Исчезнатите планинари на Кајмакчалан пронајдени мртви

Исчезнатите планинари на Кајмакчалан пронајдени мртви

Двете лица кои ноќеска беа пријавени за исчезнати се пронајдени и извлечени од врвот Кајмакчалан и со итна медицинска служба пренесени во најблиската болница каде е констатирана смрт, потврдуваат од МВР за Макфакс.

Планинарите од Македонија загинале на врвот Кајмакчалан најверојатно по пад во бездна. Засега познат е идентитетот само на 26-годишната Калина Велевска која заедно со починатото момче биле членови на планинарскиот дом „Трансверзалец“

Планинарите по телефонскиот сигнал биле лоцирани во непрооден дел, но не давале знаци на живот. Спасувачката акција започнала по пријавата на останатите планинари кои ја искачувале планината откако приметиле дека Велевска и 35 годишниот маж ги нема во групата.

13 спасувачи, 3 возила и еден хелихоптер беа вклучени во потрагата во која подоцна се приклучи и граничната полиција и Центарот за управување со кризи.

Виктор Јованов