(Видеодебата) Јаниќијевиќ – Тасевски: Театарот влијае врз јавната свест, претстави не се откажуваат

(Видеодебата) Јаниќијевиќ – Тасевски: Театарот влијае врз јавната свест, претстави не се откажуваат

Со поплавата во Македонскиот народен театар, што предизвика штета на скапиот ентериер и соголи дел од приказната за изградбата на гламурозниот објет, се случи да се откаже и претставата „Ничија земја“, со што паднаа и дел од театарските маски на ансамблот на оваа национална културна инститиција.

Публиката од речиси 600 посетители, делумно со свирежи, но и со позитивни реакции, ја поздрави одлуката на ансамблот минатата сабота да се солидаризира со притворот на колегата, актерот Владо Јовановски, во истражниот затвор, обвинет за настаните од Собранието на 27 април.

На социјалните мрежи некои од актерите го образложија мотивот за солидарноста. Директорот на театарот, Драган Спасов – Дац, изјави дека ќе преземе дисциплински мерки за актерите што таа вечер не ја завршиле работата, односно ќе бидат казнети како што налага правилникот за работа.

Во целата мешаница повторно се случија поделби, обвинувања, претпоставки под партиски или политички образложенија. Во обид нештата да станат појасни ги поканивме на дебата дел од „непослушните“ актери од МНТ, како и директорот на театарот, но никој од нив не ја прифати поканата.

За настаните од МНТ, кои ја брануваа јавноста минатата недела, но и за широката слика на театарската дејност, како да се излезе од волшебниот круг на поделбите, колку уметниците се општествено одговорни, дали се создава нов културен амбиент, зборувавме со Сашо Тасевски, актер и директор на Драмскиот театар, и со Срѓан Јаниќијевиќ, режисер и вработен во МНТ. (А.В)