(Видео) СЈО влезе во Град Скопје

(Видео) СЈО влезе во Град Скопје

Специјалното јавно обвинителство денеска влезе во просториите на Град Скопје. Од СЈО велат одржале работен состанок без да откриваат детали од средбата, но според информации на „Макфакс“, обвинителството собира информации за предистражна постапка. Неофицијално се разговарало за отпочнување соработка со која ќе се чешлааат документите за проектот „Скопје 2014“ , но и други материјали за кои СЈО има индиции и се сомнева дека имало криминал, според прислушуваните разговори.