Контакт

Hitech

Самсунг ги претстави новите Галакси С8 и С8+ – паметни телефони за кои не постојат граници

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Самсунг Електроникс (Samsung ElectronicsCo. Ltd.) ги претстави пред светот Галакси С8 (Galaxy S8) и Галакси С8+(Galaxy S8+) уредите кои ги рушат традиционалните граници на паметните телефони со својот беспрекорен дизајн на хардверот и им нудат на корисниците нови начини за интеракција со својот телефон. Со лансирањето на голем број услуги и апликации, како и бескрајниот екран (Infinity Display) кој на корисниците им нуди целосно уживање при гледањето, новите Galaxy S8 и Galaxy S8+овозможуваат ново ниво на функционалност и практичност, отварајќи цела галаксија на можности.

 

“Samsung Galaxy S8 и S8+ воведуваат нова ера во дизајнот на паметни телефони и фантастични нови услуги, претставувајќи нови начини да се доживее светот. Galaxy S8 и S8+претставуваат исполнување на нашето ветување за повторно придобивање на довербата на корисниците. Овие телефони ги редефинираат сите можности кога станува збор за сигурноста и се пресврт во наследството на паметни телефони на Самсунг”, изјави ДЈ Кох (DJ Koh), претседател на бизнисот за мобилна комуникација при Самсунг Елекетроникс (Samsung Electronics).

 

Galaxy S8 продолжува со традицијата на Самсунг за креирање на неверојатни дизајни и функционални уреди. МоделотGalaxy S8 е достапен со големина од 5.8 инчи, додека Galaxy S8+ е достапен со големина од 6.2 инчи.Бескрајниот екран заедно со дизајнот кој овојпат ги изоставува рамките, заедно формираат рамна површина, без копчиња и остри рабови. Како резултат на супериорниот дизајн на корисниците им се овозможува прекрасно доживување при гледањето, без дистракции и олеснето извршување на повеќе задачи истовременото. Компактниот дизајн на Galaxy S8 овозможува удобна работа со една рака, а стаклото Corning® Gorilla® Glass 5 и од предната и од задната страна овозможува голема издржливост и висок квалитет.

 

Со континуираните иновации во дизајнот, Самсунг продолжува да обезбедува најсовремена технологија,омилена помеѓу корисниците, вклучувајќи:

 

  • Премиум Камера:Galaxy S8 и S8+се опремени со напреден 8MP F1.7 паметен автофокус на предна камера и 12MP F1.7 Dual Pixel на задна камера за најдобри фотографии во услови на слабо осветлување, најдобар зум и заштита од заматени фотографии и можност за нивна напредна обработка.
  • Моќни перформанси:Со моќните перформанси и можноста за поврзување, Galaxy S8 и S8+ се одликуваат со првиот чип од 10nm во оваа индустија, што овозможувапоголема ефикасност и брзина. Истотака се прилагодени за гигабајтна LTE и гигабајтна Wi-Fi мрежа, обезбедуваат поддршка од 1 Gbps, овозможувајќи им на корисниците брзо да ги превземат датотеките од Интернет, без разлика на нивната големина.
  • Неверојатна забава:Како прв мобилен уред со премиум Високо Динамички Опсег (HDR), Galaxy S8 и S8+овозможуваат да се гледаат истите живи бои и контрасти кои авторите на содржините посакуваат да ги видите гледајќи ги вашите омилени содржини. Покрај тоа, Galaxy S8и S8+ нудатнапредно ниво за гејминг доживувања со живописна и супериорна графичка технологија, како и пакет на игри со врвни наслови, вклучувајќи ги и игрите поддржани од Вулкан АПИ(Vulkan API).
  • Глобални стандарди во мобилната безбедност:Galaxy S8 и S8+ се базираат на Samsung Knox платформата. Покрај тоа, Galaxy S8 и S8+нудат широка палета на биометриски технологии вклучувајќи и скенер за отпечатоци од прст, скенер за зеницата на окото и фацијално распознавање,овозможувајќи им на корисниците можност да одберат безбеден ипроверен биометриски метод најсоодветен за нив.

