Контакт

Daily news

Професионален спасувач прашува: Зошто не се применети процедурите за спасување на Кајмакчалан?

Објавено пред

Зошто не се применети процедурите за спасување и извлекување на загубени/исчезнати лица на Кајмакчалан, со цел да се спасат животите на двајцата млади планинари Калина Велевска и Александар Миновски. Врз основа на информациите кои излегоа во јавноста, доколку не информираа на време, имаше доволно простор да стигнеме до Кајмакчалан да ги лоцираме и да ги спасиме Калина и Александар. За жал тоа не се случи. Или доколку имаше барем едно стручно лице таму, ќе беше доволно некој да им побара ГПС координати, со два клика на кој било мобилен телефон и веднаш ќе знајеа каде точно се наоѓаат. За жал и ова никој не го направил, вели за „Макфакс“, професионалниот спасувач Дарио Милошевиќ, раководител на Планинска спасителна служба (ПСС).

dobivaj vesti na viber

Две недели по спасувачките акции на планината Шара кога беа пронајдени исчезнатите француски, косовски и македонски државјани, Планинска спасителна служба (ПСС) објави видео и детални извештај за целата акција која се одвивала во особено тешки зимски услови. Раководителот на спасителната служба, Дарио Милошевиќ кој учествувал на повеќе од 700 интервенции во македонските планини и ски центри, укажува дека со лоцирање на нивните мобилни телефони, со сателитски снимки и ГПС уред во екстремно тешки услови како густа магла, силен ветар, ноќ, и ниски темпаратури, на тежок терен со амбиси и многу карпи, успешно се пронајдени и спасени странските туристи. Тој прашува зошто процедурите кои биле преземени на Шар Планина, не биле преземени на Кајмакчалан со цел да се спасат животите на Калина Велевска и Александар Миноски, чии тела беа пронајдени премрзнати на 11 февруари годинава, и покрај тоа  што настраданите имале мобилни и комуникација со нив, која се одржувала најмалку 5 часа.

Dario Miloshevik

„Го знам одговорот, но ќе ги оставам институциите малку повеќе да се позанимаваат со ова и конечно (се надевам) да согледаат дека проблемот почнува од катастрофалната организација токму кај нив, па дури потоа нагоре или надолу“, вели Милошевиќ за „Макфакс“ и додава: „Според проценките имало сосема доволно време да бидат спасени, само доколку се следеле неколку основни процедури за спасување и извлекување на загубени/исчезнати лица. Одговорот на моето прашање се наоѓа во текстот за двете акции. Процедурите се таму објаснети со детали. Особено околу искористување на телекомуникациите при спасителни акции“.

Во извештајот кој што го објави Милошевиќ и Планинската спасителна служба (ПСС) во врска со настаните од 10 и 11 февруари годинава, се изнесуваат детали за двете акции кои беа спроведени на Шар планина за спасување на загубени/исчезнати лица. Во овие случувања директно инволвирани беа двајца француски, двајца косовски и четворица македонски државјани.

Во саботата на 10 февруари, во 15.30 часот, ПСС добила дојава од страна на полицијата дека се исчезнати двајца француски државјани во регионот на Шар Планина. „Нашиот тим веднаш се упати во локалната ПС заради прибирање на дополнителни информации. За жал тие беа многу оскудни. Сé што добивме беше дека лицата се заминати утрината, дека се странци, дека нема никаков контакт со нив и дека има некакава дојава дека се наоѓаат кај некаква карпа на која пишува Б92 (за која за жал никој не можеше да даде информација каде и во кој регион се наоѓа) . Од страна на ПСС веднаш веднаш беше побарано од полицијата да поднесе барање до мобилните оператори да почнат со потрага по каков било сигнал (преку локалните предаватели) на еден од телефоните на еден од исчезнатите, кој ни беше испратен од негов пријател во Куманово“, се вели во извештајот.

Во меѓувреме од Француската амбасада во Скопје пристигнала некаква фотографија од сателитска снимка на која била усликана една позиција, а подоцна оваа фотографија ќе се покаже како клучна за пронаоѓањето и среќниот крај на исчезнатите лица. „Фотографија беше внимателно разгледана од стана на нашиот тим, беа извлечени приближни координати и истите беа префрлени во ГПС уред, по што под претпоставка дека ова е локацијата на загубените, веднаш се пристапи на мобилизација на целиот тим и обезбедување дополнителни сили за изведба на ваква комплексна акција. На наша среќа, на повикот веднаш одговорија членовите на приватната компанија Eskimo Freeride (приватна компанија од Р.Хрватска која се занимава со транспорт на клиенти на терени за скијање вон патеките и истата поседува неколку ратрака) кои исто така веќе имаа некаква информација и во моментот на нашето јавување веќе вршеа подготовки за поаѓање. Од овој момент, започна координирана акција меѓу нашите две компании за пронаоѓање на исчезнатите француски државјани“, се додава во извештајот.

