Контакт

Екологија

Над 200 од насуканите китови на новозеландската плажа спасени со плимата

Објавено пред

Повеќе од 200-те китови кои останаа насукани на плажа во Нов Зеланд успеале да отпливаат назад кон отвореното море, соопшти во неделата новозеландското министерство за екологија откако неколку дена на плажата Фарвел Спит е забележано најголемото насукување во последните неколку децении.

Претходните денови беше објавено дека 600 единки од овој вид китови, кои се нарекуваа со повеќе називи како: пилоти, шареноглави, глобоцефали или црни делфини китови, се насукаа на брегот од новозеландскиот Јужен остров. Повеќето од животните угинаа, но волонтерите успеаја изминатите денови да спасат многу од несреќните животни.

„Вчера попладнето имаше уште 240 насукани китови и стравувавме дека нема да преживеат. Но тие самите се спасија, бидејќи дојде плимата па можеа да отпливаат“, изјави за Reuters во неделата Херб Кристоферс, портпарол на новозеландското министерство за екологија.

Насукувањето на плажата Фарвел Спит, околу 150 километри западно од туристичкото место Нелсон, беше второто според бројот на насукани китови кои досега е регистрирано на Нов Зеланд.

Првичните информации зборуваа дека на плажата имало насукани 400 китови, но според процени на некои експерти од Светскиот фонд за природата (WWF) за Associated Press нивната бројка се движела околу 600 животни и според нив волонтерите успеале да спасат над 100 китови.

Стотици волонтери деноноќно ги полеваа со вода за да ги ладат, очекувајќи ја плимата за китовите да можат повторно да се вратат во морето. За жал, меѓутоа, повеќето китови не успеале да се спасат.

Последните децении ова беше најголемото насукување на Нов Зеланд. Китовите редовно се насукуваат на плажата Фарвел Спит, каде последните десетина години имало најмалку девет насукувања на голем број китови.

Научниците засега не успеваат да ја објаснат причината за оваа појава, но претпоставуваат дека би можела да биде поврзана со конфигурацијата на подморјето во оваа област.

„Во Фарвел Спит постои големо количество песок и водата не е длабока. Кога китовите ќе навлезат таму, тешко го пронаоѓаат излезот“, вели Еднрју Ламасон, шеф на службата за зачувување на природната околина.

Китовите пилоти засега не се на листата загрозени животински видови, но сé уште малку се знае за нивната вкупна популација во водите околу Нов Зеланд./крај/мф/сн

Најново

Свет5 минути

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...

Спорт13 минути

Олимпијакос го отпушти Мендилибар

Фудбалскиот клуб Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и...

Регион14 минути

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син, кого го роди и...

Спорт18 минути

Зверев рутински до третото полуфинале на Ју-ес Опен

Германскиот тенисер Саша Зверев е последниот полуфиналист на Отвореното првенство на САД. Саша рутински го победи Холанѓанецот Ботик ван де...

Македонија38 минути

Сончево и топло, попладне со услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд

Времето денес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во...

Свет41 минута

Дали Епстин се плашел од Трамп? „Можеби сум сексуално опседнат со деца, но не сакам да умрам“

Поранешниот познаник на Доналд Трамп, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, наводно многу се плашел од Трамп и ги гледал неговите...

Свет49 минути

(Видео) Драматични снимки од руско елитно одморалиште: експлозии и пукање

Украинците нападнаа пристаниште во рускиот црноморски туристички град Сочи, потврдија тамошните власти. Сочи, познат како „втор главен град“ на Русија,...

Свет1 час

Трамп: Пречката за мир во Украина се двајца луѓе кои се мразат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека имал „одличен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела и дека...

Македонија1 час

Без струја делови од неколку скопски општини

Денеска (10.09.2026 година- Четврток ) поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат: –...