Galaxy S8и Galaxy S8+ пристигнуваат со основни Galaxy функции, кои корисниците веќе ги обожаваат, како:

  • Отпорност на вода и прашина според стандардот на IP68
  • MicroSD поддршка од 256GB
  • Always onDisplayфункција
  • Способност за брзо и бежично полнење

 

Бигзби (Bixby) е интелигентен интерфејс кој ќе им помогне на корисниците да добијат повеќе од својот телефон. Со Бигзби копчето ќе можете лесно да пристапите до Бигзби и да дојдете до услугите и апликациите со едноставна гласовна команда, допир, визуелна или текстуална команда. По лансирањето, Бигзби гласовната функција ќе биде интегрирана со неколку вградени апликации и функции на Самсунг, вклучувајќи камера, контакти, галерија, пораки и опции.Во блиска иднина е планирано проширување на можностите за поголем број апликации од Самсунг и други производители.  Способноста на контекстуалната свест овозможува Бигзби да понуди помош која ќе биде прилагодена соодветно за секој корисник, базирајќи се на континуираното следење на интересите на своите корисници, ситуацијата во која се наоѓа корисникот и моменталната локација.

Корисниците истотака можат да купуват, бараат слики и детални информации од блиски места со помош на Бигзби технологијата за распознавање на слики. Со раст на екосистемот на Бигзби, тој ќе се поврзува со сè поголем број на уреди, апликации и услуги како сèприсутен интерфејс, кој ќе отвори нови можности и опции за поедноставен живот.

 

Galaxy S8 и Galaxy S8+овозможуваат напреден спектар на производи и услуги, унапредувајќи го искуството на употреба на двата уреданаизвонредна мобилна продуктивност и можност за поврзување.

 

Galaxy S8 и S8+ отклучуваат нов Gear VR помошен контролер, лансиран од Oculus. Овозможувајќи лесна контрола и навигација со една рака, контролерот обезбедува подобра интеракција при движење, кога ќе се пристапи до интерактивната VR содржина. Galaxy S8 и S8+ исто така ќе се поврзат и со новиот Gear 360 и ќе произведе видео снимки од 360 степени во 4k резолуција и фотографии од 15 MP.

 

Samsung DeX претставува уникатно решение со кое вашиот паметен телефон ќе се трансформира во десктоп уред, користејќи ја моќта на процесирање на Galaxy S8и Galaxy S8+ моделите, со цел овозможување на напредна продуктивност. Тој обезбедува безбедна употреба во десктоп средина. Со помош на Samsung DeXкорисниците лесно може да прикажат и да менуваат податоци на својот телефон, правејќи ја работата со паметниот телефон побрза и поефикасна.

 

Покрај тоа, со зголемување на бројот на “IoT“уреди кои ќе излезат на пазарот и усложнувањето на мрежата на поврзани уреди, Samsung Connectќе обезбеди поедноставно управување со паметните уреди. Samsung Connect им овозможува на корисниците лесно да ги активираат уредите кои се оспособени за работа во рамки на “IoT”, преку едноставен процес на конфигурирање во три потези, а со тоа им нуди можност да управуваат со сите поврзани уреди преку една интегрирана апликација.

Моделите Galaxy S8 и S8+пристигнуваат со збогатенаSamsung Health услуга, проширувајќи ја една од најкористените услуги на Самсунг, со преку 60 милиони активни корисници месечно и околу 11 милиони дневни корисници ширум светот. Samsung Health вклучува:теле-здравје (само во САД), персонално тренирање, социјални  способности кои ги редефинираат традиционалното здравје и кондиција.

 

Корисниците со Samsung Pay може да го остават својот физички паричник, претворајќи ги нивнитеGalaxy S8 и S8+во дигитални паричници кои може да ги користат речиси секаде каде би користеле кредитна или дебитна картичка. Со повеќе од 870 партнерства со банките ширум светот, Samsung Pay до денес има има испроцесирано повеќе од 240 милиони трансакции.

 

Новите слушалки со високи перформанси, во чија изработка учествувале и AKG од Harman, нудат аудио репродукција без компромис за ненадминливиот квалитет на звукот и се составен дел од секое пакуување. Овие слушалки овозможуваат удобно поставување во увото, обезбедувајќи поголемо пригушување на звуците од средината. Слушалките ќе бидат изработени од метални ткаенини кои спречуваат нивно заплеткување.

 

Моделите Galaxy S8 и S8+ ќе бидат достапни за продажба во Европа од 28-ми април 2017, а потрошувачите ќе може да одберат од богатата палета на бои, која ги опфаќа нијанските “полноќно црна“, “орхидеја сива“и “арктички сребрена“. Сите заинтересирани уште денес ќе бидат во можност да извршат пред-порачка кај операторите, како би можеле да го добијат својот паметен телефон, согласно моменталните залихи, пред почетокот на официјалната продажба./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

„Фејсбук“ тестира наплата за споделување линкови

Објавено пред

Фејсбук тестира систем кој би можел да им наплаќа на корисниците за споделување линкови преку интернет, потег што би можел да се покаже како дополнителен удар за медиумите и другите издавачи. Мета, сопственикот на социјалната мрежа, потврди дека спроведува „ограничен тест“ во кој корисниците без платена претплата Meta Verified, која започнува од 12 евра месечно, можат да објавуваат само два надворешни линка месечно, објавува The Guardian.

dobivaj vesti na viber

Што носи новиот тест?

