Контакт

Здравје

Компаниите треба да размислат за задржување на лицата со почетни фази на Алцхајмер

Објавено пред

Компаниите би требало да размислат за тоа на работните места да ги задржат луѓето со почетните фази на деменција или Алцхајмеровата болест, бидејќи тие се вреден извор на знаење и искуство.

dobivaj vesti na viber

Кога еден од вработените, оператор во електрична компанија „Saskatchewan“ во Канада, почнал да покажува знаци на Алцхајмеровата болест во средината на своите педесетти години, неговиот шеф заклучил дека може да претставува безбедносна опасност. Оцениле дека повеќе не може да биде одговорен за турбините, генераторите, бојлерите и другата опрема.

Меѓутоа, компанијата „SaskPower“ не го пензионирала истиот работник. Компанијата знаела дека тој без оглед на болеста има зад себе 30 години богато искуство и извонредно ги разбирал уредите во електричната централа. Наместо во пензија, компанијата го поставила на работно место на коешто можело да се искористи неговата долгорочна меморија, а не онаа краткорочната којашто почнала да бледнее.

„Нашата цел е да се задржат работниците со деменција да работат што подолго е можно, со одредени прилагодувања“, вели во репортажата на BBC Кати Потс од „SaskPower“. Работникот на крајот останал да работи во оваа компанија уште пет години по поставувањето на дијагнозата.

Ширум светот работниците сé почесто ќе се соочуваат со Алцхајмеровата болест, која е облик на заборавноста (деменцијата), бидејќи генерациите на „бејби бумерите“ работат подолго отколку што порано беше вообичаениот работен век, бидејќи насекаде се зголемува границата за пензионирање. Некои работници ќе се соочат со Алцхајмерот во четириесеттите или педесеттите, но повеќето ги пројавуваат првите симптоми на деменцијата во шеесеттите години од животот.

Алцхајмеровата болест предизвикува губење на сеќавањето и тешкотии во размислувањето, решавањето на проблемите или користењето на говорот. Проблемите со текот на времето стануваат сé потешки и лицата тешко се справуваат со секојдневниот живот. Светската здравствена организација соопшти дека 47,5 милиони луѓе во светот патат од деменција, а се очекува оваа бројка трикратно да се зголеми до 2050 година. Експертите проценуваат дека луѓето со 65 години или помлади сочинуваат меѓу 5 и 10 отсто од случаите на заборавност.

И покрај тоа што со закон е забранета дискриминацијата и за заштитата на работниците со деменција во САД, Велика Британија, Австралија и во други земји, организациите за помош на лицата со Алцхајмеровата болест сметаат дека во суштина многу малку компании им помагаат на таквите лица да останат на работа. Оттаму, тие ги поттикнуваат компаниите да научат повеќе за оваа болест, за да може да ги препознаат симптомите и на работниците да им овозможат помалку напорно работно место, пофлексибилно работно време и останување во истиот оддел со истите колеги.

Експертите велат дека, сепак, секој случај е засебен и дека останувањето на работното место зависи и од тежината на симптомите. Целта не е болните луѓе да се натераат да работат бесконечно, туку да им се даде уште извесно време да го задржат чувството на полезност и продуктивност и самите да одлучат кога ќе заминат./крај/мф/сн

Извор: BBC



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите: треба да побарате еден симбол

Објавено пред

Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите за подобро да се заштитите од штетните зраци што може да доведат до рак.

dobivaj vesti na viber

Изгореници, сончаница и дехидрација се само дел од ризиците од прекумерна изложеност на сонце без соодветна заштита. Престојот во сенка и пиењето многу вода може да помогне, но кремот за сончање со фактор за заштита од сонце, или СПФ, е сè уште најдобрата заштита, пишува „Мирор“.

Носењето СПФ е важно за заштита на вашата кожа од штетните УВ-зраци. Изложеноста на УВ-зраци без соодветна заштита од сонце може да доведе до изгореници од сонце, осип од топлина, предвремено стареење на кожата и хиперпигментација.

Во некои случаи, изложеноста на УВ-зраци го зголемува ризикот од развој на рак на кожата.

Кога купувате крем за сончање, секогаш треба да купите таков што го има симболот УВА или УВБ. Во кругот треба да има ѕвездички, а бројот на ѕвездички ќе ви го каже нивото на заштита.

Кремовите за сончање се оценуваат од една до пет ѕвездички врз основа на нивото на заштита што го нудат, при што пет, се разбира, се највисока заштита.

Што е СПФ?
СПФ е кратенка за степен на заштита од штетни зраци што предизвикуваат изгореници од сонце. Тој конкретно ја мери ефикасноста на производот во намалувањето на изгорениците од сонце на вашата кожа.

Што се УВА-зраци?
УВА-зраците се штетни и имаат способност да навлезат длабоко во дермисот, слојот на кожата што се наоѓа подлабоко во телото. Овие зраци се постојано присутни во текот на денот и, иако не се веднаш видливи, нивното влијание е значајно – може да продрат низ облаци, па дури и низ стакло.

Познато е дека УВА-зраците продираат подлабоко во кожата од УВБ-зраците, што доведува до долготрајни оштетувања, како што се разни форми на рак на кожата. Тие исто така може значително да придонесат за процесот на стареење, со тоа што предизвикуваат брчки и сончеви дамки.

