Црна хроника
Двајца скопјани пријавиле напади од кучиња скитници
Двајца скопјани вчера во полициската станица Центар пријавиле дека биле нападнати од група бездомни кучиња.
Според информациите од МВР, едниот инцидент се случил вчера околу 7.15 минути наутро на улица „Лазар Личеновски“ кога 59-годишен маж бил нападнат од четири кучиња и бил каснат кај левата потколеница. Нему му била укажана лекарска помош во Клиниката за инфективни болести.
Другиот случај бил регистриран на скопската улица „Трифун Хаџи Јанев“ во четвртокот околу 22 часот. Дваесет и петгодишна девојка била нападната од неколку кучиња скитници и била касната за десната нога. И на неа и била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.