Здравје
Google ќе вложи 750 млн долари во развој на лекови против болести поврзани со возраста
Компанијата Calico, сектор на технолошкиот гигант Google специјализиран за биотехнологија, склучи договор со биофармацевтската компанија AbbVie за соработка во областа на истражувања и развој на методи на лекување за болестите поврзани со возраста, особено за невродегенеративни нарушувања, соопштија од AbbVie.
Компанијата Calico, сектор на технолошкиот гигант Google специјализиран за биотехнологија, склучи договор со биофармацевтската компанија AbbVie за соработка во областа на истражувања и развој на методи на лекување за болестите поврзани со возраста, особено за невродегенеративни нарушувања, соопштија од AbbVie.
Финансиската поддршка за овој проект во почетната фаза ќе изнесува 250 милиони долари од двете страни. Во иднина компаниите планираат да вложат во него уште 500 милиони долари.
Компанијата Calico отвора центар во Сан Франциско, кој ќе се концентрира на раните фази од развојот на лековите и нивните тестирања, додека AbbVie врз себе ги презема подоцнежните етапи од развојот на препаратите и ќе го прави изборот и промоцијата на оние коишто ги минале тестирањата.
Претходно ова лето весникот The Wall Street Journal, повикувајќи се на внатрешни извори, објави дека корпорацијата Google покренува глобален проект кој го нарекува „Основно истражување“.
Целта на овој проект е со помош на медицински стручњаци да се утврди можноста за откривање на смртоносните болести кај луѓето во нивните рани стадиуми. Во проектот се вклучени околу 100 експерти, а во студиите ќе бидат ангажирани илјадници луѓе.
Со помош на контактните леќи на Google, како и со сензорите развивани од Google X, научниците ќе можат да ги регистрираат срцевиот ритам, пулсот и новото на кислород во крвта на човекот. На тој начин истражувачите имаат намера да соберат стотици обрасци на заболувања кај човекот во раните стадиуми, коишто потоа ќе бидат анализирани со помош на компјутерите на Google за утврдување на закономерностите, односно за подготвување биомаркери.
Текот на проектот ќе го следи надзорен одбор составен од експерти од водечките медицински институти во САД. Засега од Google не соопштуваат колку време ќе биде потребно проектот да стане функционален и кога научниците ќе ги претстават првите резултати добиени со негова помош./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Зошто понекогаш е добро да се направи пауза во процесот на слабеење?
Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Повеќето луѓе кои се обидуваат да ослабат се фокусираат на строги диети и постојан калориски дефицит, надевајќи се на брзи резултати. Сепак, таков пристап често води до замор, губење на мотивација и откажување пред да се постигнат посакуваните цели.
Еден од најефикасните начини за одржување на мотивацијата и постигнување подобри резултати е воведување планирани паузи за време на губењето на тежината. Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Ова му дава на телото шанса да се одмори, а метаболизмот се стабилизира, додека психолошки се регенерира. Телото не е под стрес и подоцна кога ќе продолжите со планот и програмата, има мотивација.
Паузите исто така помагаат во учењето како правилно да се одржува тежината. Многу луѓе не знаат како да јадат по диетата и често се враќаат на старите навики, што доведува до враќање на изгубената тежина. Кратките, планирани паузи му овозможуваат на телото и навиките постепено да се прилагодат на новата тежина и навиките во исхраната.
Покрај тоа, паузата од ограничувањата го намалува гладот и психолошкиот притисок, што му помага на лицето да се врати на диетата со обновена енергија и дисциплина. Паузите не се знак на слабост или откажување, туку стратешка алатка за долгорочен успех во слабеењето.
Затоа, правењето планирани паузи може да ги подобри и физиолошките и психолошките аспекти на процесот на слабеење, да го олесни постигнувањето на целите и да помогне во одржувањето на посакуваната тежина по завршувањето на диетата.
Забава
Неколку навики додека се туширате секојдневно ви ја уништуваат кожата
При секојдневно туширање, често се јавуваат проблеми со кожата како што се затегнатост, лупење, сивост или иритација, а експертите ги објаснуваат најчестите причини за ова.
Дерматолозите предупредуваат дека најголемите проблеми со кожата не доаѓаат само од силните производи, туку и од мали, повторувачки грешки кои полека ја оштетуваат заштитната бариера. Затоа е клучна правилната нега на кожата.
Експертите тврдат дека најпријатните моменти во туширањето, долгите и топлите, се и најштетни бидејќи водата над 38 степени ги раствора липидите, природните масла што ја одржуваат кожата мека и еластична.
Кога ова се случува секој ден, бариерата се истенчува, губи влага и развива препознатлива комбинација од затегнатост и чувство на „крцкање“.
Кожата потоа изгледа чиста, но е и исцрпена. Експертите советуваат да се користи млака вода, која чисти без да ја наруши природната состојба на телото. После тоа, кожата подобро ја прифаќа грижата, а сувоста на кожата исчезнува речиси преку ноќ.
Дополнително, геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават она што го прави топлата вода, односно отстрануваат повеќе отколку што е потребно. Кога на тоа ќе се додаде и секојдневната употреба на сунѓери кои механички ја тријат кожата, резултатот е потенцијална хронична иритација, која најчесто се гледа на рамената, градите, нозете и подлактиците.
Она што ѝ е потребно на вашата кожа е понежен пристап во форма на поприродни гелови и оние со минимален број состојки, без интензивни мириси.
Исто така, препорачливо е да нанесувате производи за нега на тело во првите 60 секунди по туширањето. Тогаш вашата кожа најбрзо ја губи влажноста.
Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата е влажна, се создава заштитен слој што ја одржува кожата мека во текот на целиот ден.
Дерматолозите велат дека ова е една од најбрзите промени што носи видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаеното.
Забава
(Видео) Најдобрата вежба за стегнат задник
Како што температурите се намалуваат и тренинзите се префрлаат од парковите во теретаните, фокусот повторно е на докажани вежби за сила и форма.
Главниот фокус, секако, се задникот и нозете. Интернетот е полн со програми за „peachy gluteus“ и силни нозе, но кога ќе се собере сè и ќе се одземе, постои една вежба која постојано се издвојува како кралица на долниот дел од телото – бугарско чучнување.
Повеќето луѓе прво помислуваат на стандардното чучнување или популарниот hip thrust кога сакаат да го активираат задникот. И да, и двата се одлични за вежбање, но не се број 1. Според многу тренери и студии, бугарско чучнување е супериорна вежба кога станува збор за активирање на мускулите на задникот, тетивите и квадрицепсите. Тоа е еднострана вежба која ги таргетира вистинските мускули, а воедно ја подобрува рамнотежата, стабилноста и симетријата на телото.
Бугарско чучнување се изведува со поставување на едното стапало на подигната површина (обично клупа) додека се прави клекнување со другото. Иако изгледа едноставно, оваа вежба брутално ги погодува мускулите и по само неколку повторувања ќе почувствувате како „горат“ – во најдобрата смисла на зборот. Може да се прави со сопствена тежина, тегови или шипка, во зависност од вашето ниво на искуство.
Она што ја издвојува оваа вежба е максималното активирање на глутеусите во долната фаза од движењето и фактот дека ја елиминира можноста посилната нога да ја „преземе“ работата на послабата, што е чест проблем кај класичните чучњеви. Покрај тоа, бидејќи бара рамнотежа и координација, ги вклучува и мускулите на јадрото, па затоа работите со повеќе мускулни групи во една вежба.
Значи, ако сакате да ги обликувате нозете и задникот, а не сакате да поминувате часови во теретана правејќи бесконечни серии, бугарско чучнување треба да биде на врвот на вашата листа. Не е најлесно, но дефинитивно е најефикасна вежба.

