Daily news
„Националните интереси“ – главна тема на денешната собраниска седница
По петнаесетминутната пауза, собраниската говорница повторно беше „мегдан“ за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, од каде упатуваат апели, говорат за протестите и Тиранската платформа. Пратениците ги цитираат и своите колеги од други партии, се навраќаат на историјата, а повикувањето на нови избори, на ист трошок со локалните е еден од повиците кои се повторуваат дванаесет дена.
„Ние веќе четири месеци го чекаме да го признае поразот од 11 декември. Ахмети вели поголемото мнозинство македонци гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, а можеби ова е клучниот проблем. По дванаесет дена е многу јасно, дека уцената понудена од албанските политички партии е прифатена од СДСМ, а таа ќе биде на товар на активистите на СДСМ“, вели Драган Данев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
„Намерата некој пост-изборно да предложи платформа, за редефинирање на Македонија не е коректно. Тој документ нема да ги реши проблемите на Албанците. Тој документ може да наштети на сите други националности, со што ќе се направи поголем јаз во општеството“, рече Трајче Димков од собраниската говорница.
Нада Душева од ВМРО-ДПМНЕ објасни каква важност има Комисијата која треба да биде избрана на конститутивната седница. Таа се пожали дека СДСМ не ги слушале апелите за дебата, а ситуацијата на улиците била сериозна.
Пратеникот Драган Цуклев, од ВМРО-ДПМНЕ говореше за случувањата и ветувањата во 2002 година на СДСМ и тогашниот претседател Бранко Црвенковски, а дека граѓаните се фатиле на таа мамка. Таквата пракса ја продолжи и Ане Лашковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.
„Не е срамно ако умреме сите до еден, срам е ако умреме без нашето име. Има многу прашања од граѓаните кои се на улиците во Прилеп. Порака од сите националности е дека сите припаѓаат на една политичка партија, а тоа е Македонија. Не смее да заборавиме дека Прилеп е град кој дал многу жртви за едиствена Македонија, за Македонија со свои грб и знаме“, вели Ане Лашковска.
Владанка Авировиќ вели дека најголем проблем би било апсорвирање на сето она што секој ден луѓето го кажувале на улиците. Авировиќ посочи дека пратениците во парламентот мора да одговори на сите прашања кои се поставуваат на протестите низ Македонија, бидејќи тие имаат голема акумулација на бес. Праша дали гласачите на ВМРО-ДПМНЕ знаеле дека министерот Јолевски издава весник на албански јазик. Тој побара од Вељановски да го почитува член 78 став 2 од Деловникот на Собранието.
„До недоглед го кршите деловникот на Собранието и дозволувате со ноторни лаги и конструкции да ја лажете македонската јавност и тоа го правите 12 години во континуитет. Како може да барате од нас да го почитуваме вашето мислење и да зборуваме на рамноправна основа? Зборувам за лаги и конструкции, но главниот збор тука е лицемерие“, вели Хари Локвенец од СДСМ.
Седницата продолжува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.