Забава
На минута до смртта – последните фотографии на жртвите на вулканот Онтаке

Повеќето туристи кои загинаа во ерупцијата на јапонскиот вулкан Онтаке, успеале да ги направат своите последни фотографии неколку секунди пред катастрофалната стихија.
На социјалните мрежи се појавија фотографиите направени од туристите кои не биле свесни каква опасност им се заканува. Повеќето од нив живееле во близина на вулканот Онтаке и решиле да го минат денот во природа уживајќи во есенските бои, пренесува американската телевизиска мрежа Fox News.
„Тахакаси, изгледа, среќен на оваа фотографија. Но нема насмевка. Можеби затоа што тој видел како вулканот започнува да еруптира…“, вели еден од пријателите на жртвите.Сопругата на еден од туристите поставила околу стотина фотографии кои нејзиниот маж успеал да ги сними неколку минути пред трагедијата. На последната серија снимки се гледаат столбот од чад како се издига од кратерот.
„Тоа се неверојатно фотографии, но јас би сакала во тој момент мојот маж да побегне од таму наместо да фотографира. Мислам да отидам таму по десет години, сакам да го видам што последно вишол мојот маж“, вели сопругата на еден од загинатите.
Според последните информации, во ерупцијата на вулканот Онтаке загинаа 51 лице, од кои 46 починале како последица на повреди здобиени од камењата кои паѓале, Околу 70 луѓе се повредени со различни степени на повреди, а 12 лица се водат како исчезнати.
Јапонските вулканолози сметаат дека причината за најголемиот број смртни случаи и повредени во повоената историја на Јапонија во некоја вулканска ерупција била големиот број камења исфрлени од кратерот и нивната голема брзина од околу 300 километри начас со која паѓале на почвата./крај/мф/сн
Извор: Fox News
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.