Контакт

Здравје

Ординацијата „д-р Анчевски“ ја одбележува десетгодишнината со нова единствена палета ласерски техники

Објавено пред

По повод десетгодишниот роденден, дерматолошко естетската ординација „д-р Анчевски“, го одбележа јубилејот со палетата ласерски техники збогатена и со ласери за отстранување на тетоважи, за третман на габични инфекции на нокти, за третирање на попуштени вени и капилари и ласерска техника за освежување на лицето – Clearlift.

dobivaj vesti na viber

Пред една деценија, дерматолошко естетската ординација „д-р Анчевски“ започна со работа поставувајќи си цел постојано да наметнува повисоки стандарди во своето професионално поле, а како резултат на тој пристап стручниот тим зад себе има повеќе од 70.000 задоволни пациенти од земјава и од странство.

Податоците говорат дека 7.000 луѓе годишно, во просек 30 до 40 пациенти секој работен ден, минуваат низ ординацијата и прават прегледи и третмани од областа на дерматологијата, естетско-козметичка дерматологија и дерматохирургијата. Тимот на „д-р Анчевски“, во вторникот во „Light Cafè“ во Скопје, го одбележа јубилејниот десетти роденден, и по тој повод ги изненадува своите пациенти со третмани по промотивни цени. Воедно се збогатува палетата со нови ласери меѓу кои и оној за остранување на тетоважи кој првпат се носи во Македонија.

Стручниот тим е составен од тројца специјалисти дерматовенеролози, кои се имаат обучувано во познати светски центри и постојано се надоградуваат во своето професионално поле. Ординацијата се состои од три дела: центар за дерматовенерологија, естетско корективна дерматологија и центар за нега и третмани на коса со дерматохирургија. Во изминатите десет години, „д-р Анчевски“ воведе техники кои беа и останаа единствени во Македонија.

„Во делот на дерматовенерологијата покрај спроведување на прегледи и терапии на сите кожни заболувања, дијагностика и третмани на периферни крвни садови, алерголошки тестирања и озонотерапија којашто ексклузивно се работи само кај нас, се врши и компјутерирана дерматоскопија на бемки и нивно отстранување и радиобранова терапија. Компјутеризираната дерматоскопија е најсовремена техника за анализа на бемки и други пигментни промени. Додека еден од најсофистицираните начини за отстранување на кожни промени со најмала траума и белези на ткивото и со најбрза регенерација е радиобрановата техника која што ексклузивно се работи во нашата ординација“, информираа од имот на средбата со новинарите.

Во делот на естетската дерматологија се предлагаат современи процедури за корекција на брчки и ремоделирање на лице со ботокс и различни типови филери според индивидуалните потреби (филери за пополнување усни, филери за пополнување јагодици, филери за пополнување образи, врат и раце), како и освежување со мезотераписки коктели, ПРП и комбинација на ласерски техники.

Во центарот за нега и трансплантација на коса се спроведуваат третмани за нега на косата, ласерски третмани, мезотерапија, ПРП за спречување на опаѓање косата и пресадувања коса. Во дерматохирургијата се спроведуваат мали дерматохируршки интервенции.

По повод 10-годишниот роденден, палетата од ласерски техники се збогатува и со ласери за отстранување тетоважи, за третман на габични инфекции на ноктите, за третирање на попуштени вени и капилари и со техника за освежување на лицетео – или Clearlift.

Споредувајќи ја ситуацијата пред една деценија и сега, впечатокот е дека Македонците денес многу повеќе се отворени кон естетските и козметичките третмани кои некогаш беа табу тема.

„На пример, ласерското отстранување на влaкна на почетокот беше со скромен број пациенти, но низ годините бележеше постојан раст. Сепак, тоа се должи на најквалитетниот ласер со диодна технологија на светскиот пазар, на стручноста на нашиот тим, како и на сè поголемата информираност на клиентите за безбедноста и ефикасноста на третманот. Овој третман сè повеќе се бара и од машката популација“, велат од „д-р Анчевски“.

Воедно, нагорен тренд е забележлив и кај третманите за нехируршки лифтинг со филери и ботокс, што е резултат на широката палета од различни продукти за примена скроени според индивидуализираните потреби на пациентите, како и на професиналноста на докторите во ординацијата и високиот квалитет на продуктите што се користат.

