Контакт

Hitech

За Кинезите iPhone е закана за националната безбедност

Објавено пред

За кинеските државни медиуми паметниот телефон iPhone на американскиот технолошки гигант Apple е закана за националната безбедност, поради можноста на овој уред да ја следи и временски да ја одреди локацијата на корисникот.
 

dobivaj vesti na viber

За кинеските државни медиуми паметниот телефон iPhone на американскиот технолошки гигант Apple е закана за националната безбедност, поради можноста на овој уред да ја следи и временски да ја одреди локацијата на корисникот.

 

 

Во неодамнешниот извештај на кинеската државна телевизија CCTV беше критикувана функцијата кај уредите iPhone за „фреквентни локации“ којашто овозможува следење на корисникот и ги открива податоците за него. „Тоа се извонредно чувствително податоци“, изјавил кинески истражител во интервју за телевизијата. Доколку се добие пристап до податоците, би можела да се открие целокупната економска ситуација во државата, па дури и државни тајни, додал.

За овие кинески стравувања од Apple на прашање на агенцијата Reuters истакнуваат дека се посветени на заштитата на приватноста на своите корисници, како и дека единствените информации коишто се однесуваат на корисници или апаратите не се пренесуваат при користење на функцијата за локацијата. „Apple не ги следи локациите на корисниците, тоа никогаш не го правел, и не планира тоа кога и да е да го прави“, се истакнува во соопштението на компанијата. Креаторите на iPhone тврдат дека споменатата функција е наменета да му обезбеди на корисникот полезни информации за местата на коишто тој се наоѓа во дадениот момент.

Кинеските медиуми, инаку, често ја критикуваат компанијата Apple, особено дека обезбедува приватни податоци од корисниците на нејзините уреди за американските разузнавачки агенции, и бараат корпорацијата да биде повикана на одговорност.

Од Apple, меѓутоа, на овие обвинувања одговараат дека никогаш не работеле со ниту една разузнавачка служба на ниту една земја. „Исто така, никогаш не сме овозможиле пристап до податоците за нашите корисници. И никогаш нема да го сториме тоа“, истакнува американската компанија.

Калифорниската компанија којашто се најде на ударот на кинеските медиуми. Така, дејствувањето на Google во Кина беше во прекин повеќе од еден месец, бидејќи централното биро за јавни набавки го забрани употребувањето на оперативниот систем Windows 8 на Microsoft на новите компјутери што ги користат агенциите на кинеската влада.

И другите технолошки компании, како Cisco Systems и IBM имаат слични искуства во Кина. Некои аналитичари и компании тоа го нарекуваат „Сноуден ефект“, предизвикан од минатогодишните објавувања на разузнавачките податоци од поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (NSA) , Едвард Сноуден кој откри тајна програма за масивно следење на електронските комуникации на милиони луѓе во светот преку најголемите провајдери./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Претставничкиот дом на САД го забрани „Ватсап“ на службените уреди

Објавено пред

На помошниците во Конгресот на САД наводно им било кажано дека повеќе не можат да го користат WhatsApp  (Ватсап) на службени уреди. Главниот административен службеник на Претставничкиот дом (CAO) наводно во понеделникот го известил персоналот дека апликацијата – вклучувајќи ги мобилните, десктоп и веб верзиите – не е дозволена на уредите управувани од Претставничкиот дом.

dobivaj vesti na viber

„Канцеларијата за сајбер безбедност процени дека WhatsApp претставува висок ризик за корисниците поради недостаток на транспарентност во однос на заштитата на корисничките податоци, недостатокот на енкрипција на податоците во складиштето и потенцијалните безбедносни ризици поврзани со неговата употреба“, навел CAO во електронската пошта, според „Аксиос“

Microsoft Teams, Wickr, Signal, iMessage и FaceTime се наведени како прифатливи алтернативи. Вработените беа потсетени и да бидат претпазливи во врска со можни фишинг напади.

„Не се согласуваме со карактеризацијата што ја даде главниот административен службеник на Претставничкиот дом“, напиша портпаролот на Мета, Енди Стоун, на Network X.

„Знаеме дека членовите на Конгресот и нивните соработници го користат WhatsApp редовно и со нетрпение очекуваме да им дозволиме на членовите на Претставничкиот дом да го користат официјално, како што веќе прават нивните колеги од Сенатот. Пораките на WhatsApp се заштитени со енкрипција, што значи дека може да ги види само примателот, дури ни WhatsApp нема пристап. Тоа е повисоко ниво на безбедност отколку за повеќето апликации од списокот на CAO кои ја немаат оваа заштита“.