Тимот на ПСС и ратраците на Ескимо фрирајд се упатиле во правец на координатите кои ги имале, а за тоа време ратрак на ски-центарот со стручно лице и еден спасител од ПСС биле на пропомош, во случај нешто да се случи со првиот тим кој излегол на терен.

„Потрагата започна околу 16.20 часот во екстремно тешки услови: густа магла, силен ветар, ноќ, и ниски темпаратури. Видливоста беше речиси нула и по овие услови дури и двата искусни тима имаа проблем да се ориентираат дури и според ГПС уреди, особено заради тешкиот терен со амбиси и многу карпи. Според меѓусебниот договор, и знаејќи дека теренот од кои се координатите е исклучително тежок за комплетен пристап, се направи план да се пристапи најблиску што е можно до локацијата, а од таму да се продолжи со потрага пеш и со повикување. Ова беше во целост спроведено и по неколку неуспешни обиди поради лошиот терен и слабата видливост, сепак успеавме да најдеме безбедна рута и да се приближиме најблиску што е можно до двете лица, по што веднаш ги слушнавме нивните повици за помош.  Пронаоѓањето беше во 18 часот Лицата веднаш беа згрижени, беа извршени прегледи на нивната состојба и беше констатирано дека и двајцата, лицето Б.Г. на 21 година и Б.Н. на 25 години се во добра психофизичка состојба, по што беше отидено на местото каде лицата пробувале да се засолнат“, објаснува Милошевиќ во извештајот.

Притоа биле утврдени следните факти: Двајцата другари утрината пристигнале во ски центарот Попова Шапка, виделе некаква апликација на интеренет на која постоела некаква маркација и покрај тоа што временските услови беа катастрофални, ги занемариле основните правила за планинарење и се упатиле во длабочината на планината. Биле облечени во слаба/несоодветна облека (дуксери, тенки јакни, тенки ракавици и изнајмени панталони), се загубиле веќе по половина час откако започнале со турата. По повеќе часовно лутање низ планината, сфатиле дека нема да можат самите да се извлечат од таму и дека ќе мора да побараат помош, но за нивна несреќа и двата мобилни телефони кои ги поседувале веќе биле со празни батерии поради ниските темпаратури. Тоа што го направиле во наредните неколку минути (пред да падне ноќта) и во наредните два часа потоа со сигурност ги спасило од сигурна смрт во текот на ноќта.
Едниот од нив ја извадил батеријата од мобилниот телефон и ја загревал на препоната додека не добил 1% енергија што било доволно да го отворат ГПС уредот, да ја усликаат својата позиција и да ја испратат таа фотографија со текст камен Б92 на свој пријател во Куманово. Во овој момент и последниот телефон замрел. За среќа нивниот пријател веднаш сфатил дека нешто не е во ред и ја алармирал француската амбасада во Скопје, која пак го пријавила случајот до полицијата, а таа ја проследила информацијата до спасителите.

Тие во наредните неколку часа направиле уште неколку паметни постапки и донеле одлуки кои се од огромно значење за успехот на оваа спасителна акција. Прво одлучиле да не ја менуваат локацијата по ни една цена и да бидат активни по времето додека чекале за да ја одржат својата телесна темпаратура. Се заштитиле од директните налети на ветрот позади карпата и почнале да копаат бивак во снегот со цел  колку-толку да се заштитат. Тие во 19 часот биле безбедно транспортирани во хотел на Попова Шапка каде беа згрижени, затоплени, добија топол оброк и престој во хотелот до следниот ден кога го напуштија ски центарот.

Спасителите биле повикани на помош и наредниот ден. Во неделата на 11 февруари околу 16 часот, било добиено известување од локален планински водач Методи Чилиманов за две загубени лица (косовски државјани). Спасител на ПСС воспоставува телефонски контакт и добива информација дека лицата се на три километри од селото Бродец, според информациите добиени од GPSот од нивниот телефон. Поради блискоста кон селото, тие биле советувани да се упатат кон него и во меѓувреме да известуваат што се случува. Неколку минути подоцна почнуваат да пристигаат информации за уште 4 загубени лица (скијачи и бордери) кои стартувале со скијање од врвот на жичарата Церепашина и кои исто така не знаат каде се наоѓаат. По кратка истрага и остварен контакт преку водичот во планина, ПСС доаѓа до информации дека загубените се споиле во една група, според новите ГПС координати се наоѓаат на маркирана патека високо помеѓу селата Бродец и Шипковица и сите се во добра психофизичка состојба, по што се советувани да продолжат да се движат по истата маркација која води над село Шипковица и во правец на главниот пат Тетово – Попова Шапка, со цел да излезат на истиот и од таму да бидат превземени.

