Контакт

Здравје

Превенција во лето за контактен дерматитис

Објавено пред

Контактен дерматитис е исип на кожата, предизвикан од контакт со одредена супстанца. Исипот е ограничен на одредена област и често има јасно дефинирани граници.

dobivaj vesti na viber

Голем број на супстанци може да предизвикаат ваква состојба на кожата, тоа се манифестира на два начина како:• иритација (стимулаторен контактен дерматитис), или• алергиска реакција (алергиски контактен дерматитис).Одредени супстанци при први случаи на користење можеби нема да предизвикаат реакција, но постојаната изложеност или контакт со истите може да предизвика чешање и дерматитис во рок од 24 часа. Луѓето може да бидат изложени со години на разни супстанци без никакви проблеми, а потоа одеднаш да се развие алергиска реакција. Контактен дерматитис може да се јави од средствата за чистење, козметика, облеката која ја носиме, накит, контакт со билки, морски свет… Кај луѓето може да се развие дерматитис на сите материјали со кои секојдневно доаѓаат во контакт. Многу хемикалии се користат во производството на облека така што нашата кожа може да страда од алергиска реакција или контактен дерматит.Доколку се појави дерматитис при допир од некоја супстанца, а потоа кожата ја изложите на сонце тоа се нарекува фотоалергиски или фотоксичен контактен дерматит Такви супстанци се кремите за сончање, лосиони за после бричење, парфеми…Симптоми на контактен дерматитисСимптомите се движат од благи, краткотрајни црвенила до голем оток. Најчесто има исип или мали плускавци (везикули). Во прво време, исипот е ограничен само на местото на контактот, но подоцна може да се прошири. Површината на исипот може да биде многу мала (на пример, на увото ако дерматитис е предизвикан од обетки) или може да се исипе целото тело (на пример, ако причината за дерматитис е лосион). Ако супстанцијата што предизвикала исип е отстранета, црвенилото обично исчезнува во рок од неколку дена. Меурчињата може да истечат и да се создадат красти, кои за неколку дена ќе се исушат и ќе се изронат. Како резултат може да се јави лупење на кожата, чешање и задебелување на кожата, сето тоа може да трае со денови или недели.Ваква силна реакција може да се случи доколку сте во контакт со одредена билка, на пример смоква, или контакт со морски свет, посебно контакт со медуза. Дијагноза на контактен дерматитисДа се утврди причината за контактен дерматитис не е секогаш лесно, бидејќи можностите се бескрајни. Покрај тоа, луѓето не се свесни за сите супстанци со кои доаѓаат во контакт. Многу често тоа е важен клуч во одредувањето на причините за контактен дерматит.

Третман на контактен дерматитисТретманот се состои од утврдување и отстранување на причината, или да се избегне нешто што предизвикува контактен дерматитис. За да се спречи инфекција и да се избегне иритација, лицето треба редовно да ја мие кожата со вода и благ сапун. Меурите не смеат да се чешаат или пукаат. Исто така користењето на завои може да помогне, да се спречи ширењето на инфекцијата.Кортикостероид креми или масти обично се добри за да се ублажат симптомите на благ контактен дерматитис. Понекогаш во тешки случаи на контактен дерматитис се препишува кортикостероиди таблети. Во одредени случаи антихистаминици го олеснуваат чешањето, но во повеќето случаи не се особено корисни. СоветПри вакви манифестации на кожата веднаш консултирајте се со вашиот дерматолог, бидејќи ненавремен третман може да ја искомплицира сликата со бактериска или друга инфекција, и да го отежне лекувањето и заздравувањето. Д-р Анета Кокалеска ПетрушевскаСпец. ДерматологОрдинација Д-р Анчевскител. 02/ 321 66 08www.ancevski.com.mk/крај/мф/бб

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Зошто понекогаш е добро да се направи пауза во процесот на слабеење?

Објавено пред

Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.

dobivaj vesti na viber

Повеќето луѓе кои се обидуваат да ослабат се фокусираат на строги диети и постојан калориски дефицит, надевајќи се на брзи резултати. Сепак, таков пристап често води до замор, губење на мотивација и откажување пред да се постигнат посакуваните цели.

Еден од најефикасните начини за одржување на мотивацијата и постигнување подобри резултати е воведување планирани паузи за време на губењето на тежината. Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.

Ова му дава на телото шанса да се одмори, а метаболизмот се стабилизира, додека психолошки се регенерира. Телото не е под стрес и подоцна кога ќе продолжите со планот и програмата, има мотивација.

Паузите исто така помагаат во учењето како правилно да се одржува тежината. Многу луѓе не знаат како да јадат по диетата и често се враќаат на старите навики, што доведува до враќање на изгубената тежина. Кратките, планирани паузи му овозможуваат на телото и навиките постепено да се прилагодат на новата тежина и навиките во исхраната.