Што се УВБ-зраци?
УВБ-зраците главно се апсорбираат од епидермисот и горните слоеви на дермисот на кожата. Овие зраци се одговорни за изгореници од сонце и црвенило на кожата. Иако не продираат толку длабоко како УВА-зраците, тие се еднакво штетни. УВБ-зраците значително придонесуваат за развој на рак на кожата, вклучувајќи меланом, а исто така го забрзуваат стареењето на кожата.

Важно е да се напомене дека перципираното ниво на заштита што го обезбедува еден производ може да биде погрешно. На пример, крем за сончање со низок СПФ може да има повеќе ѕвездички што укажуваат на високо ниво на УВА-заштита.

Сепак, ова не е толку точно како кремовите за сончање што имаат наведени и УВА и УВБ-фактори за заштита.

Прикажи повеќе...

Забава

Нова летна диета: ги држи килограмите подалеку од вас и го зајакнува имунитетот

Објавено пред

Летото нè потсетува дека претстојат многу топли денови, дека ќе носиме полесна облека и затоа е потребно нашите тела да бидат во добра форма.

dobivaj vesti na viber

Со новата летна диета ќе го изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунолошкиот систем и, најважно од сè, ќе заборавите на заморот. Оваа диета може да трае од една до три недели.

Се препорачува да пиете голема чаша вода наутро по станувањето и чаша млеко навечер пред спиење.

Летно диетално мени

Понеделник:

Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед

Ужина: 1 интегрален тост со сирење

Ручек: сезонска зеленчукова салата

Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост, 1 јаболко

Вечера: 1 варено јајце, 100 г сирење, 1 чаша зелен чај

Вторник:

Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење

Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост со лажичка мед

Ручек: салата од сезонски зеленчук, 2 варени компири

Ужина: 1 чаша зелен чај

Вечера: 300 г говедско месо, 200 г варен зеленчук

Среда:

Појадок: 1 чаша билен чај, тост

Ужина: 1 варено јајце

Ручек: 1 чаша крем супа од печурки

Ужина: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед

Вечера: салата од сезонски зеленчук, 1 чаша сок од портокал

Четврток:

Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед

Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост

Ручек: сезонска зеленчукова салата, 1 варено јајце

Ужина: 1 чаша зелен чај

Вечера: 300 г печена риба, 1 чаша сок од јаболка

Петок:

Појадок: 1 чаша билен чај, интегрален тост со сирење

Ужина: 2 варени компири

Ручек: сезонска зеленчукова салата

Ужина: 30 грама ореви

Вечера: 100 грама варен ориз, 200 грама печено пилешко

Сабота:

Појадок: 50 г сирење, 1 рендан морков

Ужина: 1 шолја зелен чај

Ручек: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед

Ужина: 1 јаболко

Вечера: 200 г варен зеленчук

Недела:

Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење

Ужина: 2 варени компири

Ручек: 300 г говедско месо, варено јајце

Ужина: 1 чаша сок од портокал

Вечера: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед.

Прикажи повеќе...

Забава

Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте ја оваа зелена напивка

Објавено пред

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.

dobivaj vesti na viber

Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.

Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.

Состојки:

– 1 лимон

– 60 г магдонос

– 60 мл вода

Подготовка:

Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.

Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.

Ќе забележите резултати по само еден месец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет4 часа

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет4 часа

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...

Македонија6 часа

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...

Македонија6 часа

(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен...

Македонија7 часа

Мицкоски очекува на 24 јуни Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“: Ете им прилика на дело да го покажат она што го зборуваат

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од...

Македонија7 часа

„Граѓаните да не креваат паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе“, апелираат од „Анима мунди“

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со...

Македонија7 часа

Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за „Усје“

„Добро утро, Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од ‘Усје’,...

Македонија8 часа

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините за да се намали загубата, која сега изнесува 64 отсто

За да се намали загубата на водата за пиење, која на национално ниво во просек изнесува речиси 64 отсто, неопходно...

Македонија9 часа

Седум години од потпишувањето на договорот од Преспа

На денешен ден, 17 јуни, 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот...

Свет9 часа

Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови. Висок воен командант најави дека нападите ќе...

Македонија10 часа

Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и во Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степена според Рихтер синоќа по полноќ го погоди Охридскиот Регион. Потресот е регистриран во 00.48...

Македонија23 часа

Злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам – Сиљановска-Давкова во Тирана за проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во...

Свет1 ден

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да...

Македонија1 ден

Осум македонски државјани најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел, 28 побарале помош

Заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија,...

Економија1 ден

Димитриеска – Кочоска ќе го следи поскапувањето на бензините, не кажа дали тоа ќе повлече други поскапувања

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска по денешните најави за поскапување на бензините кажа дека Министерството за финансии ќе ја следи...

Економија1 ден

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Свет1 ден

Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Иранскиот парламент денес негира дека разгледува закон за повлекување на Техеран од договорот за неширење нуклеарно оружје (ННП) како форма...

Свет1 ден

Иран се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, денес изјави дека иранскиот парламент подготвува закон за повлекување од договорот...

Македонија1 ден

„За „аудито“ на Филипче од 130.000 евра – повластен третман, за автомобилите на Мирчевски – кривичен прогон“, ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори постапка

„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек...