Контакт

Daily news

Најскап случај во историјата на Хашкиот суд: Судењето на Ратко Младиќ досега чини 2 милиона евра

Објавено пред

Хашкиот трибунал, Република Српска и Србија досега платиле речиси два милиона евра за одбраната на Ратко Младиќ, за посетите на членовите од неговото семејство во притворското одделение во Шевенинген, објави БИРН БиХ. Во оваа сума влегуваат и средствата што Србија и Република Српска му ги исплатиле лично на Младиќ.

dobivaj vesti na viber

Експертите го нарекуваат предметот на Младиќ најтежок, но воедно и најскап во историјата на работата на судот во Хаг.

Адвокатите на Младиќ – Бранко Лукиќ, Миодраг Стојановиќ и Драган Иветиќ, како и осум помошници, до завршувањето на доказната постапка го чинеле трибуналот приближно 1.945.500 евра.

Тројцата адвокати од трибуналот добиле по десет авионски билети годишно, што изнесува речиси 37.500 евра, за да пристигнат во Хаг на судењата.

Србија исто така му помагала на Младиќ, така што нему лично во изминатите четири години и неколку месеци му исплатила 11.400 евра, а посетите на неговото семејство, што вклучува авионски превоз и патни трошоци, чинеле 41.800 евра.

Кога во прашање е Република Српска, владата во 2013 и 2016 година му дала еднократна помош на Младиќ од по 5.128 евра.

Ратко Младиќ беше уапсен во Белград во 2011 година по повеќе години во бегство. Тој е обвинет дека како командант на војската на Република Српска извршил геноцид во шест босански општини, во Сребреница, за тероризирање на населението во Сараево, за земање заложници, како и за прогон на Бошњаци и Хрвати од целото подрачје на Босна и Херцеговина.

Првпат во судницата во Хаг се појави во јули 2011 година.

Адвокатот Стојановиќ рекол дека на одбраната на Младиќ ѝ се плаќало во три фази – подготвителна, судечка и жалбена.

Во подготвителната фаза, која траела од мај 2011 до мај 2012 година, од буџетот на трибуналот месечно за адвокатите биле издвојувани 10.000 евра, а за помошниците 8.000 евра. Вкупно се исплатени 216.000 евра.

Судечката фаза траела 47 месеци, од мај 2012 до април 2016 година, а адвокатските тарифи биле значително повисоки. Месечно добивале речиси 21.000 евра, а помошниците 15.000 евра.

Според овие податоци, трибуналот во судечката фаза за одбраната на Младиќ исплатила 1.692.000 евра. За авионски билети трибуналот платил 37.500 евра.

За вештаците бил определен дополнителен буџет. „Експертски час чини 100 евра, а нам ни беа одобрени 150 часа. Значи, добивме 15.000 евра, кои моравме да ги вклопиме“, рекол адвокатот.

Жалбената фаза ќе настапи по изрекување на пресудата закажана за 22 ноември.

Србија на семејството на Младиќ му исплатило 41.800 евра. Станува збор за патни трошоци, сместување и авионски билети за тројца членови на неговото семејство. Србија до 2013 година му исплаќала и помош на Младиќ, по 200 евра месечно. Досега му се исплатени 11.400 евра.

Кога е во прашање Република Српска, на Младиќ му се исплатени два пати по 5.128 евра. Станува збор за еднократна помош за материјално обезбедување лица од РС, кои се наоѓаат во притвор по одлука на трибуналот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците. “Јас исто така...

Македонија5 часа

(Видео) Кривична пријава за 23 – годишниот кривопаланчанец кој со автомобил влечеше куче

Против 23- годишникот кој со автомобил влечеше куче ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. „На 10.05.2025 во 23.30...

Македонија6 часа

(Видео) Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе има уште една, завршна средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен...

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани: Нема закон што ќе ја избрише тагата, но да покажеме дека сме тука за семејствата

Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја повика партијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани.  Од СДСМ велат дека како...

Македонија9 часа

Уапсен кичевец, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Утрово полицијата во Кичево го уапси Е.А. (48) оти со секира ги нападнал родителите и си го убил таткото. „Околу...

Македонија9 часа

Кривична и притвор за Турчин поради обид за убиство во Скопје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од...

Македонија10 часа

Димитриевски од Охрид: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за Наша Македонија во Охрид, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски...

Регион11 часа

Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116. Лидерот на Социјалистичката...

Европа23 часа

Зеленски: Идејата за демилитаризирана зона е мртва

Зборувајќи на прес-конференција во Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата за воспоставување демилитаризирана зона во војната со Русија....

Европа23 часа

Путин: Ќе размислам

Владимир Путин ќе го „разгледа“ западниот предлог за целосно и безусловно примирје во Украина, откако Велика Британија, САД и европските...

Македонија1 ден

Истрага против турски државјанин за обид за убиство во Скопје: со метален капак од шахта повеќе пати го удирал оштетениот во глава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил...

Европа1 ден

Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа...

Европа1 ден

Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа...

Европа1 ден

Туск: Чекаме да видиме како ќе реагира Русија

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека одлуката за прогласување примирје од Киев е симболична, бидејќи станува збор за град кој...

Европа1 ден

Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот мора да започне в понеделник; Песков постави услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција изјави дека тој и лидерите на европските земји се согласиле дека „безусловното примирје мора...

Македонија1 ден

(Видео) „Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината“, кажа Манасиевски

„Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел...

Топ1 ден

Тело на почината жена пронајдено во водите на Калиманско езеро

Вчера во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината...

Македонија1 ден

СДСМ: Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

„Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и...

Свет1 ден

(Фото) Како изгледа индиски Кашмир по нападот од Пакистан

Пакистанската армија објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека, како...

Европа1 ден

(Видео) Макрон, Мерц, Стармер и Туск заедно во Украина: „Ќе го зголемиме притисокот врз Русија“

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Полска денес се во Украина, во првата таква заедничка посета, за да разговараат...