Црна хроника
Ја затворал канцеларијата во Битола и го нападнале крадци

Во понеделникот битолчанец пријавил дека кога ја заклучувал канцеларијата го нападнале крадци, кои му ја затвориле устата, го врзале и го турнале по скали.
Имено, Д.Д. (74) од Битола пријавил дека во неделата, околу 19.30 часот ул. „Браќа Мингови“ во административна канцеларија две маскирани непознати лица извршиле разбојништво над истиот, при што му одзеле едно ДВД “Филипс“, златен накит и накит бижутерија.
Имено, Д.Д. откако го отклучил катанецот од влезната врата на наведениот објект, од задната страна му дошле лицата, го турнале по скалите каде истиот паднал, му ги врзале рацете и устата, по што му побарале пари. Откако им кажал дека во него има само 250 денари, лицата не му ги одзеле и почнале да пребаруваат по објектот каде ги нашле и одзеле наведените работи и го напуштиле местото на настанот.
Увид извршила увидна екипа од СВР-Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.