Контакт

Екологија

Повеќе од 300 китови се насукаа во Патагонија

Објавено пред

Повеќе од триста мртви китови се пронајдени во непристапен фјорд во Патагонија, на крајниот југ од Чиле, што според научниците е едно од најголемиот масовен помор на китови досега.

„Тоа беше страшен призор, Никогаш не сум видела нешто слично“, изјави за AFP Врени Хаусеман, директорка на научниот институт Хуинај која учествуваше во експедицијата во која се пронајдени насуканите китови.,

Истражувачите ја организираа експедицијата откако во април во споменатата област на Чиле, околу 2..000 километри јужно од престолнината Сантјаго, пронајдоа триесетина мртви китови од заштитен вид.

Причините за масовното насукување, коешто може да биде едно од најголемите досега, наскоро ќе биде растолкувано во списанието National Geographic кое го финансираше снимањето од воздух. Списанието сега поседува снимки од 305 лешови и 32 скелети.

Научниците кои учествуваа во оваа експедиција истакнаа дека ниеден кит немал траги од повреди, што наведува на заклучокот дека причината за угинувањето на китовите е прекумерното количество алги микроскопски алги наречени „црвена плима“. Со оваа појава концентрацијата на токсични материи во водата станува смртоносна за морските животни.

Се претпоставува дека станува за вид чии примероци достигнуваат 19,5 метри во должина и тежина околу 50 тони.

Владата на Чиле, исто така, со помош научниците ги испитува околностите по откривањето на 337 останки на китовите во областа на заливот Пењас на Пацификот. Во средината на ноември, чилеанската Националната агенција за рибарство побара властите да го испитаат инцидентот.

Се очекува во јануари во заливот да биде испратена нова експедиција, која треба да утврди рочно за кој вид китови станува збор, и дали тој е на работ на изумирање./крај/мф/сн

Извор: AFP

Екологија

За две години, „Пепси“ ќе продава сокови само во рециклирана амбалажа

Објавено пред

Компанијата „Пепси“ одлучи да ја укине пластиката добиена од сурова нафта, која се користи за пакувањa и амбалажи, на девет пазари на Европската Унија до 2022 година.

Во иднина пакувањата што ги користи „Пепси“ ќе бидaт направени од рециклирана пластика, а компанијата ќе продолжи да работи на подобрување на моделот за повторна употреба на шишиња и други амбалажи, се вели во соопштението на производителот на сокови.

Се прецизира дека фабриките за пакување на „Пепси“ во Шпанија, Германија, Романија, Полска и во Грција ќе почнат да користат рециклирана амбалажа веќе в година, а погоните во Франција, Белгија, Велика Британија и во Луксембург ќе користат 20 проценти рециклирана пластика до 2022 година.

„Пепси“ проценува дека со префрлањето на 100 проценти рециклирана пластика годишно ќе се елиминираат повеќе од 70.000 тони отпаден полиетилен базиран на фосилни горива.

Прикажи повеќе...

Екологија

„Сименс“ и „Дојче бан“ развиваат возови на водород

Објавено пред

Германскиот индустриски гигант „Сименс“ и „Дојче бан“ почнаа со развој на возови со горивни ќелии и станици за полнење, кои ќе бидат тестирани во 2024 година како дел од планот за замена на дизел-моторите на германските железници.

Прототипот ќе го гради „Сименс“ и ќе се базира на електричниот вагон „Мирео плус“, кој ќе биде опремен со горивни ќелии за претворање на водородот и кислородот во електрична енергија, соопштија двете компании.

Извршниот директор на „Сименс мобилити“, Мајкл Питер, објасни дека возовите ќе комбинираат можност за напојување од три извори во модуларен систем – батерии, горивни ќелии и постјното надземно напојување, во зависност од тоа каде ќе сообраќаат.

Германската железничка компанија „Дојче бан“ сè уште нема електрифицирано 40 проценти од мрежата со вкупна должина од 33.000 километри, која ја користат 1.300 дизел-локомотиви.

„Нашите возови на погон на водород ќе може долгорочно да ги заменат дизел-возовите“, рече Питер.

Новиот прототип ќе се полни за 15 минути и ќе има опсег од 600 километри до следното полнење, како и максимална брзина од 160 километри на час.

Локомотивите ќе бидат тестирани на линиите помеѓу Тибинген, Хорб и Пфорцхајм во сојузната покраина Баден Виртемберг.

„Главниот целен пазар се регионалните мрежни оператори, кои обично имаат меѓу 10 и 50 возови“, објасни Питер.

„Гледаме пазарен потенцијал од 10.000 до 15.000 возови што треба да се заменат во Европа во следните 10-15 години, од кои 3.000 само во Германија“, додава тој.

Прикажи повеќе...

Екологија

Во Средоземното Море секоја година завршуваат над 200.000 тони пластика

Објавено пред

Повеќе од 200.000 тони пластика завршуваат во Средоземното Море секоја година, објави Меѓународниот сојуз за зачувување на природата (IUCN), со строго предупредување дека таа количина ќе се зголеми двојно до 2040 година доколку не се преземат драстични мерки.

Новиот извештај на IUCN со наслов „Медитеран: Море од пластика“, заснован на теренски студии, проценува дека 33 медитерански земји фрлаат 229.000 тони пластика годишно, што е количина поголема од онаа на 500 бродски транспортни контејнери.

Дури 94 проценти од пластиката завршува во морето како резултат на лошото управување со отпадoт и се таложи на морското дно во форма на микропластика или честички помали од пет милиметри.

IUCN проценува дека можеби 3,5 милиони тони пластика се насобрале во Медитеранот на овој начин.

„Загадувањето со пластика може долгорочно да им наштети на копнените и морските екосистеми и на биодиверзитетот. Морските животни може да се заплеткаат во пластичен отпад или да го проголтаат и на крајот да умрат од исцрпеност и глад. Покрај тоа, пластичниот отпад ослободува хемикалии во животната средина, кои може да бидат штетни за екосистемите и здравјето на луѓето, особено во полузатворено море како Средоземното“, рече Мина Епс, директорка на Глобалната поморска и поларна програма на IUCN.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Македонија2 часа

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Европа2 часа

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите...

Македонија3 часа

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија3 часа

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет5 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет5 часа

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија18 часа

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија20 часа

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија20 часа

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија22 часа

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија1 ден

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија1 ден

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет1 ден

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Свет1 ден

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија1 ден

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет1 ден

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт2 дена

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт2 дена

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт2 дена

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Досие