Контакт

Екологија

Екологија: Во Париз се бара историски договор за запирање на растот на температурата

Објавено пред

Светските челници покренуваат во понеделникот на најголемиот собир кога и да е организиран надвор од Обединетите нации, амбициозен обид да се запре порастот на температурата на планетата.

Челниците од речиси 150 земји и региони во светот на самитот во Париз ќе се обидат да се договорат за намалување на емисиите на штетните гасови како главен виновник за ефектот на стаклената градина и последично на тоа загревање на атмосферата и на самата планета со катастрофални последици, како што се топење на ледниците, зголемувањето на нивото на морињата, поплавите, сушите, загрозувањето на безбедноста на храната и достапноста до вода за пиење.

На отворањето на самитот учествуваа 150 шефови на држави или влади, меѓу нив и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, а главно е учеството на челниците САД, Кина, Индија и на земјите членките ЕУ, главните земји одговорни за најголемата емисија на штетните јаглеродни гасови, а по нивното заминување ќе останат 195 преговарачки тимови кои до 11-ти декември ќе бараат заеднички став.

По децениите тешки преговори кои неславно пропаднаа на самитот во Копенхаген во 2009 година, сега се оценува дека ставовите се блиски, но склопувањето на историскиот договор е далеку дека е сигурно обезбеден.

„Развиените земји мореа да ја преземат историската одговорност, тие со години емитуваа најмногу стакленички гасови, брозарстечките економии мореа да ја забрзаат својата енергетска транзиција, на земјите во развој мора да им се помогне во нивното прилагодување на климатските последици“, рече францускиот претседател Франсоа Оланд, отворајќи го собирот кој се одржува под извонредни безбедносни мерки по повеќе од две седмици од терористичките напади во француската престолнина во кои беа убиени 130 луѓе а повеќе до 350 беа ранети.

„Не можам да ја одвојам борбата против тероризмот од борбата против глобалното загревање. Тоа се два големи глобални предизвици со коишто мораме да се соочиме, бидејќи мораме на нашите деца да им оставиме повеќе отколку свет ослободен од теророт. Ние, исто така, им должиме планета заштитена од катастрофи“, порача Оланд.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ги повика светските челници на почетокот од двонеделната конференција да ја забрзаат акцијата за да се избегне опасното зголемување на температурата на Земјата. Рече дека ветувањата на повеќе од 180-те претставници на земји и региони за намалувањето на емисиите на стакленичките гасови е многу добар почеток, но дека тоа не е доволно за зауздување на глобалното затоплување на под 2 Целзиусови степени, што е лимит кој научниците велат дека може да ги спречи најголемите можни последици.

„Париз мора да стане решавачката пресвртница. Мораме да се движиме многу побрзо, да одиме многу подалеку, доколку сакаме да го ограничиме растот на глобалната температура на под 2 Целзиусови степени“, порача челникот на светската организација.

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот кинескиот колега Кси Џинпинг, кои се состана веќе претходно на маргините на климатскиот самит, ветија дека заедно ќе работат на климатскиот договор.

„Како две најголеми економии на светот и две држави со најголеми емисии на јаглерод, одлучни сме во тоа дека нашата одговорноста е да преземеме акција. Нашето водство по тоа прашање е апсолутно битно“, рече Обама.

Кина е најголемиот загадувал, одговорна за една четвртина од севкупната емисија на СО2, но вети силен ангажман во борбата против глобалното загревање. Истовремено нејзината индустрија е најголемиот потрошувач на јаглен, меѓутоа и првиот светски инвеститор во обновливите извори на енергија. Кина планира до 2030 година за 60 д 65 отсто да ја намали својата зависност од јагленот како извори на енергија.

САД се вториот најголем загадувач во светски рамки и планираат до 2025 година да ја намалат емисијата на стакленички гасови за 26 до 28 отсто. Европската унија на почетокот од март годинава понуди план за намалување на стакленичките гасови во однос на нивото од 1990 година, за најмалку 40 отсто до 2030 година.

Научниците предупредуваат а активистите и другите влијателни личности бараат и ги повикуваат политичарите на постигнување договор, бидејќи состојбата е алармантна. Велат дека политичарите мора да најдат заеднички јазик и да постигнат глобален договор за климата, со кој зголемувањето на температурата предизвикана со емисијата на стакленички гасови ќе го ограничи во скора иднина на помалку од 2 Целзиусови степена во однос на прединдустрискиот период./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

За две години, „Пепси“ ќе продава сокови само во рециклирана амбалажа

Објавено пред

Компанијата „Пепси“ одлучи да ја укине пластиката добиена од сурова нафта, која се користи за пакувањa и амбалажи, на девет пазари на Европската Унија до 2022 година.