Од „д-р Анчевски“ посочуваат дека и по десег години сé уште цврсто се држат до ставот дека постојано мора да се работи на себеусовршување и на подобрување на понудата и ќе продолжат да чекорат по тој професионален пат и во иднина ./крај/мф/би

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Женски“ витамини и минерали: Осумте најважни нутриенти за жените, без оглед на возраста

Објавено пред

Без разлика колку години имате, важно е да знаете кои витамини и минерали се особено важни за жените и зошто секоја жена треба да ги има предвид.

dobivaj vesti na viber

Витамините и минералите се клучни сојузници на здравјето – тие учествуваат во скоро сите процеси во телото, од создавање енергија и зајакнување на имунитетот до здрава кожа, коса и коски. Иако се важни за секого, потребите на жените за одредени хранливи материи може да варираат поради хормонални промени, менструалниот циклус, бременоста, стресот и начинот на живот.

Затоа е важно да знаете кои витамини и минерали се особено важни за жените, без оглед на возраста. Подолу е даден преглед на најважните витамини и минерали што секоја жена треба да ги има предвид.

Железо
Железото е еден од најважните минерали за жените, особено поради редовното губење крв за време на менструацијата. Тоа е клучно за формирање на хемоглобин и транспорт на кислород во телото, а неговиот недостаток може да предизвика замор, слабост и намалување на концентрацијата.

Калциум
Калциумот е неопходен за здравјето на коските и забите, но и за правилно функционирање на мускулите и нервниот систем. Кај жените, игра особено важна улога во спречувањето на остеопороза, особено како што старееме.

Витамин Д
Витаминот Д помага во апсорпцијата на калциум и е неопходен за здравјето на коските, како и за имунитетот и хормоналната рамнотежа. Бидејќи најчесто се произведува со изложеност на сончева светлина, многу жени имаат недостаток од него, особено во зимските месеци.

Витамин Б12
Витаминот Б12 е важен за здравјето на нервниот систем, производството на црвени крвни зрнца и нивото на енергија. Неговиот недостаток може да се манифестира со замор, лошо расположение и проблеми со меморијата, а е почест кај вегетаријанците и веганите.

Фолна киселина (витамин Б9)
Фолната киселина е особено важна за жените во репродуктивна возраст, бидејќи е вклучена во создавањето нови клетки и синтезата на ДНК. Исто така, придонесува за здравјето на срцето и може да помогне во намалувањето на заморот.

Магнезиум
Магнезиумот помага во опуштање на мускулите, намалување на стресот и подобрување на квалитетот на спиењето. Често се препорачува за жени кои се борат со напнатост, грчеви или ПМС симптоми.

Витамин Ц
Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој го зајакнува имунитетот и придонесува за здравјето на кожата со стимулирање на производството на колаген. Исто така, помага за подобра апсорпција на железото од храната, што е дополнителен плус за жените.

Цинк
Цинкот е важен за здрава кожа, коса и нокти, како и за имунитет и хормонална рамнотежа. Неговиот недостаток може да се одрази во послаб имунитет, кршливи нокти и проблеми со кожата.

Прикажи повеќе...

Забава

Јадете колку што сакате: Овие 9 намирници нема да ве здебелат

Објавено пред

Следењето на вашата исхрана и внесот на калории често може да биде предизвикувачко, особено со зафатен начин на живот и постојана достапност на разновидна храна. Да не ги спомнуваме празничните гозби што ги уживавме.

dobivaj vesti na viber

Броењето калории и контролирањето на порциите може да изгледа премногу и тешко за одржување во желбата да ја одржите посакуваната тежина и да не добиете вишок килограми. Сепак, добрата вест е дека постојат намирници кои се толку заситувачки и природно нискокалорични што зголемувањето на телесната тежина од нив е практично невозможно, без оглед на количината.

Според експертите од популарниот YouTube канал и онлајн фитнес бренд, Gravity Transformation – Fat Loss Experts, постои цела низа намирници со кои речиси е невозможно да претерате. Тие објаснија дека „скоро невозможно“ не значи дека имате право да јадете неограничено, бидејќи прејадувањето со која било храна сепак може да биде штетно за вашето здравје. Придржувањето до балансирана исхрана и редовна рутина на вежбање е сè уште клучно.

