Забава
Обновена Ајфеловата кула: Стаклено руво за Челичната дама
Спектакуларниот стаклен под, еколошки павилјон, пристап за лица со инвалидитет и низа други освежувања на првиот кат од Ајфеловата кула, туристичката атракција којашто секоја година ја посетуваат седум милиони луѓе, во понеделник ќе бидат претставени на јавноста, најавува AFP.
Најпространиот, а воедно и најслабо посетениот прв кат, по обновувањето би требало да привлекува повеќе туристи, се надеваат во друштвото коешто управува со Ајфеловата кула – SЕTE, од кое 60 отсто контролираат властите на Градот Париз и кое го финансираше обновувањето со 30 милиони евра.
Благодарејќи на содржините кои нудат ресторани, продавници и киносали првиот кат би требало да стане простор за релаксирање на посетителите откако ќе се вратат од врвот на кулата. Преуредувањето на Ајфеловата кула беше правено според идејата на архитектонското биро „Moatti-Rivieres“ започна во мај 2012 година, со тоа што градбата не беше затворена за јавноста.
Во средиштето на просторот од половина хектар досегашниот непроѕирен под е заменет со стаклен, а досегашната заштитна мрежа е заменета со накосен стаклен ѕид. Двата павилјона сместени на источната и на западната страна, изградени во 1981 година, беа урнати и повторно изградени. Салонот на Густав Ајфел, проектантот на кулата, стана сала за приеми и конференции наменета за стручни собири. На западната страна, во павилјонот Фери, се поставени продавница, ресторан за брза храна, киносала во којашто на седум екрани ќе се прикажува филм за кулата и нејзината историја.
Направена е и рампа за лица со инвалидитети на кои отсега ќе им биде овозможен пристапот во сите простори. Целиот прва кат му е посветен на Густав Ајфел, чиј живот и работа се претставени во витрините, преку екрани и дигитални албуми.
Проектантите особено внимание посветиле на грижата за околината. Четири соларни панели со вкупна површина од 10 квадратни метри ќе покриваат половина од потребите од топла вода во павилјоните Фери и Ајфел, а резервоарот за дождовницата е поставен под павилјонот Фери и со вода ќе ги снабдува санитарните простории. Две мали централи на ветер ќе произведуваат околу 10 илјада килочасови годишно.
Ајфеловата кула секоја година ја посетуваат седум милиони луѓе, од кои 85 отсто не се парижани. Со тоа кулата изградена за Светската изложба на крајот од XIX век која предизвикала тогаш негодување и жестоки дебати меѓу парижани, стана најпосетениот споменик во светот за кој се плаќа влезница. Французите се први со 2,5 отсто, следат Американците – 8,5, Британците – 7,1, Италијанците – 6,7, Германците со 5,7 отсто … Откако е отворена во 1889 година, повеќе од 250 милиони луѓе ја посетија оваа кула, којашто минатата 2013 година оствари приход од 73 милиони евра.
Иако „скутот“ на Челичната дама доби проѕирна обвивка, таа ќе мора да се подвргнува на редовен „фејслифтинг“ исто како и досега, на секои седум години за што се трошат околу 60 тони боја./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.