Црна хроника
На улица во Скопје му украл близу 850.000 денари
Во понеделникот, под закана со нож и со неколку уради, на 27-годишен скопјанец му била одземена вреќа со пари.
Како што соопшти полицијата, околу 15.15 часот Скопје на бул. „Јане Сандански“ на паркинг од страна на непознато лице било извршено разбојништво над А.Р. (27) од Скопје, при што му биле одземени 843.000 денари. Имено, откако пријавителот се паркирал на паркингот и излегол од возилото држејќи во рака кеса во која имало пари, сторителот два пати со тупаница го удрил во пределот на главата и лицето, а во другата рака држел нож, од што пријавителот се исплашил за неговиот живот и без да дава отпор му ја дал кесата со парите по што сторителот го напуштил местото на настанот, а оштетениот почнал да трча по него, но не успеал да го стигне.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.
Ноќта пак, околу 2.50 часот во село Муртино-струмичко поточно на бензинска пумпа на Макпетрол, две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над еден вработен при што физички го нападнале и му одзеле сума на пари од околу 60.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.
СВР Струмица презема мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.