Контакт

Daily news

Михајлоски: ВМРО-ДПМНЕ може да се реформира само однатре

Објавено пред

Групата на „реформатори“ на ВМРО-ДПМНЕ, кои неодамна најави дека бараат внатрешни промени, не се откажуваат и полека го придобиваат членството на своја страна. Нивната замисла за промени во ВМРО не е само персонална туку подразбира целосна промена на начинот на кој се носат одлуките за поголема внатрепартиска демократија.

dobivaj vesti na viber

„Мора да се излезе јавно со цел да ја разбудиме свеста кај членовите дека ВМРО-ДПМНЕ по 11 години власт се наоѓа во исклучителна незавидна позиција, дека партијата оди во опозиција и покрај тоа што победи на изборите, а дополнително е целосно меѓународно изолирана со тенденција доколку не се направат соодветните реформи за демократизација, да се сведе на декор-партија на македонската политичка сцена“, вели Александар Михајлоски, еден од предводниците на Републичкиот штаб за реформи во интервју за „Фактор“.

На прашањето зошто токму сега повеле иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Михајлоски вели: „На прес-конференцијата на која го објавивме формирањето на Републичкиот штаб за демократски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, ние посебно истакнавме дека се работи за внатрепартиска иницијатива за демократизација на партијата. Оваа иницијатива е покрената од членови активисти на ВМРО-ДПМНЕ, кои подолг временски период не се согласуваат со начинот на раководење на партијата, но поради кризата во која  се најде партијата со објавување на т.н. „бомби“, сметавме дека излегувањето во јавност пред одржувањето на парламентарните избори 2016 година би можело да се искористи од страна на други политички субјекти за да се ослаби позицијата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите. Во таа смисла, ние активно учествувавме на изборите, партијата освои 51 пратеничко место, а, сепак, не успеа да формира парламенетарно мнозинство и по 11 години на власт премина во опозиција. Од наша страна причекавме да видиме дали во органите на партијата ќе се отвори сериозна дискусија за тоа кои се причините поради кои партијата не успеа да формира влада, но наместо дискусија, ние добивме најави за внатрепартиски кадровски „освежувања“, а како дополнителен товар и меѓународна изолација. Во тој момент почувствувавме дека мора да се излезе јавно со цел да ја разбудиме свеста кај членовите дека ВМРО-ДПМНЕ по 11 години власт се наоѓа во исклучителна незавидна позиција, дека партијата оди во опозиција и покрај тоа што победи на изборите, а дополнително е целосно меѓународно изолирана со тенденција доколку не се направат соодветните реформи за демократизација, да се сведе на декор-партија на македонската политичка сцена. Сакам да нагласам дека реториката на барање надворешен непријател во лицето на меѓународната заедница е целосно неприфатлив за нас, но и за поширокото членство на партијата. Тезите дека некој од надвор се мешал во внатрешните работи на државата само дополнително ја комплицираат меѓународната позиција на ВМРО и не придонесуваат кон реформите за демократизација. Напротив, ВМРО доколку продолжи по овој курс, за кратко време ќе се соочи со дополнителна маргинализација на внатрешен и надворешен план“.

Дали, покрај реформите во начинот на кој се раководи со партијата, ќе поднесете и иницијатива за смена на лидерот Никола Груевски, и дали гледате негов потенцијален наследник?

Михајлоски: Нашата иницијатива е за суштинска демократизација на партијата. Притоа сè уште не сме размислувале на потенцијален наследник, ниту за потенцијални имиња во партиските органи и тела. Многу е важно да се истакне дека ние не сакаме и нема да одиме со лична дисквалификација кон ниту еден член на партијата. Конечно, реформите мора да ги прифатиме сите ние и да ги спроведеме заеднички, а со цел да не се дозволи раслојување на членството, формирање нови фракции или нови партии.

Ќе повторам, ние не се бориме за персонални реформи, ние бараме суштински реформи кои ќе резултираат со возобновување на десно-центристичката идеологија и воспоставување  нови партиски стандарди, излегување од меѓународна изолација и победа на следните избори. Убеден сум дека 90% од членовите на Извршниот комитет и Централниот комитет ја разбираат потребата од реформи и ќе ги подржат претстојните реформи. Во овој момент многу од нив тајно ни пристапуваат со цел да се запознаат попрецизно со нашите идеи за начините на кои би се реформирала партијата, но, за жал, сè уште кај дел од нив постои разбирлив страв од неизвесност. Но, нека се присетат само каков страв од неизвесност имавме сите ние заедно кога Љубчо Георгиевски го напушти кормилото на партијата и Никола Груевски стана новиот лидер на ВМРО. Тогаш никој, па дури ни сегашните негови најблиски соработници не веруваа дека е можно повторно да дојдеме во позиција да формираме влада. Но, тоа, сепак, се случи за неполни 3 години.