По ова се губи контактот со групата и околу 17.30 часот локален жител се упатува со моторна санка во спротивна насока по истата патека со намера да ги пресретне загубените, но овој обид останува неуспешен, по што станува јасно дека исчезнатите не се движат по зацртаната рута. Во 18, ПСС почнува да мобилизира дополнителни сили за подготовка на акција за загубени/ исчезнати лица. Повикани се: целиот тим на ПСС, локалните планински водачи, искусни планинари од ПК Љуботен-Тетово, претставници на МВР, Противпожарната служба од Тетово и неколку лица од управата на хотел „Скардус“.

„Неколку членови на екипата на Eskimo Freeride со свои два приватни ратраци веднаш се упатија во правец во кој самите верувале дека ќе ги најдат изгубените, по добивање информации за случајот, иако беа советувани да почекаат точни информации и координација со цел поефикасно и побезбедно делување.
ПСС успеа повторно да воспостави контакт со групата, да ги обезбеди нивните точни координати и да ги советува да останат на истата позиција, сé до пристигањето на спасителните екипи. Тие ни потврдија дека ги разбрале нашите упатства и дека сите се во добра состојба. Вработен од Противпожарната служба кој е локален жител, по преглед на последните координати на карта, потврди дека точно знае каде се наоѓа локацијата. Веднаш по ова беше направен краток договор, екипите излегоа не терен и се упатија кон местото на кое беа шесте загубени лица“, се вели во деталниот извештај.

Екипите се упатиле кон групите околу 19часот. Полицијата според наводите на локалниот жител со моторни санки се упатиле кон групата, а членовите од останатите субјекти со приватен ратрак на хотел “Скардус“ ги следеле со подготвен план за спасување и евакуација. По околу половина час, спасителите добиле информација дека полицијата стигнала до групата загубени и дека сите се добри. Од таму, со моторни санки, на неколку пати се префрлени до ратрак на Eskimo Freeride, кој поради густата шума немал услови да дојде до изгубените. По ова групата за спасување се упатила назад кон ски центарот.

„По пат за назад ратракот на Eskimo Freeride претрпел оштетување, поради кое истиот не можел да стигне до локацијата на другиот. Целата група од расипаниот ратрак пешки се упатиле кон вториот ратрак, кој поради габаритите не можел да стигне до првиот. За цело ова време се одржува комуникација меѓу групата за спасување и групата со изгубените, со цел да безбедно пристигнување и евентуална помош. Откако безбедно пристигаат до вториот ратрак на Eskimo Freeride, сите заедно се упатуваат кон ски центарот, каде групата пристигна во хотел Тетекс околу 21 часот“, се објаснува во извештајот.

Според исказите на изгубените се работи за три различни групи кои почнале да скијаат од врвот на жичарата „Церепашина“, при што во услови на густа магла набрзо изгубиле ориентација и следејќи некаква трага од скии (најверојатно од првиот скијач) се упатиле во непознат правец. Подоцна овие три групи се споиле во една, кога и станало јасно дека истите се загубени.

„Настаните на Шар Планина и начинот на кој се понесовме со нив, докажуват дека во Македонија има капацитет и луѓе кои се подготвени да се справуваат со овакви кризи (за разлика од капацитетот на некои наши институции). Жално е што и покрај сите наши долгогодишни напори, државата сèуште не најде за сходно да ги инволвира вистинските професионалци (кои повеќе нема да ги најдете ниту во Федерацијата на планинарски спортови) и во земја во која 74% од територијата се планини конечно да дозволи и да поддржи формирање на професионална планинска сласителна служба. Во меѓувреме некои луѓе замаат плата за оваа работа, притоа седејќи во своите топли канцеларии без ниту еден ден обука или искуство на терен“, вели на крајот на својот извештај раководителот на  Планинска спасителна служба (ПСС), Дарио Милошевиќ.

Даниела Трпчевска



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија5 часа

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт5 часа

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија5 часа

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет6 часа

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...

Регион7 часа

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до...

Свет7 часа

САД и ЕУ постигнаа договор за царините

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа рамковен трговски договор, објавија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија,...

Македонија15 часа

Паника во Катланово и Петровец поради голем пожар, Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската

Попладново пожар изби и помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава...

Македонија18 часа

И војниците на АРМ ќе се вклучат во гаснење на пожарот во кривопаланечкото село Нерав

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка...

Топ20 часа

Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека...

Македонија21 час

Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор

До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор,...

Македонија23 часа

Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата,...

Македонија1 ден

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина...

Uncategorized1 ден

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион1 ден

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија1 ден

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...

Свет2 дена

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија2 дена

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија2 дена

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет2 дена

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...