Се чини дека тестот вклучува подмножество на Фејсбук страници и кориснички профили кои го користат „Професионален режим“, кој е дизајниран првенствено за креаторите на содржини да ги монетизираат своите објави. Иако медиумските организации сè уште не се директно вклучени во тестот, овој потег би можел силно да ги погоди бидејќи би можел да ги одврати нивните читатели од споделување содржина.

Издавачите веќе забележаа огромен пад на веб-сообраќајот по одлуката на Мета во 2023 година да ги деприоритизира вестите и да се префрли на прикажување видеа и вирална, кратка содржина.

Сообраќајот од Фејсбук кон страниците со вести се опоравува оваа година, но според некои мерења во 2024 се намалил за дури 50% за една година.

Цел да се поттикнат претплатите
Најновиот тест е дел од кампањата на Мета за охрабрување на корисниците на Фејсбук да се претплатат на нивната услуга Meta Verified, која чини од 12 до речиси 500 евра месечно по профил, во зависност од нивото на услугата. Претплатата нуди дополнителни функции на сметката и повисоко ниво на безбедност.

Во снимки што ги споделуваат корисниците, Фејсбук предупредува: „Почнувајќи од 16 декември, одредени профили на Фејсбук без Meta Verified ќе бидат ограничени на споделување на две органски [т.е. бесплатни] објави месечно. Претплатете се на Meta Verified за да споделувате повеќе линкови на Фејсбук, плус да добиете значка за верификација и дополнителни бенефиции.“

Стратешка промена на Мета
Дејвид Батл, основач на медиумската консултантска куќа DJB Strategies, рече дека Мета „намерно се повлекувала од вестите неколку години“.

„По повлекувањето од плаќање на издавачите и целосното блокирање на линковите за вести во Канада како одговор на регулативата, јасно стави до знаење дека вестите повеќе не се стратешки“, рече Батл.

„Овој последен експеримент – кој засега ги исклучува издавачите – го зајакнува поместувањето од бесплатната дистрибуција кон монетизација на досегот, бидејќи Мета се стреми да извлече поголема вредност од своите постари платформи. Ова може да биде поврзано со нејзиниот скап и широко признат погрешен чекор во метаверзумот, бидејќи сега ги удвојува своите напори за вештачка интелигенција“, додаде тој.

Портпаролот на Мета рече: „Ова е ограничен тест за да се разбере дали можноста за објавување зголемен број поврзани објави додава дополнителна вредност за претплатниците на Meta Verified“.

За потсетување, Мета во јануари изјави дека ќе „заземе поперсонализиран пристап кон политичката содржина, така што луѓето кои сакаат да видат повеќе од неа во своите канали можат да ја видат“.

Се чини дека овој потег доведе до повторно оживување на вестите, според анализата на Press Gazette и Similarweb. Еден од најголемите победници беше британскиот „Експрес“, чиј сообраќај од „Фејсбук“ порасна за 26% за една година, а во март, социјалната мрежа учествуваше со дури 75% од вкупниот сообраќај на социјалните медиуми.

Прикажи повеќе...

Hitech

Пет совети за да избегнете измама на интернет

Објавено пред

Не мора да бидете хакер за да останете безбедни на интернет. Само следете неколку едноставни совети што ќе ве направат побезбедни на интернет.

dobivaj vesti na viber

Сајтот Engadget подготви неколку совети, па затоа ги споделуваме овде. Лесни се за следење, а ќе бидете многу побезбедни онлајн.

1. Инсталирајте безбедносни ажурирања веднаш
Една од најважните работи што можете да ги направите за да ја осигурите вашата дигитална безбедност е да ги инсталирате сите софтверски ажурирања штом ќе станат достапни на вашите уреди. Кога ќе видите известување, не чекајте и стекнете навика веднаш да ја преземете ажурирањето.

Не сите ажурирања на софтверот се поврзани со безбедноста, но оние што се поврзани со безбедноста се вашата најдобра линија на одбрана од хакери. Кога програмерите ќе откријат пропуст што може да се искористи, тие објавуваат ажурирање за да го поправат.

