Daily news
Осум митови за разводот
Разводот може да биде еден од најболните случувања во животот на личноста, но некои митови кои настанаа околу разводот можат да ги направат работите уште полоши. Без оглед на тоа дали размислувате за развод или само сакате да се ослободите од најчестите заблуди, потребно е да се отфрлат стереотипите.
1. Разводот значи пораз
Дури и ако сакате да го живеете животот со еден партнер, не го сметајте разводот за неуспех. Односот мора да биде олицетворение на среќа и заеднички достигнувања, а нешто што само треба да трае. Ако сте биле многу години заедно, би требало да размислувате за бракот како успех, дури и ако завршил.
2. Разводот не може да заврши без болка
Кога луѓето кои некогаш се сакале станат огорчени непријатели, можат само да се обвинуваат меѓу себе, но не и разводот. Тешко е да се прекине бракот без болка, но не е невозможно. Тоа е само обичен мит кој лесно може да се оспори со фактот дека само неколку разводи завршиле на суд. Најчесто партнерите успеале да постигнат спогодба, барем преку своите адвокати.
3. Ако не сте задоволни, тогаш разводот е решение
Додека децата навистина тешко го поднесуваат разводот на родителите, сепак најважно е децата да бидат среќни. Конфликтите и непријатните ситуации во домот исто така имаат негативно влијание на децата. Сепак истражувањата покажуваат дека само 15 отсто од децата покажуваат сериозни пробелми по разводот, причина за тоа може да биде и лошото родителство, а не самиот развод.
5. Заедничкиот живот пред бракот влијае на развод
Многу студии покажуваат дека заедничкиот живот пред брак го намалува бројот на разводи. Ова е уште еден мит, но староста на партнерот е многу поважна од заедничкиот живот. Постои поголема веројатност дека младите жени почесто се разведуваат.
6. Ризик од развод во вториот брак
Технички, тоа е вистина, но многу претерана. Според истражувањата, стапката на развод во вториот брак е само три отсто поголема, отколу во првиот.
7. Можете да го заштитите својот брак од развод
Во врската важно е да го сакате партнерот, но од идејата дека можете да се заштитите од развод треба веднаш да се откажете. Ова е уште еден мит, затоа што не живеете со робот, туку со човек и не сте во состојба да ги контролирате постапките на партнерот.
8. Неверство – главна причина за развод
Само 17 отсто од разводите се предизвикани од изневерување. Изборот на погрешен брачен другар може да биде главна причина за развод. Недостигот на материјални средства исто така се смета за главна причина на конфликти кај многу двојки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.