Турција ќе апси 133 лица поради користење апликација за праќање кодирани пораки

Турција ќе апси 133 лица поради користење апликација за праќање кодирани пораки

Турските власти издадоа налог за апсење 133 лица вработени во министерствата за финансии и за социјални работи во рамките на пошироката акција против учесниците во неуспешниот пуч минатата година.

Осомничените се задржани во притвор бидејќи наводно ја користеле апликацијата за праќање кодирани пораки „Бајлок“, која турските власти тврдат дека ја употребувале луѓето на Фетулах Ѓулен, свештеникот што живее во егзил во САД и кој турскиот претседател Ердоган го обвинува дека стои зад минатогодишниот пуч.

Од јули минатата година досега 150.000 лица се сменети или суспендирани од работните позиции во јавниот и во приватниот сектор, а повеќе од 50.000 се уапсени поради учество во пучот.