Црна хроника
Изгаснат големиот пожар во зграда во Чаир, спасено цело семејство
Изгаснат е пожарот што избувна попладнево во зграда во Чаир на улицата „Цветан Димов“, потврди за Макфакс командирот на Противпожарната единица, Благоја Менковски.
Според неговите информации, повредени нема, спасено било цело семејство кое било загрозено од пламените јазици. Пожарот избувнал во т.н. остава и се проширил по вертикалата до деветти кат. Сепак пожарникарите не дозволиле огнот да се прошири во становите, пламените јазици ги зафатиле само оставите.Во гаснењето на пожарот учествувале 15 противпожарни возила и 34 пожарникари. Причината за пожарот сè уште не е позната. Полицијата треба да направи увид на местото на пожарот и да утврди од што избувнал пожарот./крај/мф
Извор: Фото: Телеграф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.