Забава
Првпат играла лотарија и освоила 90 млн долари
Американска од сојузната држава Вашингтон првпат во животот купила тикет за лотарија и освоила 90 милиони американски долари.
Откако го освоила џекпотот на американската лотарија Powerball, Лиза Квам, којашто го купила добитното ливче од мала колонијална продавница во местото Оборн, јужно од Сиетл, изјави дека ќе даде отказ во „Boeing“, каде што работела 25 години, и ќе си купи нов автомобил.„Утрово им испратив електронска порака на колегите од работа и им напишав дека ми претставуваше задоволство што работев со нив, и да ги слушаат денешните вести за да сфатат зошто ова им го пишувам“, изјави Квам на прес-конференција во местото Олимпија. Квам и нејзиниот сопруг купиле два тикета од лотаријата Powerball на Денот на благодарноста кога вообичаено биле во купување весници и мастраф за традиционалната празнична пита.Ливчињата ги ставила на ладилникот и ги проверила броевите во неделата, ден по извлекувањето. „Им викнав на сите во семејството – Доаѓајте овде. Сите мислеа дека поради нешто сум бесна. Ќерка ми ме праша дали е толку итно, а јас одговорив – Да!“. Сé уште не одлучила дали сумата ќе ја подигне во еднократна исплата со што таа би де намалила за половина или полниот износ ќе г зема на рати во следните 30 години. Шансите да се добие џекпот на Powerball изнесуваат 1 наспроти 175 милиони.Во јуни 2013 година 84-годишна жена од малото гратче Зефирхилс на Флорида стана добитник на рекордната премија во историјата на оваа лотарија што ја освои едно лице во износ од 590,5 милиони долари но подигна 370,8 милиони долари. Најголемиот џекпот на Powerball, инаку, во износ од 656 милиони долари се падна во март 2012 година, но тогаш оваа премија ја поделија три лица од сојузните држави Илиноис, Канзас и Мисури./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски парови кои истрајуваат дури и кога ќе стане тешко
Хороскопските парови кои секогаш преживуваат се тука еден за друг дури и во тешки времиња. Нивната врска е силна и поради довербата и искреноста што ја имаат.
Што и да се случи, тие ќе бидат тука да се поддржуваат еден со друг. Овие хороскопски парови го имаат целиот потенцијал да ги надминат сите тешкотии. Кога еден од нив не е во најдобра состојба да се соочи со проблеми, тогаш другиот презема иницијатива и го покрива во се.
Хороскопски парови кои секогаш траат
Рак и Јарец
Ова е многу силен пар. Немојте да ве залажува фактот дека Ракот како личност е почувствителен или попридушен. За неговото семејство и оние што ги сака, тој станува повеќе од само карпа и може да направи се. Може да ги придвижи и земјата и небото, да помогне и поддржи. Од друга страна, Јарците се многу силни, па не им е тешко да му помогнат и да го поддржат Ракот, но и да го негуваат и да направат се што треба за да излезат посилни од целата ситуација.
Лав и Овен
Нивната сила во заедницата е неизмерна. Тоа се две личности кои по природа се лидери. Тие се многу силни карактери, но успешно примаат удари. Што и да се случи во животот, другиот ќе биде многу среќен да му помогне, да го поддржи и да стане негова карпа додека не се надминат сите пречки и проблеми. Знаат што да прават и му даваат на другиот онолку време колку што му е потребно за да застане на нозе.
Вага и Девица
Ова е пар кој навистина ќе стои еден до друг до крај. Тоа е во исто време карпа која е потпора и мирно пристаниште каде што можат да бидат во мир. Вагите секогаш го поддржуваат партнерот и им помагаат во се. Тие се грижат за нивната општа благосостојба и ако тоа е добро, и Вагите ќе бидат добри. Во тешки времиња, тие ќе чекорат напред и ќе преземат иницијатива. Од друга страна, Девиците даваат и им служат на луѓето. За неа поддршката на партнерот е се. Во спротивно тоа би го сметала за предавство, па не би ни зборувала за тоа.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.