Контакт

Здравје

Кристален пилинг за чисто лице

Објавено пред

Со својата високо специјализирана градба и функција кожата овозможува заштита на целото тело од надворешни фактори и дава голем придонес во одржувањето на хомеостаза на целиот организам.

dobivaj vesti na viber

Кожата е повеќеслоен орган составен од три слоја : епидермис, дермис и хиподермис. Најповршинскиот дел од кожата, епидермисот, е делот кој континуирано се обновува, каратенизира, десквамира, се одлупува и отпаѓа од кожата. Со цел да се постигне здрава и ревитализирана обновена кожа експерите го посочуваат третманот со микродермоабразија односно кристсален пилинг.

Микродермоабразијата е неинвазивна техника на пилинг со симнување на површинските слоеви на кожата со помош на кристали. Принцип на работа на апаратот е вакум систем со кристали кои одат до кожата вршат ексфолијација на површинските слоеви и потоа со вакум системот се отстранува мртвиот површен и нечист слој.

Се поставува притоа прашањето: Што се постигнува со кристален пилинг? Со кристалниот пилинг се постигнува отворање на запушените пори со што кожата полесно дише, стимулација на циркулацијата, регенерација и поттикнување на природните фукнции на кожата и клеточно обновување. Со третманот на микродермоабразија добиваме мазна и сјајна кожа со нејзино потполно ревитализирање и обновување на колагенот и еластинот.

Притоа, струњаците појаснуваат дека микродермоабразијата се применува за: одржување на виталноста на кожата на лицето и вратот; чистење на мрсна кожа полна митисери; чистење на кожа со акни; освежување на сува кожа; третирање на површини до средно длабоки бори и третирање на лузни од акни и хиперпигментации

Третманот се изведува по темелното чистење на лицето, кога со помош на сонда се нанесуваат кристали кои со голема брзина удираат врз кожата. Времетрањето на еден третман на лице е 10-15 минути, лице и врат 20 минути, а ако се третира поголема регија потребни се 30 минути.

Кожата треба добро да се хидрира со соодветни препарати. Една седмица пред и по третманот да не се вршат други третмани, особено да не се нанесуваат препарати со ретин А и алфа хидрокси-киселина (креми за хемиски пилинг). За постигнување на задоволителни резултати пожелно е пилингот редовно да се практикува на секои три/четири седмици.

Секакако, едно од прашањата што се поставуваат во врска со овој третман, е дали со микродермоабразија постојат несакани ефекти? Според стручните совети на лекарите од „Ординација д-р Анчевски“, единствен несакан ефект е лесно црвенило (еритем) кој за неколку часа по третманот исчезнува. За време на третманот се чувствува благо гребење на кожата, кое се јавува како резултат на допир на кристалите со кожата.

Микродермоабразијата, исто така, може да се комбинира со други естетски третмани на пример со ласерските третмани, јонтофореза, радиофеквенција како и масажните третмани.

„Самиот процес е одлично прифатен од лекарите, кои го применуваат и од пациентите како корисници. Можноста за примена на третманот и кај нас нé доближува до светските светските трендови, кој третман веќе подолго време се користи во развиениот свет“, вели д-р Анета Петрушевска, специјалист дерматовенеролог од „Ординација Д-р Анчевски“./крај/мф/би

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Најдобрата храна за блескава кожа – природниот сјај доаѓа однатре

Објавено пред

Кога размислуваме за нега на кожата, честопати ни паѓаат на ум серумите и кремите, но она што го внесуваме во нашето тело игра подеднакво, ако не има и поважна улога во постигнувањето здрав, сјаен изглед.

dobivaj vesti na viber

Кожата е нашиот најголем орган и делува како заштитна бариера од надворешни влијанија, УВ зрачење и дехидрација, а нејзиното здравје директно зависи од хранливите материи што ѝ ги обезбедуваме. Урамнотежената исхрана богата со интегрални храни може да ја зајакне оваа бариера, да ја одржи кожата хидрирана и да спречи сувост, додека исхраната сиромашна со хранливи материи и богата со шеќер и преработена храна може да доведе до воспаление, акни и досаден тен. Старата поговорка е вистина: „ти си она што го јадеш“, а инвестирањето во квалитетна исхрана е основа на долгорочна убавина и виталност.

Клучот за сјајна кожа лежи во специфични хранливи материи кои синергистички работат за да го промовираат нејзиното здравје и обновување. Антиоксидансите, молекули кои се борат против слободните радикали одговорни за оштетување на клетките и предвремено стареење, се апсолутен приоритет. Ги наоѓаме во шарени бобинки како боровинки и калинки, цитрусни овошја како портокали и киви, и темно зелен зеленчук како спанаќ и кељ.

Меѓу нив се издвојуваат витамините Ц и Е. Витаминот Ц, кој се наоѓа во брокулата, пиперките и јагодите, е неопходен за синтеза на колаген, протеин кој ѝ дава на кожата цврстина и еластичност, додека витаминот Е, кој се наоѓа во бадемите, семките од сончоглед и авокадото, ѝ обезбедува на кожата влажност, ги намалува брчките и го поттикнува заздравувањето.

Подеднакво важни се и здравите масти, особено омега-3 масните киселини, кои дејствуваат како природен хидратант за кожата одвнатре, одржувајќи ја мека и еластична и смирувајќи воспалителни состојби како дерматитис и псоријаза. Најдобри извори на овие есенцијални масти се масните риби како див лосос, скуша и сардини, како и јаткасти плодови како ореви и лен, чиа и семе од коноп.

Заедно со мастите, не смееме да ги заборавиме протеините, основните градежни блокови на нашата кожа, коса и нокти. Косата е речиси целосно составена од протеинот кератин, па затоа соодветниот внес на храна како што се јајца, риба, мешунки и посно месо е клучен за нејзината сила и раст.

Минералите и, се разбира, водата обезбедуваат сеопфатна нега одвнатре. Цинкот, кој е изобилен во остригите, говедското месо, овесот и семките од тиква, делува како антиоксиданс и регулатор на воспаление, а неговиот недостаток често се поврзува со акни и други проблеми со кожата. Железото, присутно во црвеното месо, јајцата и спанаќот, помага во транспортот на кислород до фоликулите на косата, промовирајќи здрав раст.

Сепак, основата на сè е хидратацијата. Без доволно течности, кожата станува сува и безживотна. Покрај пиењето вода, можете да ја зголемите хидратацијата со консумирање храна со висока содржина на вода, како што се лубеница, краставици, портокали и лиснат зеленчук, кои сочинуваат околу 20 проценти од вкупниот внес на течности.

Вклучувањето на овие „паметни“ намирници во вашата дневна исхрана е полесно отколку што изгледа. Започнете го денот со смути „убавина“ што ќе ја нахрани вашата кожа одвнатре; во блендер, измешајте кефир богат со пробиотици, манго како извор на витамин Ц, половина авокадо за здрави масти и доза колаген во прав за дополнителна поддршка на структурата на кожата.

За ручек, подгответе хранлива салата од бебешки спанаќ, парчиња авокадо, киви и семки од калинка, зачинета со дресинг од маслиново масло и сок од лимон, како што препорачуваат експертите од порталот „Everyday Health“. Овој оброк е полн со антиоксиданси, витамин Е и здрави масти кои даваат еластичност на кожата.

За вечера, пробајте едноставен, но хранлив оброк како филе од див лосос печен на хартија за печење со парчиња лимон и свежи билки. Овој метод на готвење ја зачувува сочноста на рибата и сите нејзини вредни омега-3 масни киселини. Сервирајте варени слатки компири како прилог, одличен извор на бета-каротен, кој телото го претвора во витамин А, неопходен за обновување на клетките.

Дури и десертот може да биде сојузник на убавината – мусот од авокадо и темно чоколадо со висока содржина на какао ќе ја задоволи вашата желба за благо, а воедно ќе му обезбеди на вашето тело здрави масти и антиоксиданси. Со воведување на такви мали, но целни промени, исхраната станува најмоќната алатка за постигнување природен сјај и виталност, што е потврдено од бројни рецепти.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Како да се вратите во форма по породувањето: три совети за слабеење

Објавено пред

Враќањето во форма по породувањето често е предизвик за многу мајки. Затоа е важно да му дадете на вашето тело доволно време да се опорави пред да почнете да барате вежби и промени во исхраната.

dobivaj vesti na viber

Многу жени би сакале да се вратат на првобитната фигура и тежина, но прво треба да се фокусираат на усвојување здрави навики во исхраната.

Редовните оброци, особено појадокот, се клучни за одржување на енергијата и правилното функционирање на телото, особено кога станува збор за грижа за новороденче.

Се препорачува да јадете пет мали оброци дневно, богати со овошје, зеленчук, житарки и протеини, но со умерена количина храна бидејќи потребите на телото се промениле.

Кога ќе почувствувате дека можете да го движите вашето тело, се препорачуваат лесни вежби – како што се вежби за зајакнување на карличните мускули или одење со вашето бебе во количка.

Одењето е одличен начин постепено да се вратите на физичката активност, а исто така дава можност за дружење со други мајки.

Треба да започнете да правите понапорни вежби по 6 недели, а ако породувањето било комплицирано, задолжително консултирајте се со вашиот матичен лекар.

Не брзајте со губење на тежината. Вашиот прв преглед кај вашиот гинеколог, обично шест до осум недели по породувањето, е идеално време да разговарате за следните чекори.