Со овие девет намирници, нема да се здебелите, без разлика колку јадете, пишува Mirror.

9. Јајца
Јајцата се со исклучително висока содржина на протеини, што ги прави неверојатно заситувачки. Плус, протеините го забрзуваат вашиот метаболизам. Ова значи дека не ги апсорбирате целосно сите калории од јајцата, бидејќи голем дел се согорува за време на процесот на варење“, објаснуваат експертите за губење маснотии. Меѓутоа, ако правите омлет полн со додатоци, резултатот може да биде различен.

8. Лосос
Следно на листата е диво уловен лосос. Експертите препорачуваат избегнување на лосос одгледан на фарма, бидејќи содржи значително повеќе масти од диво уловен лосос. Експертите за губење масти сугерираат дека диво уловен лосос е всушност одличен за регулирање на телесната тежина бидејќи е богат со протеини, многу заситувачки и има половина од мастите од лососот одгледан на фарма.

7. Салца
„Салцата е еден од сосовите со најмалку калории“, велат експертите. Според Healthline, типична порција салца е околу две лажици и содржи помалку од 10 калории во просек, така што можете да ја додадете обилно во вашите омилени јадења без да се грижите за контрола на порциите. Халапењо пиперките, кои содржат соединение наречено капсаицин, исто така можат да ја зголемат способноста на вашето тело да согорува масти, што може да помогне во губењето на тежината.

6. Кисели краставички
Киселите краставички се одлични за јадење во големи количини бидејќи се природно ниски во масти и калории, што ги прави паметен избор за секој што внимава на внесот. Тие исто така обезбедуваат мали, но вредни количини на есенцијални витамини и минерали. Сепак, здравствените експерти предупредуваат дека тие содржат многу натриум.

5. Пилешки гради
Пилешкото е главен извор на немасни протеини, нудејќи висок процент на протеини по порција, а воедно е ниско во мастите, што го прави основна состојка во многу здрави диети. „Порција од 100 грама пилешки гради содржи 165 калории, 31 грам протеини и 3,6 грама масти. Ова значи дека околу 80% од калориите во пилешките гради доаѓаат од протеини, а 20% од масти“, објаснуваат експертите од Healthline.

4. Лубеница
Според Healthline, лубеницата е составена претежно од вода (91%) и јаглехидрати (7,6%). Таа речиси и да не содржи протеини или масти и е многу нискокалорична. Според експертите, 100 грама лубеница содржи само 30 калории.

3. Печурки
Печурките се исто така на листата на храна што можете да ја јадете без страв од зголемување на телесната тежина. Ова е затоа што се нискокалорични, а богати со витамини и хранливи материи.

2. Пиперки
Исто како печурките, пиперките се нискокалорични, но сепак се полни со хранливи материи кои го поддржуваат вашиот метаболизам и имунолошки систем. Една пиперка со средна големина, околу 120 грама, има само 30 до 40 калории, според земјоделската компанија Dominion Integrated Farms. „Пиперките, благодарение на нивната содржина на влакна и вода, помагаат во промовирањето на ситоста. Тие додаваат волумен на оброците без значително зголемување на калориите, што ги прави совршени за големи, нискокалорични оброци“, објасни компанијата.

1. Пуканки
Пуканките се изненадувачки одлична, нискокалорична ужина. Не само што обезбедуваат влакна, туку содржат и антиоксиданси кои ја поддржуваат циркулацијата и помагаат во варењето на храната.

„Пуканките за кино се различни од домашните пуканки. Кутија пуканки за кино може да содржи до 1.090 калории и 2.650 милиграми натриум. Кога се пукаат на воздух и се лесно зачинети, пуканките се ефикасно здрава ужина“, објасни Американското здружение за срце.

Прикажи повеќе...

Забава

Методот 5/25/25 – најпопуларната диета по празниците: Топи килограми без ограничување на оброкот

Објавено пред

Методот 5/25/25, измислен од фитнес инструкторката Џули Капицело, не го ограничува вашиот оброк, а ви помага да ослабете.

dobivaj vesti na viber

Нема смисла да се лажете себеси – не постои единствен и најдобар начин за слабеење, бидејќи нашите тела се различни и имаме различни потреби – од губење на 3-6 килограми до губење на дури 30 или 60 килограми. За среќа, балансираниот пристап кон слабеењето, базиран на разновидно мени и неисклучување на цели групи на храна од исхраната, станува сè попопуларен.

