Забава
За среќата во новата година важна е и долната облека
На Старата година, според народните верувања, празноверја и ритуалите кои се задржале во земјите од Латинска Америка и се пренесуваат со генерации, се облекува долна облека во жолта боја, се обиколува населбата со торба во раката или се става компир под креветот за годината којашто доаѓа да биде пот посреќна и поуспешна.
Најраширеното верување во многу јужноамерикански земји, а го донеле конквистадорите од Шпанија, е да се изедат дванаесет зрна грозје додека часовникот го отчукува последните дванаесет минути пред полноќ, по едно се секој од дванаесетте месеци од новата година.
На Куба и во Уругвај на полноќ низ прозорец се излева вода за на тој начин да се измијат и отфрлат сител лоши работи наталожени во годината што изминува.
Во многу земји од Латинска Америка жителите собираат енергија за на полноќ трчајќи со куфер во раката да ја обиколат населбата во којашто живеат, надевајќи се дека тоа во следната година ќе им гарантира патување.
Во Рио де Жанеиро илјадници жители од градот облечени во бело ѝ нудат дарови на божицата на морињата Јеманџи, фрлајќи во океанот рози и гладиоли за да ја одоброволат и до неа во следната година да бараат мир, љубов, пари….
„Од централна Америка до Патагонија крајот на годината го одбележуваат обреди и верувања коишто влечат корени од паганските обичаи, од обичаите во древниот Рим или од Египет, а луѓето гои комбинираат со традицијата на американските Индијанци и традицијата на африканските култури“, појаснува директорот на колумбискиот Институт за историја и антропологија Фабијан Санабриа.
Истакнува дека и покрај тоа што модерното општество е се’ пооддалечено од верата, несиурноста којашто владее во современиот свет ги натера се’ повеќе луѓе од сите општествени слоеви да се потпираат на магијата. „Поради тоа многу се задоволни астролозите и лицата кои изработуваат хороскопи“, вели Санабриа потсмевајќи се.
Во Колумбија обичај е на 31-ви декември под креветот да се стави компир. „Јас обично ставам три компира, вели еден колумбиски трговец. „Еден е со кора, другиот е до половина излупен, а третиот е целосно излупен. На полноќ посегнувам под креветот и доколку го извлечам неизлупениот компир годината ќе биде успешна, но ако го извлечам излупениот – тешко мене“, вели Виктор Карено.
Во Перу е важно за Нова година да се носи жолтото, бидејќи според тамошното верување тоа носи среќа. Жолто цвеќе, очила, маички, долна облека, колку има повеќе жолто, тоа значи повеќе среќа и успех во следната година, Во Аргентина, Бразил и Уругвај, пак, за среќа и љубов, долната облека мора да биде розова боја, а во Колумбија се задолжително се облекува долна облека во бојата на страста – црвена./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