Додека пропустот биде поправен, големи се шансите дека и хакерите ќе знаат за него, па изгубеното време значи дека би можеле да бидете следните што ќе бидат експлоатирани.

2. Користете силни лозинки
Слабите лозинки, кои лесно се погодуваат, се една од најчестите причини за протекување на податоци и напади од малициозен софтвер. Ако вашата лозинка е една од најчестите, напаѓачот би можел да ја погоди без никакви други информации. Ако е поврзана со вас – вашиот датум на раѓање или моминското презиме на вашата мајка – може да се погоди врз основа на информации што секој може да ги најде на интернет.

Дури и ако вашата лозинка е случаен низ од знаци, сепак може да се погоди ако е премногу кратка. Хакерите можат да користат програми за да ги погодат сите можни комбинации и да ја испробаат секоја од нив. Колку е подолга лозинката, толку е експоненцијално потешко да се погоди.

Ова значи дека ви се потребни лозинки кои се и долги и бесмислени. Можеби со право се жалите дека е тешко да се запомнат, но постојат апликации наречени менаџери за лозинки кои можат да го направат тоа за вас. Апликацијата или екстензијата на прелистувачот за управување со лозинки може да креира лозинки кога ви се потребни, да ги чува безбедно и автоматски да ги пополнува. Сè што треба да запомните е една главна лозинка што ги отклучува сите други.

3. Поставете двофакторска автентикација
Дури и најбезбедната лозинка може да биде компромитирана без ваша вина, како на пример ако е зачувана некриптирана и протечена при упад во податоци. Затоа помага двофакторската автентикација (2FA), позната и како повеќефакторска автентикација (MFA).

Веројатно веќе ја знаете 2FA како тој досаден дополнителен чекор што бара да посегнете по телефонот, но тоа не е единствениот начин. Многу апликации, вклучувајќи ги Google и Apple, сега ви дозволуваат да се најавите со лозинка.

Не само што не бараат да внесете код или лозинка, туку користат асиметрично енкрипција, споделувајќи ги акредитивите помеѓу вашиот уред и услугата што ги користи клучевите за пристап. Тоа е многу побрзо за вас и не остава ништо за кражба.

4. Направете резервна копија од сè
Ransomware и неговите „роднини“ се растечка индустрија во економијата на сајбер криминалот. Овие напади ги оштетуваат вашите датотеки или го блокираат вашиот пристап сè додека не платите откуп за да го вратите пристапот до вашите датотеки. Најлесниот начин да се спречи напад со ransomware или да се отстрани кој било друг вид малициозен софтвер од вашиот уред е да го вратите целиот систем од неодамнешна резервна копија (back-up).

За да бидете сигурни дека навистина имате резервна копија, експертите препорачуваат правило 3-2-1: три различни резервни копии, на два различни типа складирање, со барем една физички оддалечена од вашиот главен систем.

На пример, можете да имате една резервна копија на друг уред во вашиот дом, една во облакот и една на преносен хард диск.

5. Научете да препознавате социјален инженеринг

И покрај целиот технички жаргон што циркулира во светот на сајбер безбедноста, голем број измами и хакирање се вршат со користење на методи што би ги препознал измамник од 19 век. Измамниците се претставуваат како експерти или авторитетни фигури за да ја добијат вашата доверба и користат застрашувачки јазик за да го заобиколат вашето критичко размислување. Тајмери ​​за одбројување, емоционална манипулација и лажни идентитети се е тоа во нивниот арсенал.

Добар пример за ова е фишингот, процес во кој хакерите ве измамат доброволно да ги предадете вашите информации. Во овие случаи, на пример, напаѓачите се претставуваат како банка, кредитно биро или друга служба. Потоа може да побараат ваш ПИН или број на социјално осигурување со цел наводно „веднаш да решат неправилност со вашата сметка“.

Други вообичаени пристапи вклучуваат предупредување за казни за пребрзо возење што никогаш не сте ги направиле или испраќање сметки за претплати што никогаш не сте ги купиле.

Нападите од социјално инженерство постојано се развиваат, но тие често се потпираат на истите стратегии. Најдобриот начин да ги спречите е внимателно да размислите за секоја е-пошта или текстуална порака што ја добивате, а потоа темелно да ги истражите: добро погледнете ја е-поштата, проверете го дизајнот за да бидете сигурни дека испраќачот е оној што тврди дека е и запрашајте се – дали е можно пораката да е вистинска?

Прикажи повеќе...

