Контакт

Забава

Владина агенција на Аљаска снимила непознато чудовиште

Објавено пред

Снимка на „непознато суштество“ што плива во реката Шена кај Фаирбанкс на Аљаска предизвика бројни реакции и теории, пишува CBS News.

dobivaj vesti na viber

Непознатата појава некои веќе ја нарекоа „Леден ѕвер“, а веднаш уследија споредби со митското чудовиште од Лох Нес.Но за разлика од бројните слични снимки кои редовно се појавуваат на интернет, оваа снимка е направена со камера на Агенцијата за управување со земјиштето на Аљаска, а токму вработените на Агенцијата забележале нешто необично.Имено, вработените во споменатата владина агенција ја проверувале снимката на заледената река, кога забележале дека нешто се движи. На снимката јасно се гледа дека нешто плива во цик-цак линии. На грбот на непознатото животно се чини дека има мраз.„Не сме сигурни што е тоа, ви оставаме сами да процените“, наведуваат на Facebook  страницата на Агенцијата, каде што и беше објавена снимката. /крај/мф/ст

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) „Отпушти го тој што го фотошопирал ова“: што се случи со стомакот на Ким Кардашијан

Објавено пред

Ким Кардашијан моментално го користи слободното време за да ја промовира новата колекција на нејзиниот бренд SKIMS.

dobivaj vesti na viber

Популарната Ким Кардашијан секогаш е мета на коментари. Без разлика дали се работи за нејзиниот изглед, нејзините облини, она што го носи или објавува, старлетата ја користи секоја прилика за малку внимание.

Нејзините најнови објави во бикини ги „запалија“ социјалните мрежи, но сега се појави продолжение кое на старлетата нема да и се допадне.

Секси објавите го одвлекуваа вниманието од ситните детали, па за кратко време облините на Ким Кардашијан повторно беа во центарот на вниманието. Меѓутоа, острото око на оние кои ја сакаат малку помалку забележало нешто сосема друго.

Повторно е обвинета за лоша употреба на фотошоп.

„Што се случи со стомакот на третата слика? Отпуштете го тој што го фотошопирал ова“, гласи еден коментар.

На контроверзната фотографија долниот дел од бикините навистина изгледа малку чудно, како да недостасува дел. Дали се работи за оптичка илузија или пак Ким си игра со фотошоп, проценете сами.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Иако сите велат дека е ужасно, доаѓа втора сезона од шоуто на Меган Маркл

Објавено пред

Меган Маркл доби втора сезона од нејзиното шоу за готвење и начин на живот With Love, Meghan. Снимањето е веќе завршено, а се очекуваат новите епизоди да пристигнат на Нетфликс оваа есен. Оваа вест изненади многумина бидејќи серијата доби слаба оценка и бројни негативни критики.

dobivaj vesti na viber

„Ова може да биде изненадување, но едно нешто што Нетфликс го сака е контроверзноста – и оваа серија секако предизвика многу дебати. Многумина беа толку груби за серијата на Меган што мислеа дека нема шанси да добие уште една сезона“, изјави добро информиран извор за „Сан“.

Оценките за сериите на Меган засега не се големи. Серијата е оценета со 2,4 од 10 на IMDb, а има оценка од 33% на Rotten Tomatoes. Британските медиуми особено го критикуваа шоуто. Независната критичарка Кејти Росеински му даде на шоуто една ѕвезда од можни пет. Таа го нарече шоуто „измачувачко и исцрпувачко“.

И покрај лошите критики на IMDb и Rotten Tomatoes, гледачите на Икс пишуваат главно позитивни коментари за шоуто. „Со љубовта, Меган е совршеното мало бегство од превирањата што се случуваат во светот. Браво, Меган“, „Го гледам шоуто, каков прекрасен живот има“, „Таа е толку шармантна и елегантна“, се некои од коментарите.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Дензел Вашингтон кон жената која го моли за помош: „Зошто плачеш? Јас сум човек како тебе“

Објавено пред

Познатиот актер Дензел Вашингтон стана хит на интернет откако се појави видео на кое тој се среќава со жена која бара совет од него.

dobivaj vesti na viber

Во видео кое кружи на социјалните мрежи, жена му приоѓа на Дензел, кој во тој момент влегува во њујоршкиот театар. Таа го прашува дали има совет за актери кои не можат да најдат работа. Дензел ја поканува да дојде во театарот со него и ја замолува да го спушти телефонот. После тоа видеото престанува.

Во вториот дел од видеото, Дензел ја прегрнува истата расплакана жена и вели: „Зошто плачеш? Јас сум обичен човек како тебе“.

„Каков човек“, „Затоа го сакам“, пишуваат воодушевените обожавателите на Дензел, иако сè уште не е јасно што точно излезе од неговиот разговор со жената.

Ова не е прв пат Дензел да дава совети. Неодамна му дал совет и на едно момче од Лондон: „Не можеш да научиш да глумиш онлајн. Мораш да излезеш на сцена. Најди мал театар. Оттаму јас почнав. Ако го сакаш тоа што го имам, направи го тоа што го направив”.

На крајот од разговорот познатиот актер му рекол „Се гледаме на работа“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

(Видео) Новиот канадски премиер: Трамп ги напаѓа нашите работници и семејства, тоа нема да го дозволиме

Поранешниот гувернер на централната банка Марк Карни победи во трката за лидер на канадската владејачка Либерална партија и ќе го...

Европа1 час

Европа значително го зголеми увозот на оружје во последните четири години

Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник...

Свет2 часа

Израелците лути на Американците; Претставникот на Трамп: Навистина не ми е грижа

Пратеникот на Трамп за прашањето за заложниците, Адам Болер, рече дека „навистина не му е грижа“ за критиките од израелскиот...

Свет2 часа

Иран: Ќе преговараме со САД само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Украина можеби нема да преживее

Доналд Трамп синоќа изјави дека Украина можеби нема да преживее, со или без Американците. Тој го изјави ова во интервју...

Македонија12 часа

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ13 часа

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ16 часа

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија18 часа

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија19 часа

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ21 час

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....

Регион22 часа

Балканот ќе биде како под вршник, летото ќе биде пеколно, сушно и со екстремни бури

Балканот ова лето ќе се соочи со рекордно високи температури и екстремни временски услови. Долгорочните прогнози најавуваат топло лето и...

Свет23 часа

Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални...

Македонија1 ден

Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жестоко го нападна поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го дека по десет месеци молк, сега...

Македонија1 ден

Утрото ќе биде студено, а денот со пролетни температури до 23 степени

Денешното утро ќе биде студено, но преку ден се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе...

Свет2 дена

Падна договор во Германија, Мерц ќе прави влада со партијата на Шолц

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме...

Скопје2 дена

Марш за женски права во Скопје, жените бараат крај на дискриминацијата

Денеска во Скопје се одржа марш организиран од Платформата за родова еднаквост, со слоганот „Нека јадат ружи!“. Поводот беше Меѓународниот...

Свет2 дена

Жестока караница меѓу Маск и Рубио во Белата куќа, Трамп ја смирил тензијата

На последниот состанок на кабинетот свикан од американскиот претседател Доналд Трамп, дојде до жесток конфликт меѓу државниот секретар Марко Рубио...

Топ2 дена

Ужас во Скопје: Вонбрачен партнер фрлил жена и деца од возило кои 3 дена по ред ги тепал

39-годишна жена и нејзините две малолетни деца се здобиле со тешки телесни повреди во Аеродром, откако биле исфрлени од возило,...

Македонија2 дена

Мицкоски од Свети Николе: По 7 години пустош, конечно Македонија се гради

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по...