Покрај тоа, паузата од ограничувањата го намалува гладот ​​и психолошкиот притисок, што му помага на лицето да се врати на диетата со обновена енергија и дисциплина. Паузите не се знак на слабост или откажување, туку стратешка алатка за долгорочен успех во слабеењето.

Затоа, правењето планирани паузи може да ги подобри и физиолошките и психолошките аспекти на процесот на слабеење, да го олесни постигнувањето на целите и да помогне во одржувањето на посакуваната тежина по завршувањето на диетата.

Прикажи повеќе...

Забава

Неколку навики додека се туширате секојдневно ви ја уништуваат кожата

Објавено пред

При секојдневно туширање, често се јавуваат проблеми со кожата како што се затегнатост, лупење, сивост или иритација, а експертите ги објаснуваат најчестите причини за ова.

dobivaj vesti na viber

Дерматолозите предупредуваат дека најголемите проблеми со кожата не доаѓаат само од силните производи, туку и од мали, повторувачки грешки кои полека ја оштетуваат заштитната бариера. Затоа е клучна правилната нега на кожата.

Експертите тврдат дека најпријатните моменти во туширањето, долгите и топлите, се и најштетни бидејќи водата над 38 степени ги раствора липидите, природните масла што ја одржуваат кожата мека и еластична.

Кога ова се случува секој ден, бариерата се истенчува, губи влага и развива препознатлива комбинација од затегнатост и чувство на „крцкање“.

Кожата потоа изгледа чиста, но е и исцрпена. Експертите советуваат да се користи млака вода, која чисти без да ја наруши природната состојба на телото. После тоа, кожата подобро ја прифаќа грижата, а сувоста на кожата исчезнува речиси преку ноќ.

Дополнително, геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават она што го прави топлата вода, односно отстрануваат повеќе отколку што е потребно. Кога на тоа ќе се додаде и секојдневната употреба на сунѓери кои механички ја тријат кожата, резултатот е потенцијална хронична иритација, која најчесто се гледа на рамената, градите, нозете и подлактиците.

Она што ѝ е потребно на вашата кожа е понежен пристап во форма на поприродни гелови и оние со минимален број состојки, без интензивни мириси.

Исто така, препорачливо е да нанесувате производи за нега на тело во првите 60 секунди по туширањето. Тогаш вашата кожа најбрзо ја губи влажноста.

Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата е влажна, се создава заштитен слој што ја одржува кожата мека во текот на целиот ден.

Дерматолозите велат дека ова е една од најбрзите промени што носи видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаеното.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Најдобрата вежба за стегнат задник

Објавено пред

Како што температурите се намалуваат и тренинзите се префрлаат од парковите во теретаните, фокусот повторно е на докажани вежби за сила и форма.

dobivaj vesti na viber

Главниот фокус, секако, се задникот и нозете. Интернетот е полн со програми за „peachy gluteus“ и силни нозе, но кога ќе се собере сè и ќе се одземе, постои една вежба која постојано се издвојува како кралица на долниот дел од телото – бугарско чучнување.

Повеќето луѓе прво помислуваат на стандардното чучнување или популарниот hip thrust кога сакаат да го активираат задникот. И да, и двата се одлични за вежбање, но не се број 1. Според многу тренери и студии, бугарско чучнување е супериорна вежба кога станува збор за активирање на мускулите на задникот, тетивите и квадрицепсите. Тоа е еднострана вежба која ги таргетира вистинските мускули, а воедно ја подобрува рамнотежата, стабилноста и симетријата на телото.

Бугарско чучнување се изведува со поставување на едното стапало на подигната површина (обично клупа) додека се прави клекнување со другото. Иако изгледа едноставно, оваа вежба брутално ги погодува мускулите и по само неколку повторувања ќе почувствувате како „горат“ – во најдобрата смисла на зборот. Може да се прави со сопствена тежина, тегови или шипка, во зависност од вашето ниво на искуство.

Она што ја издвојува оваа вежба е максималното активирање на глутеусите во долната фаза од движењето и фактот дека ја елиминира можноста посилната нога да ја „преземе“ работата на послабата, што е чест проблем кај класичните чучњеви. Покрај тоа, бидејќи бара рамнотежа и координација, ги вклучува и мускулите на јадрото, па затоа работите со повеќе мускулни групи во една вежба.

Значи, ако сакате да ги обликувате нозете и задникот, а не сакате да поминувате часови во теретана правејќи бесконечни серии, бугарско чучнување треба да биде на врвот на вашата листа. Не е најлесно, но дефинитивно е најефикасна вежба.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ47 минути

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија2 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија3 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет5 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија19 часа

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија21 час

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија23 часа

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија1 ден

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија1 ден

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија1 ден

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија1 ден

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија2 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија2 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија2 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија2 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија2 дена

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија2 дена

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија2 дена

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...