Контакт

Наука

Монголските глодари не преживеаја во вселенската ‘Арка'

Објавено пред

Сите осум монголски глодари кои беа во рускиот биосателит „Бион-М1“, пцовисале поради откажување на инструментите за време на летот, а покрај тоа, не прижевеале и дел од ткн „линеарни глувци“, изјави за РИА Новости раководителот на експериментот Евгениј Сичев.

Сателитот „Бион-1М“, прв од 2007 година руски биосателит, беше лансиран од рускиот космодром Бајконур во поранешната советска република Казахсатан, со ракетата носач „Сојуз-2.1a“ точно пред 30 дена, на 19-ти април.

Вселенската капсула со многубројните „учесници“ во експериментот, глувци, гуштери, риби, слатководни ракови, алги, бактерии, други микроорганизми, растенија и растителни семиња по 30 дена минати во Вселената во неделата рано наутро малку по 5 часот по македонско време атерираше во Оренбуршката област, во југоисточниот дел на Русија. Исто така, во текот на едномесечниот лет на сателитот се спроведуваа биотехнолошки експерименти, како на пример развивањето на кристали на протеини.

„Не ги дочекавме сите глувци, помалку од половина од глувците, за жал, не преживеале, но доволно се за да се направат потребните истражувања. Ја претпоставувавме таква можност, дека животните во услови какви што владеат за време на лет во Вселената може да не преживеат. Што се однесува до глодарите, во овој случај дошло до откажување на апаратурата, и пцовисале сите осум. Но сите гуштери се живи“, прецизирал Сичев.

Како што претходно изјави заменик на раководителот на проектот, научникот Евгениј Илин, со „Бион“ во Вселената биле лансирани осум монголски глодари, како и 45 „генетски чисти“ глувци ткн линеарни глувци. Нивниот геном внимателно се контролира, благодарејќи на што научниците може да откријат какви и да се генетски промени. Од орбита, исто така, се вратиле гуштерите од родот гекони, рибите, микроорганизмите и растенијата.

Со капсулата „Бион-1М“ беа лансирани и вештачки метеорити во специјални плочки изработени од базалт со мали дупки и тунели во кои биле ставени спори од бактерии. „Метеоритите“ биле поставени на надворешната површина на сателитот и биле изложени на космичко зрачење и вакуум. При враќањето на Земјата се следело што сѐ паѓа врз овие метеорити, зголемувањето на температурата до илјадници степени, нивното навлажнување, преоптоварување итн.

Летот е искористен и за спроведување на биотехнолошки експеримент, растењето на кристали на протеин, односно експеримент за биодеградација.

Во неделата навечер целиот материјал, животните, растенијата и микроорганизмите заедно со инструментите се пренесени на Институтот за биомедицински истражувања во руската престолнина Москва каде веднаш започна проучувањето, што всушност е продолжение на земените податоци веднаш по приземјувањето на капсулата за да не им се даде можност на „материјалите“ да се прилагодат на условите на Земјата. Сепак, целосната обработка и анализа на податоците ќе трае со месеци, сметаат научниците./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Некои од најгласните политичари против ЛГБТ-правата честопати биле прикриени хомосексуалци

Објавено пред

Пред девет години беше објавена психолошка студија во престижниот магазин „Journal of Personality and Social Psychology“, што уште еднаш го потврди она што одамна е познато во психологијата и пошироката јавност – некои од најгласните противници на ЛГБТ-правата и ЛГБТ-заедницата се всушност хомосексуалци кои самите одбиваат да го признаат тоа.

Според пишувањата на хрватски „Индекс“, таа студија била заеднички спроведена од експерти од Универзитетот во Рочестер и Универзитетот во Есекс во Велика Британија, како и Универзитетот Санта во САД, при што истражувачите го донеле следниот заклучок: „Хомофобијата е поизразена кај луѓе со непризнаена привлечност кон истиот пол и кај луѓе кои пораснале покрај авторитарни родители поради кои ги потиснале таквите желби“.

„Личностите кои се идентификуваат како хетеросексуалци, но покажуваат силна привлечност кон истиот пол во психолошките тестови, се чувствуваат загрозено од хомосексуалци и лезбејки затоа што ги потсетуваат на нивните слични склоности“, објасни Нета Вајнстин, предавач на Универзитетот во Есекс и главна авторка на студијата.

„Во многу случаи, ова се луѓе кои војуваат со себеси и го насочуваат тој внатрешен конфликт кон надвор“, додава коавторот Ричард Рајан, професор по психологија на Универзитетот во Рочестер.

Ова, се разбира, не значи дека сите хомофоби се потајно хомосексуалци, но значи дека тоа е едно од научно заснованите објаснувања за нечии  ставови против ЛГБТ.

Не недостигаат примери на жестоки хомофоби, за кои подоцна се покажало дека имаат хомосексуални тенденции, па написот на хрватски „Индекс“ потсетува на некои политичари и верски лидери за кои се покажало дека ја изразиле својата т.н. автохомофобија, со ширење омраза и нетрпеливост кон ЛГБТ-луѓето.

Најсвежиот пример е скандалот што изби во Брисел кон крајот на минатата година, кога близок соработник и европратеник од партијата на Виктор Орбан беше фатен во геј-оргија.

