Hitech
Статуи што зборуваат во Лондон
Американската уметница Колет Хилер им подари глас на статуите во Англија, така што пред 35 дела во Лондон и Манчестер неодамна постави бар кодови кои минувачите може да ги скенираат со нивните мобилни телефони, со што се активира телефонски повик.
Во снимената гласовна порака, често со шеговита содржина, статуата му се претставува на минувачот.
„Ало? Тука Викторија, англиската кралица која владееше 63 години, седум месеци и два дена. Но, добро, нема врска затоа што никој веќе не брои“, е содржината на пораката поставена на статуата на кралицата која најдолго владела во Англија, од 1837 до 1901 година.
Нејзината статуа се наоѓа во центарот на Лондон, а текстот го чита британската актерка Прунела Скејлс.
„Луѓето често минуваат покрај статуите незнаејќи зошто воопшто се поставени“, рекла Хилер.
Околу 11.000 луѓе веќе слушнале разни пораки на спомениците, а минувачите најмногу застанале пред статуите на Шерлок Холмс и Петар Пан.
Следното лето проектот „статуи што зборуваат“ ќе се реализира и во Чикаго.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
WhatsApp подготвува корисна промена
Повикувањето луѓе на WhatsApp ќе стане многу полесно.
WhatsApp развива нова функција која ќе ви овозможи да повикувате луѓе директно од апликацијата, без претходно да ги зачувате како контакти во вашиот телефон, објави веб-страницата WABetaInfo.
Како што е наведено, оваа функција е достапна за тестирање на оние кои ја имаат бета апликацијата за Android, верзија 2.24.9.28.
Најверојатно, додава WABetaInfo, интернет податоците ќе се користат за повикување на овој начин, што значи дека повиците ќе бидат поевтини отколку кога ќе повикате некого во странство користејќи го „традиционалниот“ метод.
Сè уште нема детали за тоа кога оваа функција би можела да биде достапна за корисниците ширум светот, но обично не треба многу време откога ќе се појави во бета верзија.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.
Hitech
Во Кина побарувачката за мобилни телефони на „Епл“ значително се намали, продажбата на „Хуавеј“ скокна за 70 отсто
Испораките на мобилни телефони на „Епл“ во Кина паднаа 19 отсто во првиот квартал, што ја одразува заканата за доминантната позиција на американскиот гигант во повисокиот сегмент по враќањето на „Хуавеј“ на пазарот, покажуваат податоците на пазарот. Уделот на „Епл“ на најголемиот пазар на паметни телефони во светот падна на 15,7 отсто во првиот квартал, од 19,7 отсто на почетокот на 2023 година. Ова го доведе американскиот гигант речиси на исто ниво со „Хуавеј“, чија продажба скокна 70 отсто, според истражувачката компанија Counterpoint.
„Виво“ ја презеде круната на „Епл“ како најголем продавач на паметни телефони во Кина. Американската компанија падна на третото место, зад „Хонор“, бренд на подостапни уреди. На четврто место е „Хуавеј“, чиј пазарен удел скокна од минатогодишните девет на 15,5 отсто.
„Враќањето на „Хуавеј“ на пазарот директно влијаеше на „Епл“ во премиум-сегментот. Треба да се додаде дека побарувачката за нови мобилни телефони на „Епл“ за замена на постарите модели беше малку придушена во споредба со претходните години“, рече аналитичарот на Counterpoint, Иван Лам, во соопштението за печатот.
Во меѓувреме, „Епл“ почна промотивни кампањи обидувајќи се да ги привлече потрошувачите со попусти, вклучувајќи субвенционирање одредени модели на „Ајфон“ до 1.300 јуани (168,29 евра).
Минатата недела „Хуавеј“ ѝ ја претстави на јавноста новата серија смартфони Pura 70. Во август минатата година, по долга пауза, ја лансираа серијата Mate 60, која некои аналитичари ја протолкуваа како триумф над американските санкции, врз основа на софистицирано домашно производство на чип.
Канадската истражувачка компанија TechInsights очекува Кинезите да купат повеќе од 50 милиони мобилни телефони оваа година, вклучително и 10 милиони од Huawei Pura 70. Тоа ќе го стави „Хуавеј“ на прво место, со пазарен удел од 19 отсто, што е повеќе од 12 отсто минатата година.
Во првиот квартал кинескиот пазар на паметни телефони порасна 1,5 отсто продолжувајќи го позитивниот тренд од крајот на 2023 година, според Counterpoint.