Поставете реални и долгорочни цели – на пример, постепено губење на вишокот килограми до првиот роденден на вашето дете.

Важно е да му дадете на вашето тело доволно време да се опорави и да се фокусира на вашето здравје, а не само на бројката на вагата.

Соодветната исхрана, умерената физичка активност и трпението ќе ви помогнат постепено да се вратите во форма, а воедно да го зачувате вашето ментално и физичко здравје.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Додека спиете, еден трик ја подмладува вашата кожа: заборавете на безброј чекори во вашата рутина за убавина

Објавено пред

Негата на кожата на лицето е исклучително важна, а ако сте еден од оние луѓе кои мразат да нанесуваат повеќе производи секој ден, постои еден трик што може да ви помогне.

dobivaj vesti na viber

Се будите со сива, уморна или дехидрирана кожа дури и откако сте спиеле како бебе? Во ред, време е да научите за единствениот трик за убавина што навистина прави разлика без да додадете уште пет серуми во вашата рутина.

Затоа што ако има магичен момент кога вашата кожа се регенерира и се полни, тоа е додека спиете. И не, не зборуваме за цела рутина од десет чекори – само еден чекор што менува сè:

Overnight маска (или како што сакаме да ја наречеме – филтер за лице, но во форма на нега на кожа).

Овие маски се буквално „ноќните работници“ на вашата кожа – тие делуваат додека спиете, токму во моментот кога вашата кожа се обновува. Тие се со густа текстура, полни со активни состојки и делуваат како заштитен слој што ја заклучува целата влага и хранливи материи од серумите што сте ги нанеле претходно.

Резултатот? Разбудете се со лице кое изгледа како штотуку да сте имале спа третман. Свеж тен, еластична и сјајна кожа — дури и ако сте спиеле само пет часа (или сте гледале ТВ емисии до 3 часот наутро, ние не судиме).

Како да се користи:
– Исчистете го лицето како и обично (чиста кожа = подобра апсорпција)

– Нанесете серум со хијалуронска киселина или ниацинамид

– Наместо ноќен крем, нанесете тенок слој од sleeping маската на целото лице и врат

– И тоа е тоа — без плакнење, само спијте додека магијата делува

Што да барате во состојките:
Хијалуронска киселина за хидратација, пептиди за еластичност, витамин Ц за сјај и церамиди за заштитна бариера. Користете го неколку пати неделно за да ја забележите разликата.

Најдобриот дел? Ова е најлесното подобрување на убавината што можете да го додадете во вашата рутина вечерва.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија2 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија3 часа

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет3 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија4 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија5 часа

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија6 часа

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Економија6 часа

Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на...

Македонија6 часа

(Фото) Гаши се сретна со досегашните претседатели на Собранието: Организирањето вакви средби за размена на искуства и мислења ќе бидат од големо значење

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата...

Топ7 часа

(Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската...

Македонија7 часа

Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се...

Европа8 часа

(Видео) Масовни напади со дронови во Русија: една од најголемите рафинерии во пламен

Ноќеска, украински беспилотни летала нападнаа голем број индустриски и енергетски објекти длабоко на руска територија предизвикувајќи пожари во рафинерии и...

Европа9 часа

(Видео) Украинец преживеал некои од најжестоките битки во војната: убиен на церемонијата на доделување медали

Елитниот украински пилот на беспилотни летала Володимир Свјатненко, познат по неговиот повикувачки знак „Знахар“, кој преживеал некои од најжестоките битки,...

Свет9 часа

Кина спроведува најголемо воено засилување во светот, тврдат Австралијците

Работата на австралиските одбранбени сили за заштита на поморските трговски патишта, вклучително и оние низ Јужното Кинеско Море, станува сè...

Регион10 часа

Вучиќ: Знаеме дека двајца снајперисти се во Белград, не можеме да ги најдеме веќе три дена

Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи во емисија на домашен медиум, изјави дека обоената револуција не успеала. Тој тврди дека блокадерите...

Свет10 часа

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите одложени со часови

Повеќе од 3,2 милиони американски патници се соочуваат со одложувања и откажувања на летови, бидејќи отсуствата на контролорите на летање...

Европа11 часа

(Видео) Работник спасен од урната средновековна кула во Рим по 11 часа, починал во болница

Работникот кој беше заробен под урнатините на кулата Торе деи Конти во центарот на Рим повеќе од 11 часа почина...

Македонија23 часа

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори. Гласањето како што информираше претседателот...

Топ1 ден

Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје. Тој околу 12:30 часот...

Македонија1 ден

За вакцинација против сезонскиот грип досега пријавени над 76 илјади граѓани, почна и вакцинацијата со комерцијалните вакцини за 700 денари

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонскиот грип за ризичните категории населени досега се пријавени над 76 илјади...