Контакт

Екологија

Нуркачите го чистеа Мавровското езеро

Објавено пред

Спелео нуркачкиот клуб „Врело“ заедно со членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ со подводна еколошка акција на езерото Маврово во саботата и во неделата продолжија со реализација на тековните проекти за чистење на речните и езерските сливови во Македонија.

Во оваа акција која се одвиваше на пределот на местото „Црн камен“ меѓу селата Леуново и Никифорово, нуркачите собраа и лоцираа повеќе десетици килограми пластичен и метален отпад како шишиња, пластични кеси, метални конзерви од пијалаци и храна, рибарски мрежи и многу друг ситен смет. Отпадоците беa изваденi од дното на езерото и предадени на тамошните институции за негово комплетно дислоцирање од мавровскиот предел.

 

Овој отпад го уништува животинскиот свет и флората на мавровското езерско корито па оттука и потребата за случување на ваквите акции- истакнаа нуркачите кои учествуваа во акцијата и додадоа дека акциите имаат за цел да ја разбудат еколошката свест на локалното население и туристите бидејќи во екот на туристичката сезона се очекува и поголема загаденост на речните сливови на поголемите туристички дестинации во Македонија. Со оваа акција нуркачите од „Врело“ и од „Акватек“ упатија апел и до своите колеги од останатите нуркачки клубови да се приклучат во понатамошните подводни чистења.

 

Поддршка на оваа акција дадоа и заменик- министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, Градоначалникот на општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Проектот за чистење на речните и езерските сливови на територијата низ државата е во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а за оваа година се планирани вкупно 10 вакви акции. Следни на агендата на нуркачките друштва се езерото Матка, Охридското, Преспанското и Дојранското езера./крај/мф/сн

 

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија

Eколозите порачуваат: 15% од територијата на државата треба да бидат заштитено подрачје

Објавено пред

Светскиот ден на животната средина 5 јуни е значаен меѓународен ден за подигнување на свеста за зачувување на животната средина и се одбележува од 1974 година.

Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) како и многу невладини организации, заедници и влади во повеќе од 150 држави во светот годинава овој ден го одбележуваат со различни онлајн настани под мотото „Време е за природата“ (#ForNature), a домаќин на официјалната манифестација годинава е Колумбија во соработка со Германија.

Годинава во фокусот е биодиверзитетот којшто бара итна заштита, но и е од витално значење за опстанокот на човекот.

Годинава сите случувања почнувајќи од масовните пожари во Австралија, Бразил и САД, па сè до наездата со скакулци во Источна Африка, а сега и глобалната пандемија со Ковид-19 – ја истакнуваат поврзаноста на човекот со природата и природните циклуси.

Македонското еколошко друштво (МЕД) се придружува кон овие пораки и потсетува дека биодиверзитетот во делови од земјава е исклучително важен за зачувување не само од аспект на национално богатство туку и заради неговото европско и светско значење.

Мрежата на заштитени подрачја вклучува 86 подрачја, на површина од 230,083 хектари или околу 8,9% од територијата на државата.

Според Стратегијата за биолошка разновидност 2018-2023 земјава треба да ја зголеми површината на заштитени подрачја до 15% и да се обезбеди нивно функционално поврзување како еколошка мрежа и да се воспостави ефективно управување со заштитените подрачја во соработка со локалните заедници.

„Здрава планета е основа за здраво општество и треба да извлечеме поука од оваа криза. Вештините кои ги стекнавме изминатите месеци за новите начини на комуникација и спроведување на работните обврски и штедливото користење на ресурсите се надевам ќе внесат нов фокус на нашиот живот свртен кон природата. Време е да се тргнеме од линеарниот економски модел кој е неодржлив со преголемо користење на ресурси и создавање преголеми количини отпад, и преку иновативни зелени бизниси да се преориентираме кон циркуларната економија – ќе користиме помалку ресурси и енергија и со тоа ќе го заштитиме нашето природно богатство“, изјави по повод Денот на животната средина, извршната директорка на МЕД, Робертина Брајаноска.

Животниот стил и технологијата имаат сериозни последици врз животната средина, затоа треба да размислиме како може да ја зачуваме животната средина и да го намалиме отпадот.

Според експертските проценки, на годишно ниво светот губи 27.000 видови, а доколку овој тренд продолжи, во следните 30 години би загубиле 25% од живите организми, односно, една четвртина од сиот жив свет на Земјата.

Прикажи повеќе...

Екологија

На секои шест секунди се уништува прашума со големина на фудбалско игралиште

Објавено пред

Минатата година огромни области прашума беа опажарени, а подрачје со големина на Швајцарија било исечено за да се направи пат за добиток и да се отвори простор за земјоделски површини, велат научниците.

Сателитски снимки покажуваат дека третина од загубите се на територијата на Бразил, додека ДР Конго и Индонезија се на второто и третото место, соопшти организацијата „Глобал форест воч“.

Минатата година биле уништени 38.000 квадратни километри дождовна шума, што е еквивалент на област колку едно фудбалското игралиште на секои шест секунди.

Вкупната површина на тропските шуми уништена од пожари и булдожери всушност лани била трипати поголема, но особено вредни се древните дождовни шуми, односно прашумите кои се создадени од природата и кои се развиваат без никакво влијание на цивилизацијата.

Тие досега беа незафатени од современиот развој и се засолниште за најразновиден животински свет на Земјата и во себе „придушуваат“ огромни количини јаглерод. Кога се палат овие шуми, јаглеродот бега во атмосферата како штетен јаглерод диоксид.

„Кога отсега натаму никој не би ги допирал, ќе бидат потребни децении, па дури и векови, овие шуми да се вратат во нивната првобитна состојба“, вели Микаела Вајс од „Глобал форест воч“.

Шумските пожари кои зафатија делови од Амазонија во Бразил ги наполнија насловните страници на светските медиуми минатата година, но тие не се главната причина за уништување на прашумата. Главен проблем е нелегалната сеча, најчесто во области населени со домородни народи.

Ова беше така пред бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, да објави ублажување на законите во овие, во нормални околности, заштитени подрачја, за да се олеснат комерцијалното рударство и земјоделството, како и експлоатацијата на нафта и гас. Сето ова може дополнително да го прошири уништувањето на шумите.

Прикажи повеќе...

Екологија

Откриена нова двојка од најзагрозениот вид мајмуни во светот

Објавено пред

Откривањето на нова двојка мајмуни од видот хајнански гибон дава надеж за опстанок на овој најредок вид  примати, кој се наоѓа на списокот на стоте најзагрозени видови и беше на работ на истребување.

Поради уништување на шумите и ловокрадството, овој вид мајмуни денес живее исклучиво во дел од шумата на кинескиот остров Хајнан.

Во педесеттите години на минатиот век во светот имало околу 2.000 од нив, но во текот на 70-тите тој број опаднал на само десет, пишува Би-би-си.

Според последниот попис, за трипати е зголемен бројот на хајнански гибони (Nomascus hainanus), што значи дека сега се 30, кои живеат во пет одделни групи.

Ваквото закрепнување на загрозениот вид е резултат на напорната работа на луѓето кои работат на проектот за зачувување на хајнанските гибони. Проектот го водат фармата Кадори и ботаничката градина во Хонгконг.

„Не можам ни да замислам како би изгледале шумите кога би ги изгубиле овие прекрасни животни и нивното убаво пеење“, вели Филип Ло, експерт за заштита на животните.

Познато е дека гибоните се движат многу грациозно низ крошните на дрвјата, испуштајќи гласни крикови за обележување на нивната територија. Возрасните гибони обично „пеат“ во двојки за време на зората, со што ги зајакнуваат своите врски.

Гибоните живеат во заедници или семејства кои обично се состојат од еден мажјак, две женки и нивното потомство. Откривањето на петтата двојка што е засебно семејство влева надеж дека овој вид примат нема да исчезне.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија4 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија5 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет6 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет6 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија6 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет6 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија6 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет6 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет7 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет7 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет18 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија1 ден

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија1 ден

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион1 ден

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија1 ден

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Досие