Оваа мерка доаѓа по ограничувањата за користење на други апликации кои беа оценети како ризични. Меѓу нив се ChatGPT, TikTok, DeepSeek и Microsoft Copilot.

Прикажи повеќе...

Hitech

Веројатно никогаш не сте слушнале за неа: најмладата светска милијардерка доаѓа од ВИ-светот

Објавено пред

Според „Форбс“, 30-годишната претприемачка од Силиконската долина и коосновач на Scale AI е најмладата милијардерка што сама го стекнала бизнисот.

dobivaj vesti na viber

Scale AI е американска компанија со седиште во Сан Франциско која развива и обезбедува решенија за забрзување на развојот на апликации базирани на вештачка интелигенција – за кои можеби никогаш не сте слушнале досега. Нивниот основен бизнис е управување со податоци и трансформација во висококвалитетни бази на податоци кои се клучни за обука и подобрување на моделите со вештачка интелигенција. Услугите на Scale AI ги користат големи технолошки компании како што се OpenAI, Meta, Microsoft и Nvidia, како и автомобилската индустрија, како и голем број владини и одбранбени институции на САД.

Компанијата, која постои девет години, моментално е во процес на собирање капитал и ќе им овозможи на своите рани сосопственици да ги продадат своите акции на надворешни инвеститори. Овој процес треба да биде завршен до 1 јуни и би можел да ја зголеми проценката на Scale AI на дури 25 милијарди долари, или 80% повеќе од вредноста постигната минатата година во мај, кога стартапот собра 1 милијарда долари инвестиции со проценка од 13,8 милијарди долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lucy Guo (@guoforit)

Новата рунда инвестиции во компанијата носи и големо зголемување на личното богатство на нејзините основачи, меѓу кои се издвојува Луси Гуо – американска претприемачка за која можеби исто така никогаш не сте слушнале досега. Таа учествуваше во основањето на Scale AI кога имаше само 22 години. Таа го лансираше стартапот заедно со Александар Ванг, сегашниот извршен директор, но поради меѓусебни несогласувања, ја напушти компанијата по само две години, задржувајќи околу 5% од сопственичкиот удел.

Со очекувана проценка од 25 милијарди долари, Гуо скокна на скалата на млади богати жени на првото место. На само 30 години и со богатство од 1,25 милијарди долари, таа се најде на врвот на листата на „Форбс“ на милијардери кои сами си го стекнале богатството. Така, таа ја „детронизираше“ музичарката Тејлор Свифт, која е пет години постара.

Откако ја напушти Scale AI, Гуо го основа својот фонд за ризичен капитал, Backend Capital, а во 2022 година ја лансираше платформата Passes, конкурент на OnlyFans и Patreon, која им овозможува на креаторите на содржини и познатите личности директно да комуницираат и да монетизираат односи со фановите. Passes досега собра околу 50 милиони долари инвестиции, во вредност од околу 150 милиони долари, па затоа нејзиното вкупно богатство, ако се вклучи и тој проект, е уште поголемо.

Прикажи повеќе...

Hitech

Која е Мира Мурати, Албанката што ја тресе Силиконската долина: Ја напушти „Опен АИ“, па создаде компанија

Објавено пред

Мира Мурати, поранешена главна технолошка директорка (СТО) на „Опен АИ“ и краткотраен в.д. извршен директор по соборувањето на Сем Алтман во 2023 година, повторно е во центарот на вниманието.

dobivaj vesti na viber

Триесет и шестгодишната девојка сега води своја сопствена стартап компанија за вештачка интелигенција – „Тинкинг Машинс Лаб“ – која планира да собере рекордни 2 милијарди долари основен капитал.

Стартапот е основан кон крајот на 2024 година, и додека малку се знае за неговите производи, Мурати неодамна откри дека развиваат модели со вештачка интелигенција фокусирани на соработка меѓу човекот и машината. Според „Бизнис Инсајдер“, оваа почетна рунда на финансирање може да биде најголема во историјата, а вредноста на стартапот се проценува на повеќе од 10 милијарди долари.

Патот од Албанија до врвот на светската технолошка сцена

Ермира „Мира“ Мурати е родена во албанскиот град Валона, а на 16-годишна возраст добила стипендија на колеџот Пирсон во Канада. Студиите ги продолжила во САД, каде што се стекнала со две дипломи – уметност на колеџот Колби и инженерство на колеџот Дартмут. Во раните фази од нејзината кариера, таа работела во Токио и Франција, а потоа како менаџер во „Тесла“, каде што учествуваше во развојот на „Модел Икс“

Помеѓу 2016 и 2018 година, таа работеше на развој на технологија за проширена реалност во „Лип Моушн“ (сега позната како „Ултралип“).

