Daily news
Промовиран дигитализираниот филмски опус на Бранко Гапо

Денеска во Кинотеката на Македонија во Скопје беа презентирани и промовирани дигитализираниот филмски опус и ДВД-изданието на еден од доајените на македонската кинематографија, режисерот Бранко Гапо.
Во рамките на македонската кинематографија, Бранко Гапо создава богат филмски опус со исклучително широк спектар на теми и хронотопи, достоинствено промовирајќи ја македонската кинематографија на речиси сите континенти во светот. Проектот за дигитализација на режисерскиот опус на доајенот на македонската кинематографија, Бранко Гапо, ги опфаќа играните филмови „Денови на искушение“, „Време без војна“, „Истрел“, „Најдолгиот пат“, „Време, води“ и „Македонска сага“.
Целта на овој настан беше да се промовираат процесите на дигиталната реставрација на аудиовизуелното наследство на Република Македонија, како и претставување на улогата на Управата за заштита на културното наследство во заштитата на аудиовизуелното наследство. На свечената промоција беа прикажани видеоинсерти од дигитално реставрираните филмови на Бранко Гапо по што следуваше обраќање на директорот на Кинотеката на Македонија, Владимир Ангелов, со осврт на животот и исклучително богатиот опус на Бранко Гапо, кој е стожер во македонската кинематографија.
„Во Европската година на заштита на културно наследство дигитализацијата на играниот опус и ова ДВД-издание остануваат траен документ вреден за чување во сечија домашна филмотека, филмско наследство на кое можеме да се навраќаме и да го прегледуваме. Оттаму, долгорочниот проект на Кинотеката на Македонија што се однесува на дигиталната реставрација и дигитализација на дела од македонската кинематографија има свое оправдување и ја постигнува својата цел – вреднување и достапност на националните културни добра“, рече Ангелов.
Понатаму, следуваше обраќање на директорката на Управата за заштита на културното наследство, Елеонора Петрова-Митевска, која посочи дека заштитата на аудиовизуелните добра на национално ниво е уредена со посебни законски и подзаконски акти, кои се тесно поврзани со меѓународните препораки и конвенции за заштита на аудиовизуелните добра, со кои се регулираат правните, административните, техничките и општите принципи и мерки за зачувување на националниот фонд на подвижните слики.
На настанот свое обраќање имаше и министерот за култура во Владата на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, кој истакна дека Министерството за култура по својата улога и функција и во соработка со Кинотеката на Македонија и другите сродни институции континуирано ги поддржува, инспирира и помага како истражувањето, архивирањето, реставрацијата и конзервацијата така и презентацијата и дистрибуцијата на нашето постојно културно наследство во секоја форма. Токму во насока на зачувување на националната меморија Министерството за култура застана зад долгорочниот проект на Кинотеката на Македонија – „Дигитализација и дигитална реставрација на аудиовизуелното наследство“, кој започна во 2011 година, а кој, според министерот Алаѓозовски, ќе продолжи со реализација и во иднина.
Уште повеќе, министерот нагласи и дека една од стратешките насоки од националната стратегија за развој на културата за периодот за 2018-2022 е и основање центар за дигитализација во рамките на филмскиот архив на Кинотеката на Македонија.
По излагањето на говорниците, следуваше презентација за процесот на дигитална реставрација и изготвувањето на ДВД-изданието за Бранко Гапо од страна на Игор Старделов, а на крајот беше прикажан еден од дигитално реставрираните филмови на Гапо, играниот филм ,,Македонска сага“, кој е последен долгометражен игран филм на Гапо, а негов прв филм во независна Македонија, произведен во 1993 година, во копродукција на независната продуцентска куќа „ТФРЗ Пегаз“ и државната продуцентска куќа „Вардар филм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.