Голем пожар во Кондово

Голем пожар во Кондово

Голем пожар го зафати скопско Кондово.  Како што велат очевидци, пожарот бил во близина на обиколницата, а поради силниот ветер огнот со голема брзина се ширел од шумата кон селото.

Според мештаните ситуацијата е сериозна, а очевидци велат дека пожарот се приближува до куќите.

Центарот за управување со кризи побара помош од Градот Скопје и општина Сарај за ставање под контрола на пожарот кој почнал попладне, а во 22 часот се разгорел поради ветрот и се приближил до селото.