Улогата во развојот на „Чат ГПТ“ и драматичното заминување од „Опен АИ“

Мурати се приклучи на „Опен АИ“ во 2018 година како потпретседател за применета АИ технологија, а ќе стане CTO во 2022 година. Таа беше клучна фигура во развојот на „Чат ГПТ“, „Дал-Е“ и други напредни модели. По ненадејното соборување на Алтман кон крајот на 2023 година, таа накратко ја презема улогата на в.д. директор, но Алтман се враќа на позицијата по само една недела.

После тоа, Мурати се повеќе излегува во јавноста како заштитно лице на компанијата – таа учествуваше на презентацијата на моделот „Чат ГПТ 4-o“ и се појави на Мет Гала 2024 година, каде „Опен АИ“ претстави персонализиран четбот.

Таа е позната по нејзиниот повнимателен пристап кон развојот на вештачката интелигенција и нејзиното застапување за регулирање на оваа технологија.

„Не треба да се потпираме на саморегулација од страна на компаниите. Регулаторите мора да бидат вклучени“, рече таа во интервју за Тајм.

„Тинкинг Машинс Лаб“– мистериозна стартап компанија која регрутира поранешен персонал на „Опен АИ“

По напуштањето на „Опен АИ“ во септември 2024 година, Мурати ја основа „Тинкинг Машинс Лаб“, која излезе на берза во февруари 2025 година. Нејзините вработени вклучуваат голем број поранешни инженери од „Опен АИ“, „Мета“ и „Антропик“. Некои од креаторите на „Чат ГПТ“, како Џон Шулман и Барет Зоф, исто така се приклучија на тимот.

Визијата и инспирацијата на Мира Мурати

За приватниот живот на Мира Мурати се знае многу малку. На Канскиот филмски фестивал во 2024 година, таа сподели анегдота за тоа како нејзината мајка првпат го прашала „Чат ГПТ“ кога Мира ќе се омажи. Инспирацијата ја наоѓа во филмот „2001: Вселенска одисеја“ и поетската збирка на Рајнер Марија Рилке, додека како една од нејзините омилени песни ја наведува „Параноид Андроид“ на „Рејдиохед“

За Мурати, вештачката општа интелигенција која може да се прилагоди, да учи сама и да решава широк опсег на задачи – ја претставува последната и најважна технологија што ќе ја создаде човештвото. Како што вели таа, оваа визија е причината поради која дошла од „Тесла“, преку „Лип Моушн“, до „Опен АИ“ и сега до сопствен стартап за вештачка интелигенција.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Иран: Американските бомби сериозно го оштетија Фордоу

Американското бомбардирање на клучниот ирански нуклеарен објект Фордоу сериозно го оштети местото, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Араки,...

Македонија36 минути

Арсовска до амбасадорката Агелер: „Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции“

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи упати прашање до американската амбасадорка Анџела Агелер. „Добро утро Амбасадорке Агелер,...

Свет2 часа

(Видео) Силна бура во Сиднеј: урнати дрвја, повеќе од 35.000 домови без струја, откажани десетици летови

Силна бура го погоди Сиднеј втор ден по ред, соборувајќи дрвја, оставајќи илјадници домови без струја и принудувајќи ги домашните...

Свет2 часа

Трамп: Израел се согласи на условите за 60-дневно примирје во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот...

Европа2 часа

(Видео) Бомбардер Су-34 се урна во Русија

Руски борбен авион Су-34 се урна вчера за време на воена вежба во регионот Нижни Новгород, објави руската државна новинска...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова се сретна со шпанскиот премиер Педро Санчез

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севиља оствари средба со...

Топ16 часа

(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите...

Македонија18 часа

Филипче: Не е време за калкулации, ниту за ситнопартиски интереси, СДСМ останува силен промотор на европската идеја

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со еврокомесарката за проширување Марта Кос, изјави дека поддршката од Европската Унија за...

Македонија19 часа

Уписот во средно в година ќе биде подигитален од годинешниот: родителите нема да трчаат да ги скенираат свидетелствата, тие дигитално ќе се преземаат

Годинешното дигитално пријавување во средните училишта значеше само повеќе мака и ангажман на родителите во споредба со претходните уписи. Иако...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за...

Топ23 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија1 ден

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет1 ден

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет1 ден

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет1 ден

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет1 ден

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија2 дена

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија2 дена

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија2 дена

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...