Како што тогаш објавија белгиските медиуми, полицијата прекинала нелегална корона-забавата на која присуствувале 25 лица. Консумирале алкохол и дрога, а имало и групен секс. Кога упаднала полицијата, неколку учесници биле голи, а еден се обидел да избега и притоа се повредил.

Тоа беше Јозеф Сајер, еден од најпознатите и најистакнати политичари на Фидес, парија која ја основал заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Сајаер ги поддржуваше и ги артикулираше хомофобичните политики на Фидес, за на крајот да се открие дека тој всушност се борел против сопствената сексуална ориентација.

Пред неколку години, сенаторот од сојузната американска држава Охајо, Весли Гудман, поднесе оставка откако се дозна дека имал секс со маж во неговата канцеларија.

Оставка даде и поранешниот сенатор од Оклахома, Ралф Шорти откако беше обвинет за детска проституција поради наводно барање секс од 17-годишно момче. Подоцна Шорти одлучи да се изјасни за виновен по обвиненијата.

И Гудман и Шорти се оженети мажи, кои биле јасни политички противници на ЛГБТ-заедницата додека извршувале политички функции.

И меѓу верските водачи постојат примери на луѓе со цврсти ставови против истополови односи за кои потоа се покажало дека се хомосексуалци.

Во САД најпознат е случајот со пастор на фундаменталистичката црква, Тед Хагард, кој во американската јавност беше познат како гласен противник на хомосексуалците.

Откако сексуалниот работник Мајк Џонс откри дека Хагард бил негов клиент, пасторот се бранеше во јавноста на следниов начин: „Го повикав за да купам дрога, која потоа ја фрлив. Бев во искушение, но не зедов“.

Дрогата што Хагард ја споменал била метамфетамин, позната уште и како кристал мет, инаку многу опасен опијат, така што објаснувањето на Хагард одговара на ставот дека е подобро да се биде зависник од дрога отколку хомосексуалец.

Сепак никој не поверувал во изјавите на пасторот, па тој бил отстранет од сите должности и отфрлен од неговата верска заедница.

Прикажи повеќе...

Забава

Џиновски праисториски носорог бил најголемиот цицач што некогаш одел по Земјата

Објавено пред

Во северозападна Кина е откриен нов вид на праисториски гигантски носорог, еден од најголемите цицачи што чекорел по Земјата, објавија научниците.

Видот чиј латински назив е Paraceratherium linxiaense живеел пред приближно 26,5 милиони години и тежел 21 тон, колку четири големи африкански слонови.

Со главата можел да достигне висина од седум метри и да јаде од дрвјата, што го прави повисок од жирафа.

Овие заклучоци се направени врз основа на фосили откриени во северната кинеска провинција Гансу.

Во студија објавена во четвртокот во списанието Communications Biology, истражувачите пишуваат дека анализата на фосилите, откриени во 2015 година, покажала дека тие припаѓаат на нов вид, различен од досега познатите џиновски носорози.

Целосно сочуваниот череп и вилица покажуваат сличност со денешниот тапир, е заклучокот на студијата предводена од Денг Тао од Палеонтолошкиот институт во Пекинг.

Новиот вид е поврзан со гигантските носорози кои некогаш живееле во Пакистан, што сугерира дека тие се движеле низ Централна Азија.

Носорозите слободно се движеле помеѓу северозападна Кина и индо-пакистанскиот потконтинент, што значи дека тибетската висорамнина во тоа време имала низински области, велат научниците.

„Тропските услови дозволиле огромниот носорог да се враќа на север во Централна Азија, што имплицира дека Тибет сè уште не бил високо плато“, вели Денг.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) НАСА успешно ја тестира најмоќната ракета во светот

Објавено пред

НАСА успешно го тестира главниот мотор на најмоќната ракета во светот – Space Launch System (SLS).

Моторите работеле повеќе од осум минути за да го симулираат времето што е потребно за ракетата да стигне до вселената од површината на Земјата. СЛС би требало да превезува луѓе на површината на Месечината, првпат од 1972 година.

Експертите го тестираа главниот мотор на ракетата. СЛС се состои од јадро со четири моќни RS-25 мотори и два придвижувача. Пред да почне тестирањето, инженерите го наполниле главниот мотор со повеќе од 2,6 милиона литри гориво, кое се состои од течен водород и течен кислород, пишува Би-би-си.

Моторите тестирани вчера биле дел од 21 успешно полетување шатлови. Два од нив биле користени во последната мисија СТС-135 во 2011 година, а третиот во мисијата во 1998 година кога беше лансирана најстарата личност во вселената – американскиот сенатор и астронаут Џон Глен, кој во тоа време имаше 77 години, а четвртиот за време на летот за сервисирање на вселенскиот телескоп „Хабл“.

Моторите беа поправени по тие мисии. По првото полетување на СЛС подоцна оваа година, НАСА ќе ги отфрли и повеќе нема да ги користи.

SLS припаѓа на мисијата „Артемис-1“, чија цел е да ги посети Месечината и другите планети во нашиот Сончев систем.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа1 час

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа2 часа

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ4 часа

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија4 часа

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија4 часа

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет7 часа

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија7 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет7 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија19 часа

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет20 часа

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ23 часа

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија1 ден

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија1 ден

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет1 ден

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа1 ден

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија1 ден

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет2 дена

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Досие