Црна хроника
Британец ограбен и киднапиран на Маврово
Британски турист кој се возел со велосипед по Маврово, бил ограбен од три непознати лица, кои потоа го врзале и со автомобил го однеле од таму, но тој се ослободил стапил во контакт со своите родители во Велика британија, кои се јавиле во македонксата полиција да го пријават случајот.
Какошто соопшти полицијата, во средата во 6 часот во ПС Гостивар, од Лондон-Велика Британија, било пријавено дека лицето O.M.J. (32) од Холингтон-Велика Британија, кое било во шума во близина на Ново Село, побарало помош.
Околу 7.25 часот полициски службеници излегле на местото при што, помеѓу каменоломите на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на ридот било забележано лицето O.M.J., кој пријавил дека врз него било извршено кривично дело „разбојништво“.
Имено, во вторникот, околу 19 часот, движејќи се на наведениот пат со велосипед, на околу 500 метри од крстосницата за „Бунец“-Маврово, бил запрен од три непознати лица кои му побарале пари. Тој им дал 2.000 денари и две кредитни картички, по што две од лицата заминале за Гостивар, а едното лице останало да го чува.
По половина час двете лица се вратиле, а лицето што го чувало со текстилна лента му ги врзало рацете, го внел во возилото и се упатиле кон Гостивар. Оштетениот, кој бил на задното седиште, успеал да извади нож кој го носел со себе, се одврзал и на едно од лицата му задал неколку удари со ножот.
Напаѓачите го запреле возилото, а оштетениот успеал да ја отвори задната врата и избегал во правец на планината. Оттаму, со неговиот мобилен телефон преку социјалните мрежи успеал да се лоцира, од каде неговите родители од Велика Британија пријавиле во полициска станица.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.