Ова е посебна пригода, 27-годишнина од основањето на нашата света партија ВМРО-ДПМНЕ, па би сакал јавно да им порачам на сите добронамерни членови, но и на оние кои сè уште се двоумат дека времето за реформи е дојдено и тие реформи мора да ги направиме сите заедно. Мора заеднички да го позиционираме ВМРО како носечки столб на самостојна и независна Република Македонија, почитувана од соседите и целата меѓународна заедница, дел од евро – атлантските структури, со развиено стопанство и слободна економија. Држава на рамноправни граѓани, еднакви пред законот.

Откако го формиравте Републичкиот штаб веднаш пристигнаа голем број критики од повеќе членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ве нарекуваат профитери кои добро заработиле благодарение на партијата, а дека штом ви секнале изворите на пари сте го кренале гласот?

Михајлоски: Во моментот кога одлучивме да ја покренеме иницијатива сите бевме свесни дека ќе наидеме на критика од страна на дел од раководството, кое директно или индиректно учествувало во доведување на партијата во оваа позиција. Тие сакаат да нема полемика, да не се говори на темата, сите да молчиме, па во таа смисла, тие одлучија да ја применат стратегијата „уби го гласникот, без да ја отвориш пораката“. Ние нема да дозволиме да ја сменат темата, нема да се вклучиме во тие меѓусебни дисквалификации кои само носат штета на имиџот на ВМРО-ДПМНЕ. Внатре во партијата членовите добро знаат дека иницијативата е покрената од долгогодишни членови во партијата, кои сме имале голем придонес во победите на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година па до денеска. Без разлика на личните дисквалификации, етикети, шиканирања, закани и уцени, ние ќе продолжиме затоа што искрено веруваме дека со прифаќање на нашата иницијатива партијата ќе може да се прероди како модерна и демократска партија. Верувајте дека од нашите средби на терен 90 отсто од членовите ја поддржуваат нашата иницијатива, но поради наметнатиот страв, во овој момент само одреден процент се подготвени јавно да излезат. Ние говориме во нивно име и тој процент секој ден сè повеќе и повеќе ќе се зголемува, членовите ќе се охрабрат и јавно ќе се говори во сите форуми на партијата.

За нас е разбирлив анимозитетот што се јавува кај некои членови на раководството на партијата, кои преку инсинуации, етикетирања, омаловажувања и невистини  сакаат да нè дискредитираат и да ја загушат идејата за реформи. Со сите нив сме лични пријатели и долгогодишни партиски другари. На нив би им порачал дека нема потреба од зли мисли и пизма и дека ние ни во иднина нема да возвратиме на ниските и недостоинствени удари и омаловажувања и ќе продолжиме преку затворени и јавни дебати да ги убедиме во потребите за реформи. И ќе ги убедиме во тоа, сигурен сум.

Дали ќе се согласите дека ВМРО-ДПМНЕ е една од најзатворените партии во Република Македонија, ставот за сите прашања и политики е монолитен,  јавноста речиси не знае дали воопшто постои простор за дебата во партијата?

Михајлоски: Токму затоа ја покренавме иницијативата, за да го смениме начинот на функционирање на партијата. Ние сакаме партија на силни индивидуи во која секој ќе може во сите форуми на партијата јавно да ги искаже својот став, критика, несогласување со одредна политика.

Ние, всушност, се доведовме во оваа ситуација токму поради неовозможување, па ако сакате и загушување на секоја јавна критика, на непостоењето на дебата, на непочитувањето на одредени ставови на поединци, кои со текот на времето се покажаа правилни и издржани. Да ве потсетам на кратко дека ние ги испочитувавме сите ставови на лидерот во време на 3-годишната криза, иако не се согласувавме со повеќето од нив. Но, за да не ја разгоруваме и така тензичната политичка состојба, не баравме партиски реформи.

Сега, по 3-годишна тешка политичка криза, во која во одреден момент беше ставена во залог и државноста на Р Македонија, кога поделеноста во граѓанското ткиво е неподнослива, кога комуникација помеѓу политичките субјекти е сведена на меѓусебни тешки навреди и омаловажувања, никој повеќе не може да ја оспори потребата од реформи во ВМРО, по кои ќе се добие нова енергија, а позициите на внатрешен и надворешен план ќе бидат значително подобрени.

