Црна хроника
Трojцa загинати во сообраќајка кај Прилеп
Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи во петок доцна навечер на патот Прилеп-Битола кај селото Алинци, сооптши Министерстовото за внатрешни работи
Во несреќата животот го загубија 42-годишниот Стевче Секуловски, 51-годишниот Љупчо Наумоски од битолското село Братин Дол и 39-годишната Билјана Јорданоска од Прилеп.Несреќата се случила при директен судир на патничкото возило „шевролет авео“ со битолски регистерски таблички управувано од Секуловски на кого сопатник му бил Наумоски и „опел астра караван“ со прилепски регистерски таблички кој го управувала Јорданоска.Медицинските екипи кои се упатиле на местото на несреќата констатирале смрт кај патниците.„Се’ уште не се познати причините кои довеле до тешката несреќа во која го загубија животот сите тројца патници во двете возила’, изјави истражниот судија Ѕвонко Младеноски кој го изврши увидот на местото на несреќата. Увид на местото на несреќата извршија и екипи на полицијата и заменик јавен обвинител. Истрагата за причините за тешката сообраќајна несреќа е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.