Hitech

Ажурирајте го „Хром“ веднаш: откриена ранливост што хакерите веќе ја експлоатираат

Објавено пред

Google издаде итно предупредување до сите корисници на својот прелистувач Chrome откако беше потврдено дека веќе се во тек хакерски напади што ја експлоатираат новооткриената безбедносна ранливост.

dobivaj vesti na viber

Компанијата потврди во понеделникот: „Google е свесен дека постои експлоатација за CVE-2025-13223“. Ранливоста, откриена од сопствениот тим за анализа на закани на Google, бараше итен одговор и издавање ажурирање за сите корисници на десктоп компјутери, објавува Forbes.

Сериозноста на заканата беше дополнително нагласена од Агенцијата за сајбер безбедност и безбедност на инфраструктурата на САД (CISA), која им наложи на федералните вработени да ги ажурираат своите прелистувачи или да престанат да ги користат. CISA го додаде CVE-2025-13223 во својот каталог на познати експлоатации во среда и постави рок до 10 декември за ажурирање.

Иако наредбата на CISA формално се однесува само на федералните вработени, агенцијата нагласува дека нејзиниот мандат е „во корист на заедницата за сајбер безбедност и бранителите на мрежата – и да им помогне на секоја организација подобро да управува со ранливостите и да биде чекор пред заканите“. Затоа, сите корисници на Chrome треба да го сфатат ова предупредување исклучително сериозно и веднаш да ги ажурираат своите прелистувачи.

Што е ранливоста „Type Confusion“?
Станува збор за пропуст наречен „Type Confusion in V8“, кој влијае на JavaScript компонентата на Chrome. Иако Google не објави детали за самите напади, овие типови на пропусти би можеле да им дозволат на напаѓачите да го дестабилизираат системот, да извршат произволен код, да крадат податоци или да инсталираат малициозен софтвер на уредот на жртвата. Ваквите пропусти може да се комбинираат и со други пропусти за да се обезбеди почетна точка за влез во уред или мрежа.

Според Националниот институт за стандарди и технологија на САД (NIST), овој пропуст „во Google Chrome пред верзијата 142.0.7444.175 би можел потенцијално да му дозволи на оддалечениот напаѓач да ја искористи штетата на меморијата (heap corruption) преку специјално изработена HTML страница“. Ранливоста е оценета како висока сериозност.

Google, како и обично, објави дека „пристапот до деталите за грешките и линковите може да остане ограничен сè додека повеќето корисници не ажурираат со поправката“.

Како да го ажурирате Chrome?
Ажурирањето треба автоматски да се преземе на вашиот компјутер, но за да го инсталирате, треба да го рестартирате прелистувачот. По рестартирањето, сите ваши вообичаени прозорци и јазичиња ќе бидат обновени, освен оние отворени во инкогнито режим.

Новата, безбедна верзија на прелистувачот е 142.0.7444.175/.176 за Windows, 142.0.7444.176 за Mac и 142.0.7444.175 за Linux. Иако Google вели дека ажурирањето доаѓа „во наредните денови/недели“, се очекува дека веднаш ќе биде достапно за повеќето корисници.

Иако ваквите „нулти-ден“ недостатоци во Chrome станаа редовна појава, Google заслужува пофалби за брзината со која развива и дистрибуира безбедносни закрпи. На сите корисници им се препорачува да го ажурираат својот прелистувач штом ќе го забележат известувањето за рестартирање.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...

Македонија6 часа

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до...

Свет8 часа

Мерц му порача на Зеленски: Младите Украинци да ѝ служат на својата земја, а не да бегаат во Европа

Од Украина, меѓу другото, се очекува да создаде услови младите мажи да ѝ служат на безбедна и економски здрава Украина,...

Македонија9 часа

Променливо облачно време со дожд за Божик, на планините снег

Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во...

Свет10 часа

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...

Македонија10 часа

Денеска е Божик – денот на христовото раѓање

Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово –...

Европа20 часа

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...

Свет22 часа

Берни Сандерс: Шест причини зошто нападот на Трамп врз Венецуела е погрешен

Нападот на САД врз Венецуела во текот на викендот предизвика остри осуди од целиот свет, а критики беа упатени и...

Европа22 часа

(Видео) Маж избол до смрт кондуктер во Италија, па избегал со воз: во тек е масовна потрага по Хрват

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше избоден до смрт синоќа на главната железничка станица во Болоња. Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека...

Македонија1 ден

(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и...

Европа1 ден

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање,...

Македонија1 ден

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на...

Топ1 ден

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш....

Европа1 ден

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата...

Македонија1 ден

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест...

Топ1 ден

Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен...

Свет1 ден

(Видео) Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД

Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за...

Свет1 ден

(Видео) Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските...