Здравје
Инјекции со клетки масно ткиво во зглобовите помагаат при остеоартритис
Инјекции со клетки од сопственото масно ткиво во зглобови може да ги ублажат симптомите на остеоартритис, болна дегенеративна болест којашто води во инвалидитет, утврдиле чешките научниците чие истражување е објавено во списанието Cell Transplantation.
Ова истражување покажало дека инјекцијата со клетки од масно ткиво од стомакот на пациентите во зглобовите на колената и другите зглобови, ублажува дури 75 отсто од симптомите кај речиси две третини од пациентите. Станува збор за уникатен метод на трансплантациско лекување кое буди надеж за заболените од остеоартритис.
Во САД, на пример, од остеоартритис патат 14 отсто од лицата постари од 25 години, и третина од повозрасните од 65 години, покажува истражувањето што го спровел American Naturopathic Research Institute врз 1.114 испитаници кои боледуваат од оваа болест.
„Клетките од масно ткиво имаат потенцијална примена во широк спектар на клинички пореметувања, вклучително и срцев и мозочен удар, Кронова болест, мултиплекс склероза, и реконструкција на дојката“, вели др Јарослав Михалек кој учествувал во чешкото истражување. Додава дека „во рамките на истражувањето ја проценувавме сигурноста и ефикасноста на свежо изолираните автологни SVF (Stromal vascular fraction) клетки. Појдовме од тоа дека лекувањето со SVF клетки може да придонесе за заздравување на рскавицата“.
И во ова истражување биле следени 1.114 пациенти лекувани со еднократна доза SVF клетки изолирани од аспиратот на нивното сопствено масно ткиво.
Пациентите биле следени меѓу 12 и 54 месеци по примањето на инјекцијата. Во најголем број од случаите инјекциите биле давани во зглобовите од колената и во колкот, а кај некои пациенти биле истовремено третирани повеќе зглобови. Нивната состојба е проценувана врз основа на субјективното чувство на болка, употребата на нестеоридни аналгетици, поткривнувања при одот, опсегот на подвижност на зглобот и неговата вкочанетост. Споредувани се наодите пред лекувањето со оние од три, шест или дванаесет месеци по добивањето на инјекцијата.
„По терапијата со клетките од немасното ткиво не се воочени никакви сериозно нус појави системски инфекции или рак. Кај повеќето од пациентите состојбата почнала постепено да се подобрува три до дванаесет месеци по лекувањето“, се наведува во објавената студија.
Резултати покажуваат дека по 12 месеци кај 63 отсто од пациентите е постигнато подобрување од најмалку 75 отсто, а кај 91 отсто од пациентите најмалку 50 процентно подобрување. Научниците утврдиле дека по лекувањето драматично било намалено и земањето аналгетици. „Прекумерната телесна тежина и напреднатиот степен ан остеоартритис се поврзани со побавните подобрувања“, вели др Михалек./крај/мф/сн
Извор: The Telеgraph
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Зошто понекогаш е добро да се направи пауза во процесот на слабеење?
Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Повеќето луѓе кои се обидуваат да ослабат се фокусираат на строги диети и постојан калориски дефицит, надевајќи се на брзи резултати. Сепак, таков пристап често води до замор, губење на мотивација и откажување пред да се постигнат посакуваните цели.
Еден од најефикасните начини за одржување на мотивацијата и постигнување подобри резултати е воведување планирани паузи за време на губењето на тежината. Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Ова му дава на телото шанса да се одмори, а метаболизмот се стабилизира, додека психолошки се регенерира. Телото не е под стрес и подоцна кога ќе продолжите со планот и програмата, има мотивација.
Паузите исто така помагаат во учењето како правилно да се одржува тежината. Многу луѓе не знаат како да јадат по диетата и често се враќаат на старите навики, што доведува до враќање на изгубената тежина. Кратките, планирани паузи му овозможуваат на телото и навиките постепено да се прилагодат на новата тежина и навиките во исхраната.
Покрај тоа, паузата од ограничувањата го намалува гладот и психолошкиот притисок, што му помага на лицето да се врати на диетата со обновена енергија и дисциплина. Паузите не се знак на слабост или откажување, туку стратешка алатка за долгорочен успех во слабеењето.
Затоа, правењето планирани паузи може да ги подобри и физиолошките и психолошките аспекти на процесот на слабеење, да го олесни постигнувањето на целите и да помогне во одржувањето на посакуваната тежина по завршувањето на диетата.
Забава
Неколку навики додека се туширате секојдневно ви ја уништуваат кожата
При секојдневно туширање, често се јавуваат проблеми со кожата како што се затегнатост, лупење, сивост или иритација, а експертите ги објаснуваат најчестите причини за ова.
Дерматолозите предупредуваат дека најголемите проблеми со кожата не доаѓаат само од силните производи, туку и од мали, повторувачки грешки кои полека ја оштетуваат заштитната бариера. Затоа е клучна правилната нега на кожата.
Експертите тврдат дека најпријатните моменти во туширањето, долгите и топлите, се и најштетни бидејќи водата над 38 степени ги раствора липидите, природните масла што ја одржуваат кожата мека и еластична.
Кога ова се случува секој ден, бариерата се истенчува, губи влага и развива препознатлива комбинација од затегнатост и чувство на „крцкање“.
Кожата потоа изгледа чиста, но е и исцрпена. Експертите советуваат да се користи млака вода, која чисти без да ја наруши природната состојба на телото. После тоа, кожата подобро ја прифаќа грижата, а сувоста на кожата исчезнува речиси преку ноќ.
Дополнително, геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават она што го прави топлата вода, односно отстрануваат повеќе отколку што е потребно. Кога на тоа ќе се додаде и секојдневната употреба на сунѓери кои механички ја тријат кожата, резултатот е потенцијална хронична иритација, која најчесто се гледа на рамената, градите, нозете и подлактиците.
Она што ѝ е потребно на вашата кожа е понежен пристап во форма на поприродни гелови и оние со минимален број состојки, без интензивни мириси.
Исто така, препорачливо е да нанесувате производи за нега на тело во првите 60 секунди по туширањето. Тогаш вашата кожа најбрзо ја губи влажноста.
Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата е влажна, се создава заштитен слој што ја одржува кожата мека во текот на целиот ден.
Дерматолозите велат дека ова е една од најбрзите промени што носи видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаеното.
Забава
(Видео) Најдобрата вежба за стегнат задник
Како што температурите се намалуваат и тренинзите се префрлаат од парковите во теретаните, фокусот повторно е на докажани вежби за сила и форма.
Главниот фокус, секако, се задникот и нозете. Интернетот е полн со програми за „peachy gluteus“ и силни нозе, но кога ќе се собере сè и ќе се одземе, постои една вежба која постојано се издвојува како кралица на долниот дел од телото – бугарско чучнување.
Повеќето луѓе прво помислуваат на стандардното чучнување или популарниот hip thrust кога сакаат да го активираат задникот. И да, и двата се одлични за вежбање, но не се број 1. Според многу тренери и студии, бугарско чучнување е супериорна вежба кога станува збор за активирање на мускулите на задникот, тетивите и квадрицепсите. Тоа е еднострана вежба која ги таргетира вистинските мускули, а воедно ја подобрува рамнотежата, стабилноста и симетријата на телото.
Бугарско чучнување се изведува со поставување на едното стапало на подигната површина (обично клупа) додека се прави клекнување со другото. Иако изгледа едноставно, оваа вежба брутално ги погодува мускулите и по само неколку повторувања ќе почувствувате како „горат“ – во најдобрата смисла на зборот. Може да се прави со сопствена тежина, тегови или шипка, во зависност од вашето ниво на искуство.
Она што ја издвојува оваа вежба е максималното активирање на глутеусите во долната фаза од движењето и фактот дека ја елиминира можноста посилната нога да ја „преземе“ работата на послабата, што е чест проблем кај класичните чучњеви. Покрај тоа, бидејќи бара рамнотежа и координација, ги вклучува и мускулите на јадрото, па затоа работите со повеќе мускулни групи во една вежба.
Значи, ако сакате да ги обликувате нозете и задникот, а не сакате да поминувате часови во теретана правејќи бесконечни серии, бугарско чучнување треба да биде на врвот на вашата листа. Не е најлесно, но дефинитивно е најефикасна вежба.