Таков метод за слабеење е 5/25/25, измислен од фитнес инструкторката Џули Капицело. Што е уникатно во врска со овој метод?

Методот 5/25/25 не го ограничува вашиот оброк.
Методот 5/25/25 се фокусира на додавање намирници во вашата исхрана, а не на исклучување од вашето мени. Според неговиот автор, тоа е одлична основа за употреба, без оглед на тоа дали штотуку започнувате или веќе имате искуство во грижата за вашата фигура и што јадете секој ден.

Методот 5/25/25 значи пет оброци дневно. Секој треба да содржи 25 г протеини, а во текот на денот треба да обезбедиме и 25 г влакна. Благодарение на овој пристап, не ограничуваме одредени намирници, туку додаваме „гориво“ на нашите оброци што помага да се одржи витка фигура.

Пример за мени предложено од фитнес тренер:

– Појадок: јајца, сланина од мисирка и тост;

– Ручек: салата со стек и многу зеленчук;

– Оброк пред тренинг: оризови вафли со путер од кикирики и банана;

– Оброк по тренинг: протеински шејк;

– Вечера: пилешко, печен компир и зелен зеленчук.

„Запомнете дека нутритивните потреби на секого се различни, затоа користете го ова како водич/почетна точка, а не како совршен план за оброци за вас“, потсетува фитнес инструкторот.

Како функционира методот 5/25/25?

Помалите оброци што содржат доза на протеини и влакна, консумирани редовно, помагаат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, што значи дека не чувствуваме прејадување или сме претерано гладни. Во текот на денот, му обезбедуваме на нашето тело „гориво“ што може да го користи. Протеините се градежен блок на мускулите, лесно се сваруваат и ви овозможуваат да се чувствувате сити подолго по оброкот. Соодветната количина на протеини, исто така, има позитивен ефект врз придвижување на метаболизмот. Соодветното ниво за повеќето жени е 25 g протеини по оброк.

Покрај протеините, методот 5/25/25 е важен и за снабдувањето со влакна. За жал, обично консумираме премалку од нив, што доведува до разни проблеми, вклучително и проблеми со варењето. „Консумирањето на оваа количина на влакна (25 g на ден) помага во одржувањето на редовните празнења на цревата и го промовира здравјето на цревата со поддршка на корисните бактерии“, објаснува фитнес инструкторот, додавајќи дека влакната, исто така, го зголемуваат чувството на ситост по оброците и помагаат во стабилизирање на нивото на енергија.

Како да се имплементира методот 25/5/25?

Методот 5/25/25 не е тежок за спроведување на дневна основа, но има неколку правила што треба да се запомнат:

Јадете помали оброци богати со хранливи материи
Фокусирајте се на планирање пет помали оброци на ден, што ќе ви помогне да избегнете прејадување и напади на глад и да одржувате стабилни нивоа на шеќер во крвта. Базирајте ги вашите оброци на протеини, здрави масти и влакна. На почетокот на вашата авантура 5/25/25, можете да испечатите листи на производи богати со одредени состојки и да ги комбинирате соодветните производи во оброци врз основа на тоа.

Секогаш чувајте извори на протеини во вашиот фрижидер
Ќе биде полесно да ги планирате вашите оброци и да додавате протеини во секој од нив ако имате производи богати со протеини при рака. Затоа, погрижете се вашиот фрижидер (и замрзнувач) да бидат полнети со многу туна, грчки јогурт, урда, пилешко и лосос. Ако не јадете животински производи или го ограничувате внесот на месо, важно е да се снабдите со грав и други мешунки, кои се одлични извори на протеини.

Појадувајте во рок од три часа по будењето
Појадокот е најважниот оброк во денот, но ако не ви се јаде веднаш по будењето, нема смисла да се форсирате. Сепак, вреди да го изедете првиот оброк во рок од три часа по будењето и не заборавајте да додадете протеини. Појадок на база на јајца или овесна каша со природен јогурт ќе ви даде чувство на ситост и енергија во првата половина од денот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија2 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија3 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија4 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет4 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет5 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет6 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет7 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет8 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет11 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија13 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет14 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет16 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет20 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет24 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 ден

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет1 ден

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет1 ден

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...