Кои ќе бидат следните конкретни чекори на Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, имате ли поддршка од поширокото членство?

Михајлоски: Ние имаме конкретен план во четири чекори за суштинските реформи во партијата. Првиот чекор е демократизација на партијата, што значи менување на статутот на партијата, со напуштање на централизмот и назначување на функционерите од страна на централата, и со воведување  тајни и непосредни избори од страна на членовите. На тој начин, врз основа на принципите за недискриминација по етничка и верска припадност, ќе се отвори еднаква шанса за секој член да биде избран за некоја партиска функција и легитимитетот органите ќе го црпат од членовите. Исто така, ќе предложиме со неспоивост на функции и јасно дефинирање на одговорностите на партиските функционери. Ваквите промени во статутот ќе бидат предуслов за вториот чекор, а тоа е генерален реизбор на сите партиски органи на тајни и непосредни избори со што ќе се овозможи обединување на сите луѓе со вмровска иделогија внатре во партијата. Третиот чекор ќе биде промена на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, преку промовирање на конзервативна десно-центристичка идеологија во која семејството и семејните вредности ќе го заземат вистинското место во опшеството. Ќе бидеме конструктивна опозиција и ќе се залагаме за олабавување на меѓупартиските стеги и недорабирања, преку намалување на политичките тензии бидејќи, сепак, СДСМ е наш политички противник, а не наш политички непријател. Четвртиот чекор ќе биде деизолација на партијата, како внатрешна, така и надворешна со што партијата ќе биде фактор за стабилизација во Македонија.

ФРОДЕМ посочи дека ја поддржува вашата иницијатива ако е таа навистина чесна и искрена и смета дека тие веќе претходно подготвиле програма за реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Дали би соработувале со нив и каков е ставот кон ФРОДЕМ?

Михајлоски: Како што кажав, ние сме внатрепартиска иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ. Ние не сме различна партија, ниту размислуваме да бидеме. Сите ние кои сме дел од оваа иницијатива сме долгогодишни членови на партијата, од кои некои со повеќе од 20 години партиски стаж, така што подметнувањата дека ќе сме оформеле некој нов политички субјект се целосно неточни. ВМРО не може и нема да биде реформирана од надвор. ВМРО мора и ќе биде реформирана согласно внатрепартиските одредби, на демократски и достоинствен начин.

Добар дел од членовите на раководството на ВМРО-ДПМНЕ се или под истрага или под обвинение на СЈО. Дали тоа ќе значи дека повеќе кадри против кои се водат ваков вид постапки нема да бидат дел од партиските раководни органи?

Михајлоски: Нашата иницијатива не е насочена за некого или против некого, ние не се залагаме за промена на двајца, дваесет или двеста функционери со други, ние говориме за  суштински и темелни реформи на начинот на носење на политиките во партијата и начинот на избор на органите и нивната одговорност. Ние сметаме дека со демократизација на партијата ќе ги обединиме сите луѓе со вмровска провиниенција да дејствуваат внатре во партијата, затоа што ќе се отвори можност секој да биде активен чинител. Ние сме убедени дека тоа е единствениот пат за ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е веќе во опозиција, кој е вашиот став за идното делување, може ли партијата да покаже конструктивност во државните институции и да придонесе за побрзо носење на неопходните реформи на Република Македонија?

Михајлоски: Ние сме убедени дека нашата иницијатива ќе успее затоа што истата има широка поддршка кај членовите и во јавноста. По суштинските реформи во ВМРО-ДПМНЕ ве уверувам дека партијата активно и конструктивно ќе учествува во политичкиот живот во Република Македонија. Република Македонија има голем човечки потенцијал. Луѓето во Македонија се вредни и чесни. Како нација предолго време енергијата ја губиме во меѓу партиски обвинувања, подметнувања, шиканирања и етикетирања. Време е сите енергијата да ја насочиме кон решавање на проблемите на граѓаните. Политиката мора да ја направиме да биде на маргините на општеството и да не биде егзистенацијално прашање за илјадници граѓани. Да се најде консензус за стратешките прашања помеѓу сите политички партии и да престанеме да се делиме по партиска основа.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2080 избирачки места за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ2 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија2 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ2 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...

Свет3 часа

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и...

Македонија4 часа

Почна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет4 часа

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет4 часа

„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината неколку месеци по признавањето дека има несакани ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откога пред судот во Лондон призна...

Свет4 часа

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...

Свет4 часа

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски. „На денот на...

Топ18 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија19 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија22 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија23 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет1 ден

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија1 ден

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија1 ден

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија1 ден

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...