Народната банка ќе купува млечни чоколади, икебани, букети и венец

Народната банка ќе купува млечни чоколади, икебани, букети и венец

Народната банка на Република Македонија преку електронска акуција ќе набавува млечни чоколади. Според објавениот оглас, млечните чоколади треба да бидат со логото на банката, слики од банкноти од 500, 1000, 200, 100, 50 и 10 денари. Според техничката спецификација, секоја чоколадата треба да биде 5 грама, а треба да се изработат 68.000 парчиња. Проценета вредност на чоколадите без ДДВ е 127.118 денари или околу 2.000 евра.

Истовремено, распишана е јавна набавка за 440 цвеќиња. Народната банка бара да купи икебани од 60, 50, 40 сантиметри, како и букети и венци. Според огласот, банката бара три рози од 80 сантиметри во розова боја, еден антуриум во црвена боја, еден крин во розова боја, две гранчиња гипсофила, како и шест розови гербери. Саксиското цвеќе треба да биде високо 15 сантиметри, спакувано во украсна хартија во црвен боја и машна ПВЦ во златна боја во должина до 1 метар. Проценета вредност на цвеќињата е 257.627 денари без ДДВ или нешто повеќе од 4.000 денари.

Најповолната понуда ќе се избира преку електронска аукција на крајот од февруари.

К. Ландов