се појавија пајаците“, изјавила портпаролката на универзитетот, Ким Брокхајзен, за Си-би-ес.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Разводнување на почвата – необичен феномен по земјотресот во Хрватска

Објавено пред

По земјотресот во Хрватска, беше снимен необичен феномен, при што земјата распука и почвата стана течна.

Разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди областа Петриња во Хрватска, а се почувствува и во соседните земји.

Покрај Петриња, кој е во урнатини, и Сисак беше оштетен од потресите во низа.

Вчера во тој град беше снимено видео што покажува необичен феномен на разводнување на почвата, што се случува за време на силни земјотреси, пренесува „Новости“.

На снимката може да се забележат исплашени мештани, кои стојат на отворено, додека во земјата се отвораат пукнатини под нивните нозе и почвата станува течна.

Иако на неупатените им се чини дека можеби се излеала канализацијата, всушност, механичките својства на почвата се менуваат, при што таа ја губи својата цврстина и станува течна.

Овој феномен настанува поради попуштање на сврзаноста меѓу честичките на почвата, а е предизвикан од зголемениот притисок предизвикан од земјотресот.

Феноменот е познат подолго време, особено неговиот негативен ефект, кога почвата целосно ги губи својата издржливост и капацитетот на носивост.

Во 1964 година, по земјотресите во Јапонија и на Алјаска, деструктивниот ефект бил забележан од сеизмолози и градежни инженери.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа29 минути

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа1 час

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ3 часа

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија4 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија4 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет6 часа

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија6 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет7 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија19 часа

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет19 часа

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ22 часа

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија1 ден

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија1 ден

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет1 ден

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа1 ден

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија1 ден

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет2 дена

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија2 дена

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Досие