Во иднина пакувањата што ги користи „Пепси“ ќе бидaт направени од рециклирана пластика, а компанијата ќе продолжи да работи на подобрување на моделот за повторна употреба на шишиња и други амбалажи, се вели во соопштението на производителот на сокови.

Се прецизира дека фабриките за пакување на „Пепси“ во Шпанија, Германија, Романија, Полска и во Грција ќе почнат да користат рециклирана амбалажа веќе в година, а погоните во Франција, Белгија, Велика Британија и во Луксембург ќе користат 20 проценти рециклирана пластика до 2022 година.

„Пепси“ проценува дека со префрлањето на 100 проценти рециклирана пластика годишно ќе се елиминираат повеќе од 70.000 тони отпаден полиетилен базиран на фосилни горива.

Прикажи повеќе...

Екологија

„Сименс“ и „Дојче бан“ развиваат возови на водород

Објавено пред

Германскиот индустриски гигант „Сименс“ и „Дојче бан“ почнаа со развој на возови со горивни ќелии и станици за полнење, кои ќе бидат тестирани во 2024 година како дел од планот за замена на дизел-моторите на германските железници.

Прототипот ќе го гради „Сименс“ и ќе се базира на електричниот вагон „Мирео плус“, кој ќе биде опремен со горивни ќелии за претворање на водородот и кислородот во електрична енергија, соопштија двете компании.

Извршниот директор на „Сименс мобилити“, Мајкл Питер, објасни дека возовите ќе комбинираат можност за напојување од три извори во модуларен систем – батерии, горивни ќелии и постјното надземно напојување, во зависност од тоа каде ќе сообраќаат.

Германската железничка компанија „Дојче бан“ сè уште нема електрифицирано 40 проценти од мрежата со вкупна должина од 33.000 километри, која ја користат 1.300 дизел-локомотиви.

„Нашите возови на погон на водород ќе може долгорочно да ги заменат дизел-возовите“, рече Питер.

Новиот прототип ќе се полни за 15 минути и ќе има опсег од 600 километри до следното полнење, како и максимална брзина од 160 километри на час.

Локомотивите ќе бидат тестирани на линиите помеѓу Тибинген, Хорб и Пфорцхајм во сојузната покраина Баден Виртемберг.

„Главниот целен пазар се регионалните мрежни оператори, кои обично имаат меѓу 10 и 50 возови“, објасни Питер.

„Гледаме пазарен потенцијал од 10.000 до 15.000 возови што треба да се заменат во Европа во следните 10-15 години, од кои 3.000 само во Германија“, додава тој.

Прикажи повеќе...

Екологија

Во Средоземното Море секоја година завршуваат над 200.000 тони пластика

Објавено пред

Повеќе од 200.000 тони пластика завршуваат во Средоземното Море секоја година, објави Меѓународниот сојуз за зачувување на природата (IUCN), со строго предупредување дека таа количина ќе се зголеми двојно до 2040 година доколку не се преземат драстични мерки.

Новиот извештај на IUCN со наслов „Медитеран: Море од пластика“, заснован на теренски студии, проценува дека 33 медитерански земји фрлаат 229.000 тони пластика годишно, што е количина поголема од онаа на 500 бродски транспортни контејнери.

Дури 94 проценти од пластиката завршува во морето како резултат на лошото управување со отпадoт и се таложи на морското дно во форма на микропластика или честички помали од пет милиметри.

IUCN проценува дека можеби 3,5 милиони тони пластика се насобрале во Медитеранот на овој начин.

„Загадувањето со пластика може долгорочно да им наштети на копнените и морските екосистеми и на биодиверзитетот. Морските животни може да се заплеткаат во пластичен отпад или да го проголтаат и на крајот да умрат од исцрпеност и глад. Покрај тоа, пластичниот отпад ослободува хемикалии во животната средина, кои може да бидат штетни за екосистемите и здравјето на луѓето, особено во полузатворено море како Средоземното“, рече Мина Епс, директорка на Глобалната поморска и поларна програма на IUCN.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија3 часа

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет6 часа

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија7 часа

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија8 часа

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ9 часа

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија10 часа

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија11 час

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија11 час

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет12 часа

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија13 часа

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Македонија13 часа

Пендаровски: Извештајот на ЕК претставува објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот...

Македонија14 часа

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на...

Спорт16 часа

Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира....

Македонија1 ден

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија1 ден

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија1 ден

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија1 ден

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија1 ден

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија1 ден

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Досие