Црна хроника
Го претепале и му украле 15.000 денари од џеб

Момче од Битола, во четвртокот било пресретнато на улица во Битола, од двјаца напаѓачи кои го претепале и му ги украле парите од џеб.
Имено, како што пријавил утрото во полиција, А.Ќ. (26) од Битола, тој ден, околу 04.30 часот на ул. „Партизанска“ му било извршено разбојништво од страна на две непознати лица. Сторителите му се доближиле од позади грб, по што едно од лицата го удрило со тврд предмет во пределот на главата и тој паднал на земја. Кога се обидел да стане, повторно бил удрен во пределот на лицето. Додека лежел на земја сторителите извршиле пребарување во џеповите од каде му одзеле 15.000 денари, по што побегнале од местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.