Daily news
Ќе има ли разврска на собраниската блокада по велигденските празници?!
Неопходно е брзо да се реагира и да се најде решение кое би ја облокирало конститутивната собраниска седница, смета дел од стручната јавност.
Во овие услови кога на листата има пријавено над 50 пратеници, а исцрпена е дискусијата само за 5 , постои опаснот расправата по отворената точка да трае и со месеци, при што државата ќе влезе во длабока институционална криза, смета професорот по Уставно право Светомир Шкариќ.Според него и Уставот и Деловникот даваат можност да се прекине дебатата и да се избере Претседател, но на тоа мора да инсистира парламентатното мнозинство.
„СДСМ даде предлог , повикувајќи се на член 78 од Деловникот ,а тој предлог го подржаа и коалиционите партнери.Оваа иницијатива е во рамките на законот, сосема е легитимна и мнозинството треба да инсистира таа да помине.Се знае мнозинството е тоа што одлучува во Парламентот, а тоа ја има и одговорноста пред јавноста.Сметам дека овој проблем треба да се надмине без посредствто на меѓународниот фактор, затоа што во спротивно би имале враќање на процесот назад со повоторно седнување на маса и создавање на нов политички договр, да кажеме Пржино 3, смета професорот Шкариќ.
Од друга страна аналитичарот Александар Даштевски вели дека блокадата не може да се прекине без седнување на маса на сите политички партии и носење на ново решение.Според него сепак, крајното решение би требало да биде нови парламентарни избори, затоа што со ваков распоред на силите Парламентот не може да функционира на долг рок.
„Сите прашања треба да се стават на маса за нив да се зборува отворено.Покрај парламентарните партии треба да бидат вклучени и останатите етнички заедници.Блокадата како што ја нарекувате е токму последница на нетранспарентно внесување во Собранието на платформа која не ја прифаќаат голем дел од граѓаните.Оваа мнозинство не е стабилно, еве на пример Беса не го подржува предлогот за Претседател,а со ваков распоред на силите нема да може да помине ниту еден евроинтеграциски закон, за кој се бара 2/3 мнозинство, вели Даштевски.
Професорот Осман Кадриу по уставно право, смета дека парламентарното мнозинство е најповикано да најде начин како да се деблокира Собранието и да заврши конститутивната седница.Тој вели дека законот дозволува да се прекине расправата и да се премине на избор на Претседател.
„Знаете во оваа ситација нема многу опции кои даваат можности за маневри.Но, една од нив е самоиницијативно мнозинството да избере Претседател и за ова постои уставна база.Во услови кога претседавачот ја злоупотребува положбата, мнозинството може да го назначи најстариот пратеник да преседава со седницата и истата да ја приведе при крај.Не треба да има никава бојазност, затоа што институциите на системот, треба да овозможат непречена работа на пратениците доколку постојат одредени закани , за немири дури и физички напади, вели професорот Кадриу.
Инаку рабоатата на конститутивната седница е сопрена на третата точка за верификување на мандатот на Комисијата за избори и менувања.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со реплики и контра реплики веќе 14 седници зборуваат на собраниската говорница оклу истата теза,односно дека не треба да се офрли декларацијата на албанските партии.Пратениците од СДСМ, пак побараа да се прекине распарвата и да се премине на точката за избор на Претседател.Сепак, претседавачот Трајко Вељановски не дозволи, неколку пати повторувајќи дека оваа барање не е деловничко.Зад предлогот на СДСМ застанаа ДУИ и Алијанса на Албанците.крај/мф/гд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.